Антарктичка конвергенција

Антарктичка конвергенција или Антарктички поларен фронт — морски појас што го опкружува Антарктикот, со различна сезонска ширина, каде што студените води на Антарктикот што течат кон север се среќаваат со релативно потоплите води на под-нтарктикот. Водите на Антарктикот претежно тонат под потоплите задантарктички води, додека придружните зони на мешање и издигнување создаваат зона со многу висока морска продуктивност, особено за антарктичкиот крил.

Антарктичка конвергенција

Оваа линија, како и арктичкиот дрворед, е природна граница наместо вештачка, како што се границите на нациите и часовните појаси. Тоа не само што одвојува два хидролошки региони, туку и одделува области со карактеристичен морски живот и клима.

Арктикот нема слична граница поради големите копнени тела блиски со севернополарниот регион.

Историја уреди

Антарктичка конвергенција првпат ја преминал Антони де ла Роше во 1675 година, и ја опишал Едмонд Халеј во 1700 година

Местоположба уреди

Антарктичка конвергенција е зона приближно 32 до 48 километри широка, со различна географска ширина сезонски и во различни должини, која се протега преку Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан помеѓу 48-та и 61-та паралела на јужната географска ширина. Иако северната граница варира, за целите на Конвенцијата за зачувување на морските живи ресурси на Антарктикот од 1980 година, таа е дефинирана како „50°S, 0°; 50°S, 30°E; 45°S, 30°E; 45°S, 80°E; 55°S, 80°E; 55°S, 150°E; 60°S, 150°E; 60°S, 50°W; 50°S, 50°W; 50°S S, 0°." [1] Иако оваа зона е мобилна, таа обично не отстапува повеќе од половина степен географска ширина од нејзината средна положба. Прецизната местоположба на кое било дадено место и време е видлива со ненадејниот пад на температурата на морската вода од север кон југ од, во просек, 2.8 °C (5.0 °F) од 5.6 °C (42.1 °F) до под 2 °C (36 °F) .

Подантарктичките острови уреди

Острови кои лежат јужно од Конвергенцијата уреди

Северно од 60°С географска ширина уреди

Наводи уреди

  1. Convention on the Conservation of Antarctic Marine Living Resources 1980, Article 1(4).

Надворешни врски уреди