Урош Ѓурѓевиќ (роден на 2 март 1994 година), попознат како Ѓука, од 2021 година е црногорски професионален фудбалер (во 2021 година го земал црногорското државјанство) кој настапува на позицијата како напаѓач. Моментално игра во шпанскиот клуб Спортинг од Хихон. Тој е роден во Србија, настапувал за репрезентацијата на Србија во помладите генерации, но сега ја претставува репрезентацијата на Црна Гора.

Ѓурѓевиќ како капитен во тимот на Србија на квалификации за Европско првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2017 година

Клупска кариера

уреди

Почетните години

уреди

Ѓурѓевиќ ги направил своите први фудбалски чекори во клубот на Обреновац 1905 година, пред да се приклучи на младинскиот состав на Црвена ѕвезда од Белград. Краток период настапувал и за тимот на ОФК Белград, пред да се приклучи на младинската екипа на фудбалскиот тим на Рад.

Ѓурѓевиќ својот прв натпревар за сениорскиот тим на Рад го одиграл на 28 август 2011 година, додека тренер бил во клубот Славко Петровиќ. Влегол во игра како замена за Лука Миливојевиќ во поразот од екипата на Слобода од Ужице на домашен терен со резултат од 1:2. Урош се појавил на вкупно седум лигашки натпревари во својата дебитантска сезона, исклучиво како играч од клупата. На 17 ноември 2012 година, Ѓурѓевиќ го постигнал својот прв сениорски гол за екипата на Рад, обезбедувајќи му победа на својот тим со резултат од 1:0 на домашен терен против екипата на Хајдук од Кула. Постигнал вкупно девет првенствени гола во сезоната 2012-13, под раководство на Марко Николиќ, помагајќи му на неговиот тим на крајот на сезоната да заврши на средината од табелата. И покрај бројните шпекулации за време на летниот преоден рок во 2013 година, Ѓурѓевиќ на крајот останал во редовите на популарните Градежници до крајот на годината.[1]

Витезе

уреди

Во јануари 2014 година, Ѓурѓевиќ заминал за холандскиот клуб Витесе и веднаш го добил дресот со број 9.[2] Тој својот прв натпревар во Ередивизија го одиграл на 7 февруари 2014 година, влегувајќи како замена во 88та минута за играчот Лукас Пиазон. Тој натпревар завршил со нерешен резултат од 0:0 на домашен терен со екипата на АДО Ден Хаг. До крајот на Ередивизијата 2013–14, Ѓурѓевиќ одиграл уште вкупно пет натпревари, влегувајќи во сите тие како замена, но не постигнал ниту еден гол.

На 30 јули 2014 година, Ѓурѓевиќ го постигнал последниот гол за тимот на Витезе во пријателскиот натпревар со тимот на Челзи кој завршил со резултат од 1:3.[3] До крајот на сезоната се борел да ја освои стартната напаѓачка позиција во тимот. Во сезоната 2014-15, и покрај тоа што редовно постигнувал голови не успеал да се наметне кај својот тренер. На 1 февруари 2015 година, две минути откако го заменил Бертранд Траоре, Ѓурѓевиќ го постигнал единствениот гол во 85 минута за победа на тимот на Витесе со 1:0 над големиот Ајакс.[4][5] Голот бил спореден со оној на Денис Бергкамп против Њукасл Јунајтед од 2002 година.[6]

Откако настапил на два натпревари на почетокот на сезоната 2015-16, Ѓурѓевиќ го раскинал договорот со клубот на Витесе со заедничка согласност. Тоа се случило на 14 август 2015 година.[7]

Палермо

уреди

На 18 август 2015 година, Ѓурѓевиќ потпишал договор со италијанскиот клуб Палермо.[8] Својот прв натпревар во Серија А го одиграл на 13 септември 2015 година постигнувајќи го израмнувачкиот гол во 88 минута откако влегол во игра од клупата за резерви. Натпреварот завршил нерешено со резултат од 2.2 на домашен терен со екипата на Карпи.[9] За жал, на 19 септември 2015 година во неговиот втор настап за Розовите, Ѓурѓевиќ го скршил зглобот на натпреварот против Милан на стадионот Сан Сиро.[10] Тој се вратил на терените на 12 декември 2015 година, кога бил заменет на полувремето од Алберто Џилардино. Натпреварот завршил со победа и резултат од 4:1 над екипата на Фросиноне. Дуелот се одиграл на стадионот Ренцо Барбера.[11] На 7 февруари 2016 година, Ѓурѓевиќ го постигнал својот втор гол во Серија А. Го постигнал израмнувачкиот гол во нерешениит натпревар од 2:2 против екипата на Сасуоло.[12] Одиграл вкупно 14 лигашки натпревари и постигнал два гола во сезоната 2015-16.

