Цвекло
Цвекло (латински: Beta vulgaris ssp. vulgaris var. vulgaris) — зеленчук со карактеристична црвена боја кој се користи во кулинарството и исхраната. Култивар е на видот Beta vulgaris од семејството лобода (Amaranthaceae). Неговото богатство со минерали, јаглехидрати, масти и белковини го прави здрава и честа состојка. Исто така цвеклото е богато со витамин Б12, а во себе има и мали количини кобалт. Позитивно делува кај слабокрвните лица и децата.
Цвекло | |
---|---|
Цвекло | |
Вид | Beta vulgaris |
Подвид | Beta vulgaris subsp. vulgaris |
Сортна група | 'Conditiva' group |
Потекло | Sea beet (Beta vulgaris subsp. maritima) |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 180 kJ (43 kcal) |
9,56 г | |
Шеќери | 6,76 г |
Влакна | 2,8 г |
0.17 г | |
1,61 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (0 %) 2 μг(0 %) 20 μг |
Тиамин (Б1) | (3 %) 0,031 мг |
Рибофлавин (Б2) | (3 %) 0,04 мг |
Ниацин (Б3) | (2 %) 0,334 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (3 %) 0,155 мг |
Витамин Б6 | (5 %) 0,067 мг |
Фолна кис. (Б9) | (27 %) 109 μг |
Витамин Ц | (6 %) 4,9 мг |
Минерали | |
Калциум | (2 %) 16 мг |
Железо | (6 %) 0,8 мг |
Магнезиум | (6 %) 23 мг |
Манган | (16 %) 0,329 мг |
Фосфор | (6 %) 40 мг |
Калиум | (7 %) 325 мг |
Натриум | (5 %) 78 мг |
Цинк | (4 %) 0,35 мг |
Други состојки | |
Вода | 87,58 г |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Цвеклото лесно се подготвува и консумира, а најчесто се вари и кисели. Често се јаде и сирово, главно рендано како дел од салата. Тоа е дел од состојките на руското национално јадење боршч.
Обликот може да му биде кружен или цилиндричен.
Примена во медицината
уредиЦвеклото е растение богато со здрави состојки. Луѓето одамна го познавале како лековито растение кое се користело во домаќинствата. Исто така се користи и во современата медицина. Основната примена на цвеклото е сузбивање на појавата на тумор и лечењето на леукемија. Се користи и во лечењето на маларија, акутни фиброзни болести и грип во почетниот стадиум. Користи се и при регулација на крвниот притисок, обично доколку е низок. Поволно влијае на нервите и работата на мозокот, а ја подобрува и работата на желудецот, цревата и жолчката. Цвекла је биљка богата здравим састојцима. Зато је одавно позната и као лековита биљка која се користела у домаћинству. Такође користи се и у савременој медицини. Основна примена цвекле је у сузбијању појаве тумора и лечењу леукемије. Затим, користи се у лечењу маларије, акутних фиброзних болести и грипа у почетном стадијуму. Користи се и при регулацији крвног притиска, обично уколико је низак. Повољно утиче на нерве и рад мозга, а поспешује и рад желуца, црева и жучи.