Физичко својство

(Пренасочено од Физичка особеност)

Физичко својство или физичка особина — секое својство кое е мерливо, чија вредност опишува состојба на физички систем.[1] промените во физичките својства на еден систем може да се употребат за да се опишат промените помеѓу мигновени состојби. Физичките својства се набљудливи, и не се модални. Секое уколичливо физичко својство се нарекува физичка величина.

Термичко ширење на некои гасови, течности и цврсти супстанции
Густината на готварската сол како функција на концентрацијата

Физичките својства можат да бидат интензивни (ненадополниви) и екстензивни (надополниви). Интензивното својство не зависи од големината или протежноста на системот, ниту од количеството на материја во предметот, додека пак екстензивното својство покажува надополнив однос. Ваквата поделба важи само во случаи кога помалите поделоци на примерокот не заемодејствуваат со некој физички или хемиски процес кога ќе стапат во допир со него.

Својствата можат да се поделат и во однос на насоченоста на нивната природа. На пример, изотропните својства не се менуваат со насоката на набљудување, додека анизотропните својства се одликуваат со просторно разликување.

Понекогаш е тешко да се одреди дали дадено својство е материјално. На пример, бојата може да е види и измери; меѓутоа, она што го восприемаме како боја вушност е толкување на одбивните својства на површината и светлината која упаѓа на неа. Во оваа смисла, ногу навидум физички својства се нарекуваат супервентни. Супервентно својство е она кое е вистинско, но споредно на некоја темелна стварност, како што предметите се супервентни на атомската структура. Чашката може да има физички својства како маса, облик, боја, температура итн., но овие својства се супервентни на атомската структура, која пак е супервентна на квантната структура.

Физичките својства се разликуваат од хемиските својства кои го определуваат поведението на материјалот при хемиска реакција.

Список на својства

уреди

Оние физички својства на предметите определени од класичната механика се нарекуваат механички својства. Други пошироки категории се електричните својства, оптичките, топлинските итн. Еве примери за физички својства:[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Mark, Burgin (27 октомври 2016). Theory Of Knowledge: Structures And Processes (англиски). World Scientific. ISBN 9789814522694. Архивирано од изворникот 2017-12-25.
  2. „Physical Properties“. Department of Chemistry - Elmhurst College. Архивирано од изворникот 19 ноември 2016. Посетено на 17 јануари 2017.

Библиографија

уреди

Надворешни врски

уреди