Кумановски народноослободителен партизански одред

Скопско-кумановски народноослободителен партизански одред или само Кумановски народноослободителен партизански одред е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Кумановски народоослободителен партизански одред
Активна26 јуни 1943 - 1 декември 1943
БиткиНОБ

Одредот е создаден на 26 јуни 1943 година во селото Пелинце. Формиран е од 11 члена на КПЈ и на СКМЈ во Куманово. Една група се вклучува во редовите на Вториот јужноморавски народноослободителен партизански одред, кај селото Братоселце. Другата група на 4 и 5 јуни 1943 година, врши напад на железничката линија северно од селото Букаревац. Подоцна, на 2 август 1943 година, од овие две групи е формиран Кумановскиот одред. Командир е Христијан Тодоровски, а политички комесар Бранко Павловиќ – Уча.[1] Откако борбите се насочуваат кон Македонија, Павловиќ останува на територијата на Јужна Србија, а за политички комесар е назначен Доне Филиповски. До крајот на август, овој одред дејствува заедно со јужноморавскиот одред во реонот на Кумановско и Кривопаланечко. На 5 октомври 1943 година води битка со бугарската војска кај Карпинскиот манастир. На 10 октомври одредот е преименуван во Скопско-кумановски одред, и разделен е на две чети. Првата чета дејствува во реонот Куманово-Кратово-Крива Паланка, а втората во Скопска Црна Гора. Откако одредот достигнал бројност од 100 души, влегол во состав на Првиот кумановски народноослободителен партизански баталјон[2].

Учесници

уреди

Наводи

уреди
  1. Кирил Михаjловски Груjица, тређа македонска НОУ бригада, Београд, 1976, стр. 11
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 163