Партизан

уреди

Сезона 2016-17

уреди

На 22 август 2016 година, Ѓурѓевиќ се вратил во својата татковина и потпишал тригодишен договор со екипата на Партизан.[13] Првиот натпревар го имал на 27 август, влегувајќи како замена во второто полувреме за Валери Бојинов во победата од 4:0 на домашен терен над неговиот поранешен клуб екипата на Рад.[14] На 21 септември, Ѓурѓевиќ ги постигнал своите први два гола за Партизан во победата од 3:1 во Купот на Србија над екипата на Напредак од Крушевац.[15] Својот прв гол во лигашки натпревар го постигнал на 2 октомври во победата на домашен терен со 3:1 над составот на Младост од Лучани.[16] На 11 декември, Ѓурѓевиќ постигнал хет-трик и го предводел Партизан до победа од 3:1 на гостувањето кај екипата на Чукарички.[17] На тој натпревар го постигнал најбрзиот гол во лигата по само 10 сеунди од почетокот.[18] На 4 март 2017 година, Ѓурѓевиќ го постигнал својот прв гол во белградското дерби, погодувајќи со глава по центаршутот на Мирослав Вулиќевиќ во 88 минута. Тој натпревар одигран на гостински терен завршил нерешено со резултат од 1:1.[19] Седум пати успеал да постигне гол во наредните шест натпревари. На крајот на сезоната бил најдобар стрелец во лигата со вкупно 24 гола. Овој резултат го делел со својот соиграч Леонардо. На крајот на сезоната Партизан ја освоил титулата во Србија.[20] Неговите настапи, исто така, му донеле награда за играч на сезоната во лигата и избор во Тимот на сезоната на тоа натпреварување.[21] Во вториот дел од сезоната, Ѓурѓевиќ постигнал уште два гола, но овојпат во Купот на Србија. Таа сезона екипата на Партизан ја освоил двојната круна.

Сезона 2017-18

уреди

На 11 јули 2017 година, Ѓурѓевиќ го постигнал својот прв гол во натпреварувањата на УЕФА, претворајќи го пеналот во победа од 2:0 на домашен терен над составот на Будуќност од Подгорица. Тоа бил прв натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите.[22] Подоцна, на 22 јули 2017 година постигнал гол на отворањето на лигата против тимот на Мачва од Шабац. Натпреварот завршил со резултат од 6:1 за екипата на Партизан.[23] На 2 август, Ѓурѓевиќ постигнал израмнувачки гол во 85 минута за да му донесе нерешен резултат од 2:2 против екипата на Олимпијакос во реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Екипата на Партизан била победена со вкупен резултат од 3:5.[24] Подоцна по испаѓањето од Лигата на шампионите Ѓурќевиќ му помогнал на тимот да стигне до групната фаза од Лига Европа откако постигнал гол во победата од 4:0 на гостувањето кај екипата на Видеотон, во реваншот од плеј-офот на тоа натпреварување.

Олимпијакос

уреди

На 30 август 2017 година, Ѓурѓевиќ преминал да игра во грчкиот клуб Олимпијакос за сума од 2,5 милиони евра плус 15% од идната сума од евентуалниот трансфер.[25][26] Својот прв натпревар за новиот тим го имал на 9 септември во нерешениот натпревар од 1:1 на гостински терен против екипата на Ксанти. На истиот натпревар бил заменет од Емануел Еменике во 60-та минута. Три дена подоцна, Ѓурѓевиќ одиграл 62 минути на својот прв натпревар во Лигата на шампионите, пред повторно да биде заменет од Еменике. Натпреварот завршил со пораз и резултат од 3:2 од тимот на Спортинг КП од Лисабон. Својот прв гол за клубот го постигнал на 16 септември истата година, реализирајќи пенал во судиското продолжение на второто полувреме против екипата на Астерас Триполи. Натпреварот се играл на домашен терен и завршил со резултат од 1:1. Во текот на сезоната 2017-18 со Олимпијакос, Ѓурѓевиќ одиграл 30 натпревари и во сите натпреварувања постигнал седум гола.

