Устие на Рона
Устие на Рона (француски: Bouches-du-Rhône; окситански: Bocas de Ròse; „Устите на Рона“) — департман во јужна Франција. Се граничи со Воклиз на север, Гар на запад и Вар на исток. На југ се наоѓа Средоземното Море. Нејзина префектура и најголем град е Марсеј. Други важни градови се Екс-ан-Прованс, Арл, Мартиг и Обањ.
Устие на Рона Bouches-du-Rhône Bocas de Ròse (окситански) | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Француски департман | ||||||
Одозгора надолу, одлево надесно: Марсеј, префектура на департманот, Ле Бо-де-Прованс, Каси на средоземниот брег и Амфитеатарот во Арл | ||||||
Местоположба на Устието на Рона во Франција | ||||||
Држава | Франција | |||||
Регион | Прованса-Алпи-Азурен Брег | |||||
Префектура | Марсеј | |||||
Потпрефектура | Екс-ан-Прованс Арл Истр | |||||
Управа | ||||||
• Претседател на Советот на департманот | Мартин Васал[1] (LR) | |||||
Површина1 | ||||||
• Вкупна | 5.087 км2 (1,964 ми2) | |||||
Население (2019) | ||||||
• Вкупно | 2.043.110 | |||||
• Ранг | 3. | |||||
• Густина | 400/км2 (1,000/ми2) | |||||
Час. појас | СЕВ (UTC+1) | |||||
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | |||||
Број на департманот | 13 | |||||
Арондисмани | 4 | |||||
Кантони | 29 | |||||
Општини | 119 | |||||
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 km2 |
Марсеј, вториот по големина град во Франција, има едно од најголемите контејнерски пристаништа во земјата. Се цени како најстар град во Франција, основан од грчки доселеници од Фокеја околу 600 пр. н. е.[2] Устието на Рона е најнаселениот департман во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, со 2.043.110 жители во 2019 година.[3] Има површината на департманот изнесув 5.087 квадратни километри. Неговиот INSEE и поштенски код се 13.
Историја
уредиИсторијата на областа е тесно поврзана со онаа на Прованса. Марсеј е важно пристаниште уште пред Јулиј Цезар да ја освои Галија. Римското присуство оставило бројни споменици низ департманот. Значајни луѓе родени во областа се романтичниот сликар Камиј Рокплан и неговиот брат, новинар и театарски режисер Нестор Рокплан.
Устието на Рона е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Основан е од западниот дел на поранешната покраина Прованса и кнежевствата Оранж, Мартиг и Ламбеск. Изгубил дел од својата територија во 1793 година, вклучувајќи ги Оранж и Апт, кога бил основан департманот Воклиз.
По неговото основање, департманот силно ја поддржал Француската револуција, имал 90 јакобински клубови до 1794 година [4] Забележително било и тоа што повеќе од половина од свештениците во департманот го прифатиле Граѓанскиот устав на свештенството, со кој црквата ѝ била потчинета навладата.[5] За време на владеењето на Француската комунистичка партија во 20 век, резултатите од изборите покажале дека поддршката за левичарската политика останала релативно силна таму, особено во северните предградија на Марсеј.
Географија
уредиПриродни региони
уредиДепартманот е дел од сегашниот регион Прованса-Алпи-Азурен Брег. Опкружен е со департманите Гар на запад, Воклиз на север и Вар на исток, како и со Средоземното Море на југ. Делтата на реката Рона образува огромна мочурлива област наречена Камарг во југозападниот дел на департманот.Тунелот Ров, најдолгиот каналски тунел во светот од Марсеј до Етан де Бер, како и помалите канали позападно, овозможиле воден превоз од Марсеј до Рона до 1963 година, кога тунелот Ров бил затворен за сообраќај.
Устието на Рона се граничи со реките Рона на запад и Диранс на север. Рона се дели на Гран Рона и Пети Рона јужно од Арл - областа помеѓу нив го образува Камарг. Главните планини на департманот се масивот Сент-Бом (1.042 метри – 3.418 стапки), Монтањ Сент-Виктоар (1.011 метри – 3.316 стапки), масивите Гарлабан и Алпиј.
Сеизмичка активност
уредиДепартманот Устие на Рона е исто така познат по својата сеизмичка активност: населените места во зоната II („просечна сеизмичка активност“) Ламбеск Пејрол-ан-Прованс и Салон-де-Прованс се најизложени.
Области Ib („ниска сеизмичка активност“) ги вклучува кантоните Екс-ан-Прованс, Тре Ејгиер, Оргон, Бер-Понд, Истр, Истр-Север и Југ и областите Ia („многу ниска сеизмичка активност“) ги вклучува другите кантони во областа Екс-ан-Прованс, Арл-Исток, Шаторенар, Сен Реми-де-Прованс, Марињан, Мартиг-Исток и Роквер-Запад. Зоната 0 („занемарлива сеизмичка активност“) го опфаќа остатокот од департманот.
