Врз основа на нашето секојдневно искуство доаѓаме до сознание дека како светлински извори се оние тела кои се загреани на висока температура. Такви се: сонце , свеќа , петролејска ламба , вжарената жичка на електричната светилка , шпиритусна ламба , електричен лак. Ваквите извори на светлина ги викаме топлински извори. Кај овие извори, емитувањето на светлина се должи на намалувањето на нивната внатрешна енергија, или тоа се остварува на сметка на енергијата што се остварува на сметка на енергијата што се доведува од некој надворешен извор кој го врши загревањето. Меѓутоа што би можеле да кажеме за светлината што настанува при меѓусебно удирање на два мазни камења, или светлината што можеме да ја забележиме ноќно време што ја емитуваат некои инсекти светулки. Истото тоа го прават и некои риби кои живеат во големите морски длабочини. Дали и во овие случаи се работи за топлински извори? Овие примери укажуваат дека свиетлината можат да ја емитуваат и нетоплотни извори.

Хемиска луминисценција.

Кои тела имаат способност да емитуваат светлина?

уреди

Луминисценција

уреди

Светлината што ја емитуваат незагреаните тела се вика ладна или луминисцентна светлина, а самата појава луминисценција. Луминисценција, по дефиниција, е емисија на светлина која не е директен резултат на зрачењето на некое тело. Тоа е појава различна од сјаењето поради тоа што обично се случува на ниски температури и затоа претставува облик на зрачење кај ладните тела. Може да биде предизвикана на различни начини, а меѓу најзначајните се издвојуваат хемиските реакции, електричната енергија, субатомските движења или притисокот врз кристалните решетки.

  • луминисцентната светлина настаната со заемно удирање на два камења е резултат на нивното меѓусебно триење и се нарекува триболуминисценција.
  • Светлината што ја емитуваат некои тела од органска или неорганска природа (присутна е кај некои видови на растенија) е како резултат на одвивањето на некои хемислки процеси во нив се нарекува хемилуминисценција.
  • При остветлувањето на некои тела со одредена светлина, тие започнуваат да емитуваат светлина. Ваквата појава на емиисија на светлина од страна на телата се нарекува фотолуминисценција.
  • Луминисцентна светлина се создава при пропуштање на електрична струја низ цевка во која се наоѓа разреден гас. Бојата на луминисцентната светлина зависи од видот на гасот што се наоѓа во цевката. Оваа појава се вика електролуминисценција.
  • Термолуминисценција е појава на луминисцентна светлина предизвикана со загревање на телата.
  • Радиолуминисценција е појава на емисија на луминисцентна светлина настаната со бомбардирање на некои супстанции со честички на радиоактивно зрачење, како што се а- честичките (јадра на хелиумот).
  • Рендгенолуминисценција е емисија на луминисцентна светлина од тела што се изложени на дејство на рендгенските зраци. Освен оваа специфичност на луминисценцијата, предизвикана од различни причинители, постои и друга специфичност која укажува на времето на нејзиното настанување откако ќе се изврши побудувањето од страна на причинителот.
    Ако испуштањето на луминисцентна светлина се оствари веднаш по дејствувањето врз телото, ваквата луминисценција се нарекува флуоресценција. Од друга страна штом престане дејствувањето врз телото, испуштањето на светлина веднаш прекратува. Практично, времето на започнување на флуоресценцијата и времето на нејзиното прекратување е исто.
супстанции

Ако испуштањето на луминисцентна светлина продолжува и после дејството врз телото, таквата луминисценција се нарекува фосфоресценција. Тоа може да трае од неколку милионити делови од секундата до неколку часови, денови, па дури и со месеци. Овие два начини на испуштање светлина се предизвикани од осветлување на супстанции и затоа главно се поврзани со појавата на фотолуминисценција. Познато е дека, при константна надворешна температура, енергијата што едно тело ја емитува во единица време е еднаква со енергијата што тоа тело ја прима од својата околина. Затоа, топлинското зрачење претставува "урамнотежен" процес. Од друга страна луминисценцијата е "неурамнотежен" процес. Имено, Стокс открил дека брановата должина на светлината која ја испушта флуросцентната супстанција не може да биде помала од брановата должина на светлината со која е таа озрачена. Ова значи дека супстанцијата задржува дел од електромагнетната енергија што паѓа на неа. Откриено е дека телото не се лади додека емитува луминисцентна светлина. Оттука јасно произлегува дека енергијата што била апсорбирана од страна на телото преминува во негова топлинска енергија. Познати се следниве типови на луминисценција:

Од историски аспект, радиоактивноста се смета како прва забележана форма на радиолуминисценија, иако денес се смета дека радиоактивноста и радиолуминисценијата се два различни процеси поради тоа што радиоактивноста вклучува и нешто повеќе од електромагнетното зрачење.

Надворешни врски

уреди