Спортинг Хихон

уреди

На 21 август 2018 година, Ѓурѓевиќ преминал во Шпанија и му се приклучил на тимот од Сегунда Дивизион, Спортинг од Хихон. Бил најскапиот трансфер во историјата на клубот, за проценета сума од 2,5 милиони евра.[27]

На 11 октомври 2020 година, откако постигнал три гола во првите три натпревари од сезоната, Ѓурѓевиќ бил прогласен за играч на месецот септември во Сегунда дивизион лигата.[28]

Репрезентација

уреди

Младинска кариера

уреди

На почетокот Ѓурѓевиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија на УЕФА првенството до 19 години во 2012 година. Селекцијата на Србија го напуштила натпреварувањето по првата групна фаза. Ѓурѓевиќ му помогнал на тимот за да се квалификува на УЕФА првенството до 19 години во 2013 година, постигнувајќи гол против екипата на Словачка во елитното квалификациско коло. На завршниот турнир, Ѓурѓевиќ бил еден од највлијателните играчи на тимот,[29] постигнувајќи го првиот гол во полуфиналето против екипата на Португалија. На тој натпревар репрезентацијата на Србија победила и се квалификувала во финалето по изведување на пенали.[30] Србија на крајот на турнирот ја освоила титулата откако ја совладала репрезентацијата на Франција со 1:0 во натпреварот за златен медал.[31]

На 22 март 2013 година, Ѓурѓевиќ го одиграл својот прв натпревар за селекцијата на Србија на ниво до 21 година во пријателскиот натпревар кој завршил со пораз со резултат од 1:2 на гостувањето против селекцијата на Холандија до 21 година. Својот прв гол за тимот го постигнал на 14 август 2013 година, во пријателскиот натпревар кој завршил со резултат од 4:1 на домашен терен против репрезентацијата на Македонија до 21 година.[32] Потоа, Ѓурѓевиќ бил редовен член за време на квалификациската фаза на УЕФА за првенството до 21 година во 2015 година. По тие натпревари Србија се квалификувала на завршниот турнир. Тој, подоцна го одбил повикот на тренерот Младен Додиќ со цел подобро да се подготви за следната сезона.[33]

Во квалификациската фаза за првенството на УЕФА до 21 година 2017 година, Ѓурѓевиќ бил најдобар стрелец на тимот со вкупно девет гола. На повеќето натпревари бил и капитен на тимот. Постигнал хет-трик во победата од 3:1 на домашен терен над репрезентацијата на Словенија, во последниот натпревар од групата. Покрај тоа, Ѓурѓевиќ постигнал гол и во првиот натпревар од плеј-оф рундата против селекцијата на Норвешка.[34] На крајот од квлификациите Србија обезбедила место на завршниот турнир. Во мај 2017 година тој бил именуван во тимот од 23 играчи од страна на новоименуваниот тренер Ненад Лалатовиќ.[35] Во вториот натпревар од групната фаза, Ѓурѓевиќ постигнал гол со глава во последните минути од натпреварот кој завршил со резултат од 2:2 со репрезентацијата на Македонија.[36] Својата младинска репрезентативна кариера ја завршил на 23 јуни 2017 година, добивајќи црвен картон за време на првото полувреме од натпреварот на селекцијата на Србија против репрезентацијата на Шпанија.[37]

Сениорска кариера

уреди

На 9 март 2017 година, Ѓурѓевиќ го добил својот прв повик во сениорскиот тим од страна на тренерот Славољуб Муслин за квалификацискиот натпревар на селекцијата на Србија за Светското првенство 2018 против составот на Грузија.[38] Бил резервен играч кој не влегол во игра на тој натпревар. Конечниот резултат бил 3:1 во корист на селекцијата на Србија.

Во 2021 година, тој станал државјанин на Црна Гора и ја прифатил поканата да настапува за фудбалската репрезентација на Црна Гора.[39] Неговиот татко е роден во Титоград (сегашна Подгорица, Црна Гора), што било услов за тој да може да стане црногорски државјанин.[40] Својот прв натпревар за новата репрезентација го имал на 24 март 2021 година во квалификациите за Светското првенство против репрезентацијата на Летонија.[41]

Приватен живот

уреди

Неговиот помлад брат Кристијан (роден 1996 г.), исто така е професионален фудбалер.[42]

Статистика во кариерата

уреди

Клупска кариера

уреди
Обновено на 6 Јануари 2022[43]
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континетални Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Рад 2011–12 Српска Суперлига 7 0 0 0 0 0 7 0
2012–13 23 9 2 0 25 9
2013–14 11 2 1 0 12 2
Вкупно 41 11 3 0 0 0 44 11
Витезе 2013–14 Ередивизија

(прва холандска лига)

6 0 0 0 0 0 6 0
2014–15 18 1 1 0 19 1
2015–16 1 0 0 0 1 0 2 0
Вкупно 25 1 1 0 1 0 27 1
Палермо 2015–16 Серија А 14 2 0 0 14 2
Партизан 2016–17 Српска Суперлига 29 24 5 4 0 0 34 28
2017–18 5 3 0 0 6 4 11 7
Вкупно 34 27 5 4 6 4 45 35
Олимпијакос 2017–18 Супер Лига Грција 19 4 6 3 5 0 30 7
Спортинг од Хиохон 2018–19 Сегунда Дивизион 38 11 2 1 40 12
2019–20 37 6 0 0 37 6
2020–21 39 22 2 0 41 22
2021–22 18 6 2 2 20 8
Вкупно 132 45 6 3 0 0 138 48
Вкупно во кариерата 260 90 20 10 12 4 292 104

Меѓународна (репрезентативна) статистика

уреди
Репрезентација Година Натпревари Голови
Србија У21 2013 година 7 2
2014 година 6 3
2015 година 3 2
2016 година 10 8
2017 година 4 1
Црна Гора 2021 година 7 0
Вкупно 37 16

Признанија

уреди

Клупски признанија

уреди
Партизан

Меѓународни (репрезентативни) признанија

уреди
Србија
  • Победници во Првенство на УЕФА до 19 години: 2013 година[31]

Индивидуални признанија

уреди
Награди
Рекорди
  • За селекцијата на Србија У21 најдобар стрелец на сите времиња: 16 гола 

Наводи

уреди
  1. „Uroš Đurđević: Nisam loš momak“ (српски). b92.net. 18 September 2013. Посетено на 8 September 2016.
  2. „UROS DJURDJEVIC SPEELGERECHTIGD VOOR VITESSE“ (холандски). vitesse.nl. 20 January 2014. Посетено на 8 September 2016.
  3. „Vitesse 1 Chelsea 3: Cesc Fabregas scores his first goal for Chelsea in pre-season friendly win in Arnhem“. telegraph.co.uk. 30 July 2014. Посетено на 9 March 2017.
  4. „Ajax sees title hopes dented by Vitesse“. foxnews.com. 1 February 2015. Посетено на 9 March 2017.
  5. „Vitesse beat Ajax late with the best goal of the weekend“. sbnation.com. 1 February 2015. Посетено на 9 March 2017.
  6. „The new Dennis Bergkamp? Vitesse youngster scores Bergkamp-esque wonder goal“. mirror.co.uk. 2 February 2015. Посетено на 9 March 2017.
  7. „DJURDJEVIC VERLAAT VITESSE“ (холандски). vitesse.nl. 14 August 2015. Посетено на 8 September 2016.
  8. „Palermo, scommessa serba: è ufficiale l'U21 Djurdjevic“ (италијански). gazzetta.it. 18 August 2015. Посетено на 19 August 2015.
  9. „Borriello e Djurdjevic, esordio e subito gol: si presentano così“ (италијански). gazzetta.it. 13 September 2015. Посетено на 8 September 2016.
  10. „TEŽA POVREDA Đurđević polomio skočni zglob, predstoji mu duža pauza“ (српски). blic.rs. 21 September 2015. Посетено на 8 September 2016.
  11. „Ballardini: Palermo Deserved To Win Against Frosinone“. forzaitalianfootball.com. 12 December 2015. Посетено на 9 March 2017.
  12. „Sassuolo 2-2 Palermo: Neroverdi And Rosanero Play Out Exciting Draw“. forzaitalianfootball.com. 7 February 2016. Посетено на 9 March 2017.
  13. „Uroš Đurđević nova Partizanova akvizicija“ (српски). partizan.rs. 22 August 2016. Посетено на 8 September 2016.
  14. „ČETVORKA PARTIZANA Leonardo blistao, debi Đurđevića i dva isključenja“ (српски). blic.rs. 27 August 2016. Посетено на 8 September 2016.
  15. „Partizan majstorijama Đurđevića i lukavim potezom Leonarda do osmine finala Kupa“ (српски). blic.rs. 21 September 2016. Посетено на 16 December 2016.
  16. "PARNI VALJAK" MELJE Majstorije Leonarda i Đurđevića za šesti trijumf Partizana u nizu /FOTO/ /VIDEO/“ (српски). blic.rs. 2 October 2016. Посетено на 9 March 2017.
  17. „CRNO-BELI JUNAK Partizan ima strašnog špica, Đurđević pocepao mrežu Čukaričkog /VIDEO/“ (српски). blic.rs. 11 December 2016. Посетено на 9 March 2017.
  18. „Uroš Đurđević rekorder!“ (српски). mondo.rs. 11 December 2016. Архивирано од изворникот на 2018-10-05. Посетено на 9 March 2017.
  19. „PRAVDA ZADOVOLJENA Zvezda vodila neregularnim golom, Đurđević odneo bod!“ (српски). blic.rs. 4 March 2017. Посетено на 9 March 2017.
  20. 20,0 20,1 „Đurđević: Gol karijere je dolazak u Partizan!“ (српски). mondo.rs. 21 May 2017. Архивирано од изворникот на 2017-09-03. Посетено на 27 May 2017.
  21. 21,0 21,1 21,2 „SLS: Đurđević igrač sezone, Nikolić najbolji trener!“ (српски). rtvbn.com. 30 May 2017. Посетено на 15 June 2017.
  22. „Tandem Đu-Le vodi Partizan ka trećem kolu!“ (српски). b92.net. 11 July 2017. Посетено на 12 July 2017.
  23. „Partizan 'šesticom' najavio dolazak Olimpijakosa“ (српски). b92.net. 22 July 2017. Посетено на 3 August 2017.
  24. „Partizan ispao, ali pokazao klasu u Pireju“ (српски). b92.net. 2 August 2017. Посетено на 3 August 2017.
  25. „Djurdjevic signs for Olympiacos!“. olympiacos.org. 30 August 2017. Посетено на 30 August 2017.
  26. „Uros Djurdjevic moved to Olympiacos“. partizan.rs. 30 August 2017. Посетено на 26 December 2018.
  27. „El nuevo delantero del Sporting, Uros Djurdjevic, ya está en Asturias“ (шпански). elcomercio.es. 21 August 2018. Посетено на 21 August 2018.
  28. „Djuka, Mejor Jugador de LaLiga SmartBank en septiembre“ (шпански). La Liga. 11 October 2020.
  29. „Serbia's strength in depth delights Djurdjević“. uefa.com. 28 July 2013. Посетено на 8 September 2016.
  30. „Serbia see off Portugal in shoot-out“. uefa.com. 29 July 2013. Посетено на 30 July 2013.
  31. 31,0 31,1 „Luković strike seals first Serbia triumph“. uefa.com. 1 August 2013. Посетено на 8 September 2016.
  32. „Pet golova u Gornjem Milanovcu, "orlići" preslišali Makedoniju“ (српски). blic.rs. 14 August 2013. Посетено на 8 September 2016.
  33. „Dodić: Mitrović hteo povređen, Đurđević odbio“ (српски). b92.net. 29 May 2015. Посетено на 1 April 2017.
  34. „Serbia seize lead as Norway go home empty-handed“. uefa.com. 11 November 2016. Посетено на 27 May 2017.
  35. „Lalatović objavio spisak za EP u Poljskoj“ (српски). b92.net. 22 May 2017. Посетено на 27 May 2017.
  36. „Remi Srbije i Makedonije u Bidgošču“ (српски). rts.rs. 20 June 2017. Посетено на 24 June 2017.
  37. „Poraz "orlića" za kraj Evropskog prvenstva“ (српски). rts.rs. 23 June 2017. Посетено на 24 June 2017.
  38. „I Uroš Đurđević među "orlovima"!“ (српски). mondo.rs. 9 March 2017. Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 9 March 2017.
  39. „Đurđević: Želim da se dokažem u nacionalnom timu, očekujem da ćemo Jovetić i ja biti dobar tandem“. vijesti.me (српски). Посетено на 7 March 2021.
  40. „Zašto je Đurđević rešio da igra za Crnu Goru?“ (српски). B92. 5 March 2021. Посетено на 8 March 2021.
  41. „Latvia v Montenegro game report“. FIFA. 24 March 2021. Архивирано од изворникот на 2 February 2021.
  42. „FUDBALSKI ŠMEK Selebriti Dorćol, srpskoligaš koji je okupio zanimljiva imena u stručnom štabu i timu“ (српски). blic.rs. 4 June 2017. Посетено на 30 July 2017.
  43. Урош Ѓурѓевиќ на soccerway

Надворешни врски

уреди