Расеани Острови

острови во Индискиот Океан во состав на Француските јужни и антарктички територии
Ова е објавената верзија, проверена на 18 септември 2023. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Расеани Острови (француски: Îles Éparses) или Расеани Острови во Индискиот Океан (Îles Éparses de l'océan Indien) — група од четири мали корални острови, еден атол и еден гребен во Индискиот Океан кои сочинуваат управна целина како V округ на Француските Јужни и Антарктички Земји почнувајќи од февруари 2007 г.[1] Островите никогаш не биле трајно населени. Два од нив (Хуан де Нова и Европа), како и атолот Басас да Индија се наоѓаат во Мозамбичкиот Проток западно од Мадагаскар; Тромлен лежи на 450 км источно од него, а групата Глорјез е на 200 км северозападно од истиот. Во протокот е сместен и гребенот Гејзер, кој е во француско владение, но оспорен од Мадагаскар од 1976 г. Франција и Коморите го сметаат Гејзер за дел од групата Глорјез.

Расеани Острови
во Индискиот Океан

Îles Éparses de l'océan Indien
Знаме
ГеслоСлобода, еднаквост, братство
ХимнаМарсеjеза
Карта на Расеаните Острови
Карта на Расеаните Острови
Карта на Расеаните Острови
Басас да Индија
Глорјез
Европа
Тромлен
Хуан да Нова

Островите се прогласени за природни резервати. Сите освен Басас да Индија имаат метеоролошки станици, од кои оние на Глорјез, Хуан де Нова и Европа се автоматски. Станицата на Тромлен прогнозира и предупредува од циклони кои му им закануваат на Мадагаскар, Реинион и Маврициус. Секој остров освен Басас да Индија и гребенот Гејзер, леталиште со писта подолга од 1000 м.

Маврициус, Коморите и Мадагаскар ја оспоруваат сувереноста на Франција врз овие острови. Маврициус го смета Томлен за свој, повикувајќи се на фактот што островот не е меѓу отстапените во Париски мировен договор од 1814 г., иако е првично откриен од Французите 1722 г. Мадагаскар полага сувереност врз Глорјез (со гребенот Гејзер), и покрај тоа што никогаш не бил дел од Малгашкиот Протекторат, туку колонија на Мајот и зависните територии, а потоа во состав на Француските Комори, и стекнале статус на посебна колонија дури во 1946 г. Коморите исто така полагаат право на Глорјез (со гребенот Гејзер) како дел од оспорениот регион Мајот. Мадагаскар се повикува на Хуан де Нова, Европа и Басас да Индија почнувајќи од 1972 г.[2] Сејшелите во минатото исто така полагале право на дел од Расеаните Острови, но овој спор е решен со Француско-сејшелската спогодба за морските граници.

Преглед

уреди
Остров Изворно име Површина
(км2)
Лагуна
(км2)
ИСП
(км2)
Координати
  Басас да Индија Bassas da India 7,49 75,5 123.700 21°27′S 39°45′E / 21.450° ЈГШ; 39.750° ИГД / -21.450; 39.750 (Басас да Индија)
  Глорјез 1 Îles Glorieuses 7 29,6 48.350 11°33′S 47°20′E / 11.550° ЈГШ; 47.333° ИГД / -11.550; 47.333 (Глорјез)
  Европа Île Europa 32,9 9 127.300 22°20′S 40°22′E / 22.333° ЈГШ; 40.367° ИГД / -22.333; 40.367 (Европа)
  Тромлен Île Tromelin 1 280.000 15°53′S 54°31′E / 15.883° ЈГШ; 54.517° ИГД / -15.883; 54.517 (Тромлен)
  Хуан де Нова Île Juan da Nova 4,8 61.050 17°03′S 42°45′E / 17.050° ЈГШ; 42.750° ИГД / -17.050; 42.750 (Хуан де Нова)
Вкупно 53,16 118,4 640.400  
Белешки
1 Го вклучува гребенот Гејзер (Banc du Geyser)

Список на сите острови

уреди

Управа

уреди

На 3 јануари 2005 г. островите се ставени во надлежност на вишиот управник на Француските Јужни и Антарктички Земји со седиште во Реинион. Претходно со нив управувал префектот на Реинион почнувајќи од осамостојувањето на Мадагаскар во 1960 г. На секој од островите во Мозамбичкиот Проток е сместен француски одред од по 14 војници, иако на овие острови полага право Мадагаскар. На Глорјез полагаат право Коморите, а на Тромлен се повикува Мавициус.

Франција полага право на исклучиви стопански појаси од 200 морски милји (370 км) околу секој од малите острови, кои заедно со појасите околу Реинион и Мајот опфаќаат преку милион квадратни километри во западниот Индиски Океан. Овие подрачја значително се поклопуваат со појасите на соседните држави.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Службена страница на Француските Јужни и Антарктички Земји (TAAF), архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-01-28. Посетено на 2010-02-20.
  2. Одлука на Африканскиот сојуз (англиски)

Надворешни врски

уреди