Катапулт е направа за опсада која користи лост за фрлање на пројектили на голема оддалеченост. Името е создадено од грчкиот збор κατα (за) и βαλλειν (фрлање на (проектил)). Катапулт обично бил правен за време на самата опсада, многу армии носеле само делови од катапултот, бидејќи дрво за негова изработка било многу достапно.

Катапулт

Видови

уреди

Катапултите можат да се поделат по начинот на создавање и испуштање на енергија потребна за лансирање на проектилот. Првиот катапулт настанал во Грција од рачните лансери (лакови, самострели, праќки...). Тој бил всушност голем самострел вкопан во земјата. Следната генерација бил уште поголем самострел, но овој пат намонтиран на подметач. После тоа се развиваат и торзиони катапулти, тие имале два кабла кои се свиткувале, подоцнежни верзии на балиста и орангер. Преку долниот дел кој содржи проектил и горниот дел на подметачот се провлекувало јаже, кое се увртувало и така создавало торзијална енергија. Тие имале рака со корпа на крајот и обично праќка која го држела крајот на раката Последниот модел на катапулт е Требочет кој ја користи Земјината гравитацја за придвижување на раката.

Историја

уреди
 
Француска војска користи катапулт за фрлање на рачни гранати во непријателски ровови

Првите катапулти во Европа се појавиле во Грција околу 400 години п.н.е. Александар Велики ја вовел идејата да ги користи како поддршка на военото поле. Римјаните исто така ја користеле оваа направа. Катапултот се користел сè додека не го заменил топот во 14-от век, меѓутоа има и записи дека се користел и после тоа. Во средновековниот период катапултот служел и како биолошко оружје, тој се корислетел за фрлање на заразени животни (на пр. чума) во опколените градови. Последната воена употреба на катапултот била во текот на Првата светска војна, во текот на првите денови на војната кога се користени за фрлање на рачните гранати преку ничија земја во непријателските ровови.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди