Блескавоста (луминанција) е фотометриска мерка за светлосна јачина по единица површина на светлина што се движи во извесна насока. Го опишува количеството на светлина што минува низ или излегува од дадена површина, и оди во извесен просторен агол. Во системот SI, единица за блескавост е кандела на квадратен метар (cd/m2). Истата единица вон SI се нарекува „нит“. Во системот СГС ова се изразува во единицата стилб, која е еднаква на една кандела на квадратен сантиметар или 10 kcd/m2.

Објаснување

уреди

Блескавоста е најзастапена за изразување на зрачењето на или одбивањето од рамни дифузни површини. Таа означува колку светлосна моќ ќе забележи едно човечко око што ја гледа површината од даден агол. Затоа таа е показател за тоа колку блескаво (сјајно) ќе изгледа таа површина. Во овој случај, просторниот агол од интерес е аголот што го опфаќа зеницата.

Во видеоелектрониката, блескавоста е мерка за јачината на екраните. Еден типичен сметачки монитор зрачи помеѓу 50 и 300 cd/m2. Сонцето има блескавост од околу 1,6×109 cd/m2 на пладне.[1]

Блескавоста е непроменлива во геометриската оптика. Ова значи дека во еден идеален оптички систем, блескавоста на излезот е иста како влезната блескавост. Кај вистинските (пасивни) оптички системи се зема дека излезната блескавост е „во најдобар случај“ еднаква на влезната. На пример, ако намалиме некоја слика со лупа, светлосната моќ ќе биде задржана на помала површина, што значи дека сликата ќе има поголема осветленост од околината. Меѓутоа светлината на рамнината во која лежи сликата пополнува поголем просторен агол, па така блескавоста се изедначува, под услов да нема загуба во леќата. Затоа сликата никогаш не може да биде посјајна од изворот.

Дефиниција

уреди

Блескавоста се дефинира со изводот

 

where

  е блескавоста (cd/m2),
  е светлосниот тек, т.е. светлосна моќ (lm),
  е аголот помеѓу нормалата на површината и зададената насока,
  е плоштината на површината (m2), а
  е просторниот агол (sr).

Изразот се претставува користејќи ја Лајбницовата нотација.

Единици

уреди

Блескавоста може да се изрази во разни други единици.

Една кандела на квадратен метар е еднаква на:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Блескавост“. Поимник за конструкција на расветни тела. Посетено на 13 април 2009. (англиски)

Фотометриски единици на SI
Величина Симбол[б 1] SI-единица Симбол Димензија Белешки
Светлосна енергија Qv [б 2] лумен-секунда lm⋅s T⋅J единицата е наречена и „талбот“
Светлосен тек Φv [б 2] лумен (= cd⋅sr) lm J наречен и „светлосна моќ“
Светлосна јачина Iv кандела (= lm/sr) cd [б 3] основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол
Блескавост Lv кандела на квадратен метар cd/m2 L−2⋅J единиците се наречени и „нити“
Осветленост Ev лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина врз површина
Светлосна излезност Mv лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина израчена од дадена површина
Светлосна изложеност Hv лукс-секунда lx⋅s L−2⋅T⋅J
Густина на светлосна енергија ωv лумен-секунда на кубен метар lm⋅sm−3 L−3⋅T⋅J
Светлосна делотворност η [б 2] лумен по ват lm/W M−1⋅L−2⋅T3⋅J сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија
  1. Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
  2. 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
  3. Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.