Комарец
Комарец женка од видот Culiseta longiareolata.
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Двокрилци
Подред: Nematocera
Инфраред: Culicomorpha
Натсемејство: Culicoidea
Семејство: Culicidae
Мејген, 1830 [1]
Потсемејства

Anophelinae
Culicinae
Toxorhynchitinae

Телото на комарецот е тенко и нежно, а на него се наоѓаат долги пипала и сам еден пар крилја.

Особености

уреди

Усните органи на комарецот се претворени во долго рило за бодење, но во целост се развиени само кај женките. Со тоа рило женките бодат различни животни, но и луѓе и ја цицаат нивната крв. Меѓутоа, мажјаците не се хранат со крв, туку со растителни сокови. Тие умираат веднаш по парењето, а женките ги полагаат јајцата во непроточна вода или на влажни места. Од јајцата изчегуваат ларви кои немаат крилја и по некое време се преобразуваат во возрасни, крилати комарци. Комарците се особено чести во тропските подрачја, но живеат насекаде низ светот , до вода. Познати се дури 3100 видови, а многу од нив пренесуваат причинители на маларија, тропска треска, воспаление на мозокот, филаријазис, жолта треска и елефантијаза. Во најголемиот дел од светот маларијата е сузбиена со уништување на комарците, а тоа вршено и со сушење мочуришта и употреба на инсектициди кои ги убиваат.

Комарците како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Ralph Harbach (2 ноември 2008). „Family Culicidae Meigen, 1818“. Mosquito Taxonomic Inventory.
  2. Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008.
  3. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 15-16.
  4. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 93.
  5. Љубица Шопова, Форми во создавање. Скопје: ПНВ Публикации, 2020, стр. 55.