Лука Миливојевиќ
Лука Миливојевиќ (српски: Лука Миливојевић) роден на 7 април 1991 година е српски професионален фудбалер кој настапува како играч од средината на теренот во англиската Премиер лига за тимот на Кристал Палас и за репрезентацијата на Србија.
Лука Миливојевиќ Лука Миливојевић | |||
---|---|---|---|
Миливојевиќ на Светското првенство во фудбал 2018 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Лука Миливојевиќ | ||
Роден на | 7 април 1991 | ||
Роден во | Крагуевац, Србија | ||
Држава | Србија | ||
Висина | м | 1,82||
Позиција | средиштен играч | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Кристал Палас | ||
Број | 4 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2007–2008 | Раднички Крагуевац | 17 | (2) |
2008–2012 | Рад | 49 | (3) |
2012–2013 | Црвена ѕвезда | 36 | (7) |
2013–2014 | Андерлехт | 19 | (0) |
2014–2017 | Олимпијакос | 62 | (11) |
2017– | Кристал Палас | 165 | (28) |
Репрезентација ‡ | |||
2011–2012 | Србија 21 | 11 | (1) |
2012– | Србија | 38 | (1) |
* Ажурирано на: 23 April 2017 ** Ажурирано на: 10 април 2017 |
Клупска кариера
уредиРани години
уредиСвојата прва професионална сезона ја одиграл во неговиот роден град во клубот на Раднички Крагуевац за време на сезоната 2007-08 во српската лига Запад. На крајот на таа сезона тој се преселил во првата српска лига во тимот наРад кој влегол во сениорскиот тим во сезоната 2008-09 српската супер лига. Тој играл на десната страна од средниот ред.
Црвена Ѕвезда
уредиМиливојевиќ потпишла за Црвена Ѕвезда на 19 демекври 2011 година.[1] Неговото пристигнување во Црвена Ѕвезда во голема мера се должи на желбата на тогашниот тренер Роберт Просинечки, кој верувал дека Миливојевиќ има голем потенцијал. На 17 ноември 2012 година, Миливојевиќ постигнал импресивен гол против градскиот ривалПартизан.[2]
Андерлехт
уредиНа 26 јули 2013 година, Миливојевиќ потпишал пет годишен договор со белгискиот гигант Андерлехт.[3] На 1 септември 2014 година, тој најавил дека ќе се приклучи на Олимпијакос како позејмен играч од Андерлехт.[4] После сезоната 2013-14 година, Лука Миливојевиќ ја потврдли неговата желба да остане во клубот. Двата клуба тогаш започнале преговори по завршувањето на сезоната со што се остварила желбата на Миливојевиќ и неговиот премин во Олимпијакос да биде постојан.[5] Преговорите со белгискиот клуб биле завршени и со тоа Олимпијакос биле подготвени да платат 2,7 милиони евра на Андерлехт за 24-годишниот играч од средниот ред на Србија.[6]
Олимпијакос
уредиНа 4 јуни 2015 година Андерлехт потврдил дека Олимпијакос го откупил договорот на Лука Миливојевиќ.Српскиот интрернационалец потпишал четригодишен договор вреден 2.3 милиони евра.[7][8][9] На 30 јуни 2015 година, Олимпијакос ја одби понудата од пет милиони евра од страна на Фенербахче, кој сакал да го доведе Миливојевиќ во својте редови.
Кристал Палас
уредиНа 31 јануари 2016 година, Миливојевиќ потпиша три и пол годишен договор со премиерлигашот Кристал Палас, а трансферот бил вреден 16 милиони евра.[10] Јас сум воодушевен што го донесовме Лука во клубот. Тој има искуство во Лигата на шампионите и во меѓународниот фудбал и ќе додаде нова димензија на нашиот среден ред. Тој е талентиран играч кој игра одлично со двете нозе со интелигентни додавања и способност да помигне во одбраната, изјавил Алардајс за мрежното место на клубот по потпишувањето на договорот. По два месеци во клубот, српскиот робустен играч со своите вештини веќе дал резултат во борбата за опстанок. На 10 април 2017 година, тој го постигнал својот прв гол за Палас во победата со 3-0 над Арсенал, погодувајќи од белата точка за заокружување на целокупниот импресивен приказ.[11]
Репрезентативна кариера
уредиТој бил член на фудбалската репрезентација на Србија под 21 година. За првпат тој бил повикан во серниорксиот репрезентација на 29 септември 2011 година, против Италија и Словенија во квалификациите за Уефа Евро 2012.[12] Тој го направил своето деби за Србија на 14 ноември 2012 година, во пријателски натпревар против Чиле.[13]
Наводи
уреди- ↑ Novi Magazin (Serbian): Luka Milivojević potpisao za Zvezdu 19 December 2012
- ↑ [1] Blic Sport: Milivojević: Ceo život sam sanjao i molio Boga da dam gol Partizanu (српски) 18 November 2012
- ↑ [2] Sports Mole: Milivojević joins Anderlecht (28 July 2013
- ↑ Στα «ερυθρόλευκα» ο Μιλιβόγεβιτς (грчки). Olympiacos.org. 1 September 2014. Посетено на 5 September 2014.
- ↑ „Milivojević wants to commit his future to Olympiakos“. www.sdna.gr. 19 April 2015.
- ↑ „Olympiakos poised to activate Milivojevic buy-out clause“. www.sdna.gr. 20 April 2015.
- ↑ „Anderlecht cède définitivement Luka Milivojevic à Olympiacos“. www.lameuse.be. 4 June 2015.
- ↑ „Θρύλος και Μιλιβόγεβιτς συνεχίζουν μαζί!“. www.olympiacos.org. 4 June 2015.
- ↑ „Μιλιβόγεβιτς ως το 2019“. www.sport24.gr. 4 June 2015.
- ↑ „Milivojevic Joins The Eagles“. Crystal Palace Official Site. Архивирано од изворникот на 2017-01-31. Посетено на 31 January 2017.
- ↑ Butler, Michael (2017-04-10). „Crystal Palace v Arsenal: Premier League – live!“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2017-04-10.
- ↑ Milivojević: "Hvala Jankoviću, biću još bolji Архивирано на 2 април 2015 г. at Sportske.net
- ↑ Mondo (Serbian): "Orlovi" opet poleteli... 14 November 2012
Надворешни врски
уреди- Scoresway.com Profile
- Luka Milivojević Архивирано на 9 октомври 2017 г. at Utakmica.rs