Микроскоп
Микроскоп (од старогрчки: μικρός, „мал“ и σκοπεῖν, „гледање“) — научен инструмент за гледање на објекти кои се многу мали за да можат да се видат со голо око. Науката за проучување на мали објекти со помош на инструменти се нарекува микроскопија, а поимот микроскопски значи нешто многу мало, кое не може да се види со голо око. Со други зборови, потребен е микроскоп за да може да се види. Микроскопите ни овозможуваат да добиеме зголемена слика на мали објекти. Микроскопите кои ги користиме во домашни услови или на училиште се појавуваат некаде пред околу 400 години.
Примена | набљудување на мали примероци |
---|---|
Поважни опити | откривање на клетките |
Изумител | Захарија Јансен |
Поврзана опрема | оптички микроскоп електронски микроскоп |
Историја на микроскопот
уредиПред околу 400 години микроскопот не бил сѐ уште пронајден. Градбата на тогаш познатите растенија и животни била вистинска мистерија, а, покрај тоа имало и илјадници ситни животни и растенија за кои не се знаело. За причините на болестите можелo само да се претпоставува, додека медицината како наука била не доволно развиена. Откривањето на микроскопот довело до револуција во човековите сознанија.
Се верува дека првиот микроскоп бил развиен некаде во Холандија, во раните години на 16 век. Постојат доста контроверзи во врска со тоа кој го измислил микроскопор и кога.
Квалитетот на леќите на првите микроскопи бил доста лош, па така и малите предметите не можело да се видат јасно. Но дури и вака несовршените микроскопи биле од голема помош во проучувањето на животните и растенијата.
Најпознат тип на микроскоп, прв кој бил конструиран, е светлинскиот микроскоп. Тоа е оптички инструмент во кој се вградени една или повеќе леќи со помош на кои се добива зголемена слика на објектот кој се наоѓа во фокалната рамнина на леќите. Но постојат и други типови на микроскопи.
Типови на микроскоп
уредиМикроскопите можат да се поделат на две главни класи: микроскопи кои функционираат врз основа на теоријата за светлосни зраци и микроскопи кои функционираат врз основа на скенирање на примероци.
Микроскопите кои функционираат врз основа на теоријата на светлосни зраци се микроскопи кои користат електромагнетни зраци кои поминуваат низ систем на леќи со цел да се добие зголемена слика. Зраците можат да бидат од спектарот на видливата светлина (светлински микроскоп) или од спектарот на невидливата светлина (електронски микроскоп). Значи имаме Светлински микроскоп, Стерео микроскоп и електронски микроскоп.