Електрична спроводливост

физичка величина

Електроспроводливост (специфична електрична спроводливост) е мерата во која еден материјал може да спроведува електрична струја. При поставување на електричен потенцијал низ еден проводник, подвижните полнења течат, создавајќи електрична струја. Спроводливоста σ соодносот помеѓу густината на струјата и силата на електричното поле :

.

Постојат и материјали каде спроводливоста е анизотропски, каде σ е 3×3 матрица, која е генерално симетрична.

Спроводливоста е реципрочна (обратна) на електричната отпорност и ја има SI единицата сименс на метар (S·m−1) т.е. ако електричното спроведување помеѓу две спротивни страни на 1-метарска коцка материјал е 1 сименс, тогаш елетричната спроводливост на тој материјал е 1 сименс на метар. Електроспроводливоста се изразува преку грчката буква σ, но повремено се користат и κ или γ.

Класификација на материјалите по спроводливост

уреди

Некои типични електрични спроводливости

уреди
Електро-
спроводливост (S·m−1)
Температура
(°C)
Белешки
Сребро 63,01 × 106 20 Материјал со највисока ел. спроводливост
Бакар 59,6 × 106 20
Жарен бакар 58,0 × 106 20 Единица која се користи како стандард за потврдување на легури или калење со алуминиум.
Алуминиум 37,8 × 106 20
Морска вода[1] 5
Питка вода 0,0005 до 0,05
Дејонизирана вода 5,5 × 10−6 Се менува во 1,2 × 10−4 кај вода без гасови [2]

Комплексна спроводливост

уреди

За анализирање на спроводливоста на материјали изложени на променливи електрични полиња, потребно е спроводливоста да се третира како комплексен број (или матрица комплексни броеви, во случај на горенаведените анизотропски материјали) наречена адмитивност. Оваа метода наоѓа примена кај електричната импедантна томографија, вид индустриска и медицинска визуелизација. Адмитивноста е збир од реалната компонента нарелена спроводливост и имагинарна компонента наречена сусцептантност. [1] Архивирано на 13 октомври 2010 г.

Зависност од температура

уреди

Електроспроводливоста е во голема мера зависна од температурата. Кај металите електроспроводливоста се намалува со зголемување на температурата, додека кај полуспроводниците зголемувањето на температурата знаи зголемена спроводливост. Низ извесен температурен дијапазон, електроспроводливоста може да се воопшти како правопропорционална на температурата. За споредување на мерењата на спроводливост при разни температури, тие треба да се стандардизираат (сведат) на заедничка температура. Оваа зависност често се изразува со нагиб на една графа на температура-спроводливост, и може да се користи:

 

каде

σT′ е електроспроводливоста при заедничка температура, T′
σT е електроспроводливоста при измерена темпаратура, T
α е нагиб на температурната компензација на материјалот,
T е измерената температура,
T′ е заедничката температура.

Нагибот на температурна компензација на највеќето води во природна состојба е околу 2 %/°C, но може да варира помеѓу (1 to 3) %/°C. На овој нагиб влијае и геохемијата, и може лесно да се одреди во лабораторија.

Наводи

уреди
  1. Физички својства на морската вода (англиски)
  2. Pashley, R. M.; Rzechowicz, M; Pashley, LR; Francis, MJ (2005). „De-Gassed Water is a Better Cleaning Agent“. The Journal of Physical Chemistry B. 109 (3): 1231. doi:10.1021/jp045975a. PMID 16851085.

Поврзано

уреди