Тритонус
„Тритонус“ — збирка куси раскази од македонскиот писател Климент Булоски, објавена под псевдонимот „Дозгулпмус“ во 2008 година, во издание на издавачката куќа Темплум.
Технички одлики
уредиЗбирката е објавена како седма книга во едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 155 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-50-0. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На кориците се наоѓаат слики на Ерик Вејн Патерсон, а на задната корица се дадени основни биографски податоци за авторот. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка - Скопје АД - Скопје и од Министерството за култура на Македонија.[1]
Содржина
уредиЗбирката „Тритонус“ содржи 79 куси раскази:[1] Светот во кој ние не сме / Ние во светот кој не постои; карпуз деликти; прозорци; бродови; раскинување; дисторзирана претстава; поглед; валцер за утре; принцеза, принцеза и јас; чудовишност; студ; вообичаена бесмртност; кирка; гиздавост; идентитет; додека смртта не нè раздели; пори; поштенското сандаче; расКРСТница; суб роса; кариера; раскрсница на смртта; неодоливи кафези; офталмотомична екскурзија (Изгубени очила); андгрогина интерсексуалност; еутопија; кружници; халуцинирачкиот тореадор; спирала на духот; парите го вртат светот; прашање; сè за љубовта, во најкратката приказна на светот.; желба; птици; жега; надеж; масакр; серпентини; правила на игра; комарци; интелектуалци; џокер; чистење; игра; Кокфил Газон; самоубиствените мисли на вљубениот кочијаш; успех; la vita è bella; самодоверба; љубов; смислата на животот; хералд ика; крипта; трепетлика; vagina dentata; јас, Сибелиус...; Книги за добра ноќ; рововски стапала; панспермичен долмен; предизвик; човечка природа; deathska сКАЗНА; тегла. И нешто околу неа.; животен циркус; сестри; осаменост; дарвиновото проклетство; предвечерие; ВРЕМЕНСКИ ШОВИНИЗАМ (еден момент во некоја туѓа бесконечност); А, ВТОР. И ТрЕТ!; загуба; одлука; грижа; вредност; да се прашаме или не? - биде е сега!; лудило; Ох, Господе Боже; молк; К’рај.
Осврт кон делото
уредиКнижевната критика ја оценила книгата како необична, но фасцинантна и како една од најдобрите и најзгуснати дебитантски книги во историјата на македонската книжевност.[2]