Клима
уредиДепартманот има средоземна клима, со контрастни температури во опсег од 15 степени. Врнежите се неправилни, со само 65 дена годишно кога врне повеќе од 1 мм. Сепак, има ненадејни дождови, со просечни 500-700 мм годишно. Ова главно се случува во пролет и есен. Летото е многу топло, зимата блага. Засилените ветрови се вообичаени, особено познатиот мистрал, кој дува 100 дена годишно со максимални 100 километри на час. Брегот е посув, особено долж Синиот Брег, Каланките и заливот Ла Сиота, во кои се наоѓаат некои од најсушните области во Франција, со само 450 мм на дожд годишно. Повисоките области добиваат повеќе врнежи и пониски температури. Регионот Арк во внатрешноста е многу постуден од другите области, со тешки мразови во зима.
Демографија
уредиГодина | Нас. | ±% |
---|---|---|
1801 | 285,012 | — |
1806 | 292,903 | +2.8% |
1821 | 313,614 | +7.1% |
1831 | 359,473 | +14.6% |
1841 | 375,003 | +4.3% |
1851 | 428,989 | +14.4% |
1861 | 507,112 | +18.2% |
1872 | 554,911 | +9.4% |
1881 | 589,028 | +6.1% |
1891 | 630,622 | +7.1% |
1901 | 734,347 | +16.4% |
1911 | 805,755 | +9.7% |
1921 | 841,996 | +4.5% |
1931 | 1,101,672 | — |
1936 | 1,224,802 | — |
1946 | 971,935 | — |
1954 | 1,048,762 | — |
1962 | 1,248,555 | — |
1968 | 1,470,271 | — |
1975 | 1,632,974 | — |
1982 | 1,724,199 | — |
1990 | 1,759,371 | — |
1999 | 1,835,719 | — |
2016 | 2,019,717 | — |
Главни градови
уредиНајнаселена општина е Марсеј, кој е префектура на департманот. Од 2019 година, има 14 општини со повеќе од 20.000 жители:[3]
Комуна | Население (2019) |
---|---|
Марсеј | 870.731 |
Екс-ан-Прованс | 145.133 |
Арл | 50.454 |
Мартиг | 48.574 |
Обањ | 47.535 |
Салон-де-Прованса | 45.386 |
Истр | 43.626 |
Ла Сиота | 35.993 |
Витрол | 33.333 |
Марињан | 32.384 |
Мирама | 26.428 |
Ле Пен Мирабо | 21.623 |
Гардан | 21.521 |
Алош | 21.372 |
Има уште 15 општини со над 10.000 жители: Шатонеф-ле-Мартиг, Пор-де-Бук, Шаторенар, Тараскон, Фос-сир-Мер, Бук-Бел-Ер, Бер-л'Етан, Сен Мартен-де-Кро, Ориол, Роњак, План-де-Сик, Сетем-де-Валон, Пелисан, Тре и Фиво.[3]
-
Арл
-
Мартиг
-
Истр
-
Салон-де-Прованс
-
Ла Сиота
Политика
уредиИсторија
уредиБидејќи Устието на Рона е еден од најнаселените и најразновидните департмани во Франција, тој долго време е сцена на особено жестоки политички битки. Развојот на пристаништето Марсеј-Фос, односите што се одржувале меѓу Франција и нејзината колонијално царсто, индустријата околу ископувањето јаглен во Прованса, како и значителното доселеништво, особено кое доаѓало од Италија, од крајот на 19 век и во раздобјето помеѓу двете светски војни се чинители кои довеле до појава на голема и воинствена работничка класа. Од крајот на 19 век, социјалистичкото движење стекнало влијание, како на пример во 1881 година со изборот на првиот социјалистички пратеник во земјата, Кловис Иг. Руралните области, особено во регионот Екс-ан-Прованс, го поткрепувале влијанието на десничарските партии, вклучително и монархистите и католиците на почетокот на Третата Француска Република. Меѓувоеното раздобје и времето на Народниот фронт го означило почетокот на преовладувањето на левицата во департманот, прво со изборот на Францускиот отсек на Работничката интернационала (SFIO).
По Втората светска војна, марсејската десница, поврзана со подземјето и која соработувала со германските окупаторски сили, била широко дискредитирана. Левицата во голема мера преовладувала во Ослободувањето, а на изборите во 1946 одина Марсеј го добил комунистичкиот градоначалник Жан Кристофол. Во 1947 година, SFIO стапил во сојуз со десничарските и централните партии против комунистите, што шест години подоцна резултирало со избор на Гастон Дефер за градоначалник на Марсеј, позиција на која бил до неговата смрт во 1986 година. Меѓутоа, доминацијата на социјализмот бил предизвикана од деиндустријализацијата. Конзервативниот успех во 1995 година на Жан-Клод Годен во Марсеј е симбол на широко распространетите политички промени додека дури и поранешните комунистички бастиони Ла Сиота и Пор-Сен Луј-ди-Рон гласале за десницата. Во 1990-тите Националниот фронт доживува подем, победил на општинските избори во Марињан и Витрол.
Претседател на Департманскиот совет била Мартин Васал од десничарската партија Републиканци од 2015 година, откако на поранешниот социјалистички претседател Жан-Ноел Герини му била изгласана недоверба а и се соочил со обвиненија за корупција.
