Тополница (Валовишко)
Тополница (грчки: Τοπόλνιτσα, Тополница) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[1]
Тополница Τοπόλνιτσα | |
---|---|
Координати: 41°23.14′N 23°19.37′E / 41.38567° СГШ; 23.32283° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, веднаш јужно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело на 1 км југозападно од пиринското село Тополница.[2]
Историја
уредиПраисторија
уредиНа околу 2 км јужно од селото во месноста Кременица (во околината на граничната пирамида бр. 63) од двете страни на грчко-бугарската граница е откриена доцнонеолитска населба наречена Драготин-Тополница.[3][4]
Во Отоманското Царство
уредиСпоред османлиски дефтер од 1570 г. во селото Тополница живеело 21 христијанско домаќинство. Кон него се вбројани и 15 јуручки муслимански семејства кои во живееле како сточари во атарот.[5]
Во XIX век селото ова било чисто македонско село во Петричката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополница (Topolnitza) е село со 25 домаќинства на 80 жители Македонци.[6][7]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Тополница, на десниот брег на Струма спроти Кула. Тука е границата меѓу Петричко и Демирхисарско. Се наиоѓа на источниот крај на Беласица на северозапад од Валовишта 6 часа. На прво место е сточарството. Одовде излегуваат прочуените тополнички волови. 30 къщи Турци, 25 Македонци.[8][9] | “ |
Георги Стрезов го спомнал селото по вторпат и напишал за него:
„ | Тополница, во подножјето на Беласица; се наоѓа на И од Петрич, два часа пат; до Струма нема 1⁄2 час; толкаво е и растојанието до [реката] Струмица. Нивите им се покрај тие две реки. Има 25 куќи, Македонци.[8][10] | “ |
Согласно статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 220 жители, сите Македонци-христијани.[6]</ref>[11]
На почетокот на XX век целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. во Тополница живееле 224 Македонци, сите под Егзархијата.[6] Имало бугарско основно училиште со еден учител и 36 ученици.[12]
Според митрополитот Емилијан Мелнички на 7 февруари 1908 г. седумчлена чета на ВМОРО на чело со војводата Кочо (веројатно Кочо Хаџиманов) се се судрила со турска војска кај Тополница, губејќи неколку луѓе и документи.[13]
Во Грција
уредиЗа време на Втората балканска војна во 1913 г. населението е прогонето од грчката војска. Тие се прешле преку границата во во Пиринска Македонија на 1 км од старото село и го основале селото Нова Тополница,[14] кое во 1966 г. е преименувано во Тополница.[15]
Старото село е обновено и во 1920 г. е попишано со 28 жители. Меѓутоа, селото наскоро било напуштено.[1]
Во 1968 г. месноста е преименувана во Асимандо (Άσήμαντο).[16]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 209. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟΤ/ΓΔΑΠΚ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/56365/2588/1-6-2011 - ΦΕΚ 162/ΑΑΠ/17-6-2011“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 21 септември 2021. Посетено на 27 октомври 2014.
- ↑ Promachon-Topolnica: A Greek-Bulgarian Archaeological Project.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 600-602.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 148–149. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ 8,0 8,1 Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 857.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 32.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 187. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 186–187.
- ↑ „Ιστορικό Ημερολόγιο Σερρών“ (PDF). Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Посетено на 5 декември 2014.
Επετέθη κατά του παραστρυμονίου χωριού Τοπόλνιτσα, της περιφερείας Πετρίτσης, ο λησταντάρτης Κώτσος μετά έξ οπαδών αυτού, αλλ' εγκαίρως λαβών γνώσιν του γεγονότος ο αυτοκρατορικός στρατός, τον μέν Κώτσον και τους οπαδούς αυτού φεύγοντας εφόνευσε, πολλά δε επ' αυτών επιλήψιμα έγγραφα κατάσχε.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 335. ISBN 954-90006-2-1.
- ↑ Мичев, Николай (2005). Речник на имената и статута на населените места в България 1878 – 2004. София: ИК „Петър Берон: Изток-Запад“. стр. 268. ISBN 954-321-071-3.
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1045. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)