Планината Сент Виктоар и вијадуктот на долината Арк
Планината Сент Виктоар и вијадуктот на долината Арк е слика од Пол Сезан, создаена во периодот помеѓу 1882 и 1885 година, денес е во Метрополитен (музеј) во Њујорк (град).
Творец | Пол Сезан |
---|---|
Година | 1882 | —1885
Материјал | масло на платно |
Димензии | 65.5 см × 81.7 см |
Место | Метрополитен (музеј), Њујорк (град) |
Сопственик | Метрополитен (музеј) |
Опис
уредиОваа слика е значајна не само по уметничките дострели, која ја открива севкупниот раскош на авторовиот тален но, значајна е и по тоа што во неа Сезан ги внел сите карактеристични елементи на неговата подоцнежна зрела фаза од која ќе произлезат низа негови антологиски дела значајни за ликовната уметност[1].
Во неа го напушта лесниот потез и светлината на импресионизмот и ги внел неговите карактеристични колористички јарки бои и потполно ја променил перспективата и композициската стварност во идејниот и творечки ракурс[2].
Оваа слика била темелот од која ќе произлезат негоите карактеристични мртви природи и Играчите на карти кои всушност не се слики во класичен смисол на зборот туку своевидно истражување на можностите и повеќеслојноста на ликовниот израз и мисла.
Многумина ова дело го вбројуваат во едно од најзначајните во Сезан[3].