На француските претседателски избори во 2022 година, исто како и пет години претходно, Марин Ле Пен од Националниот сојуз (поранешен Национален фронт) освоил мнозинство во Устието на Рона во првиот круг, пред актуелниот претседател Емануел Макрон од Републиката напред! да освои мнозинство во вториот круг.
Пратеници во Народното собрание
уредиУстието на Рона ги избра следните членови на Националното собрание на законодавните избори во 2017 година :
Изборна единица | Член[6] | Партија | |
---|---|---|---|
Устие на Рона, 1. изборна единица | Жилиен Равје | Републиканци | |
Устие на Рона, 2. изборна единица | Клер Питола | Републиката напред! | |
Устие на Рона, 3. изборна единица | Александра Луј | Републиката напред! | |
Устие на Рона, 4. изборна единица | Жан-Лик Меланшон | Непокорена Франција | |
Устие на Рона, 5. изборна единица | Кати Ракон-Бузон | Републиката напред! | |
Устие на Рона, 6. изборна единица | Ги Теисје | Републиканци | |
Устие на Рона, 7. изборна единица | Саид Аамада | Републиката напред! | |
Устие на Рона, 8. изборна единица | Жан-Марк Зилези | Републиката напред! | |
Устие на Рона, 9. изборна единица | Бернар Дефлесел | Републиканци | |
Устие на Рона, 10. изборна единица | Франсоа-Мишел Ламбер | Републиката напред! | |
Устие на Рона, 11. изборна единица | Моамед Лакила | Демократско движење | |
Устие на Рона, 12. изборна единица | Ерик Диар | Републиканци | |
Устие на Рона, 13. изборна единица | Пјер Даревил | Француска комунистичка партија | |
Устие на Рона, 14. изборна единица | Ан-Лоранс Петел | Републиката напред! | |
Устие на Рона, 15. изборна единица | Бернар Рејнес | Републиканци | |
Устие на Рона, 16. изборна единица | Моника Мишел | Републиката напред! |
Департмански совет на Устието на Рона
уредиПодолу е списокот на места освоени од различните партии на департманот по департманските избори во 2015 година.
Партија | Места во Департманскиот совет | |
---|---|---|
• | Републиканцит (LR) | 25 |
Социјалистичка партија (ПС) | 15 | |
• | Сојуз на демократи и независни (УДИ) | 7 |
Француска комунистичка партија (ПЦФ) | 5 | |
Европа Екологија – Зелените (EELV) | 2 | |
Ла Форс ди 13 | 2 | |
Национален фронт (ФН) и Исправена Франција (ДЛФ) | 2 |
Култура
уредиДепартманот е добро застапен во француската уметност. Пол Сезан насликал бројни слики од Планината Сент Виктоар. Винсент ван Гог поминал две години во Арл, сликајќи многу сцени во областа. Главни музеи на департманот се Музејот на европските и средоземните цивилизации, Музејот на фајанс во Марсеј и Историскиот музеј Марсеј.
Туризам
уредиГлавни знаменитости
уредиГлавните туристички места се:
- Градовите Марсеј и Екс-ан-Прованс
- Римски и романескни споменици во Арл
- Камарг и градот Сент-Мари-де-ла-Мер
- Ветерницата на Алфонс Доде во Фонвјеј
- Ле Бо-де-Прованс, средновековно село
- Сен Реми-де-Прованс и урнатините на римскиот град Гланум
- Тараскон, средновековен замок и црква
- Салон-де-Прованса, градот на Нострадамус и една од најголемите тврдини во Прованса: Шато де л'Ампери
- Каланк де Сормиу, Марсеј
-
Фор Сен-Жан во Марсеј
-
Предел во близина на Каси
-
Чуварска куќа во Камарг
-
Средоземен брег во близина на Ла Сиота
Природни знаменитости
уредиРеки се:
- Рона, која ја образува границата со департманот Гар
- Диранс, која ја чини границата со департманот Воклиз
- Арк
- Ивон
Езера се:
- Етан де Бер
- Етан де Вакарес, во Камарг
Планини се:
- Алпиј
- Каланки меѓу Марсеј и Ла Сиота
- Корниш де Крет
- Гарлабан
- Мон Пиже
- Планина Сент Виктоар
- Сент Бом, масив
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Répertoire national des élus: les conseillers départementaux“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 4 May 2022.
- ↑ Vella, Alexandre (7 February 2022).
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Populations légales 2019: 13 Bouches-du-Rhône, INSEE
- ↑ Albert Ceccarelli, La Révolution à l’Isle sur la Sorgue et en Vaucluse, Éditions Scriba, 1989, 2-86736-018-8, p. 27.
- ↑ Albert Ceccarelli, La Révolution...
- ↑ Nationale, Assemblée. „Assemblée nationale ~ Les députés, le vote de la loi, le Parlement français“. Assemblée nationale.
Надворешни врски
уреди- Устие на Рона на Ризницата ?
Bouches-du-Rhone на Curlie (англиски)
- (на француски) Prefecture website
- (на француски) Departmental Council website