Топалово
Топалово (грчки: Νέα Τυρολόη, Неја Тиролои; до 1927 г. Τοπάλοβον, Топаловон[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и Турци.[3]
Топалово Νέα Τυρολόη | |
---|---|
Координати: 41°6.48′N 23°22.33′E / 41.10800° СГШ; 23.37217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Просеник |
Надм. вис. | 25 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 436 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во Серското Поле, на 17 км северозападно од градот Сер на 2 км јужно од Просеник. Денес е споено со Мелникич.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX и почетокот на XX век Топалово било село во Серската каза.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 90 жители Македонци христијани и 140 турци.[4][5]
Сите християни во селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Топалово (Topal-Ova) живееле 80 Македонци патријаршисти.[4][6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 191 жител. Селото настрадало во Првата светска војна, па така во 1920 г. во него се попишани само 94 лица.[3] Во 1920-тите Турците биле иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а извесен дел од Македонците се иселиле во Бугарија под притисок на грчката власт. На нивно место се доведени грчки колонисти од Турција. Во 1928 г. Топалово се води како етнички мешано село со 496 жители, од кои 489 лица (129 семејства) биле грчки дојденци.[7]
Во 1927 г. е преименувано во Неја Тиролои, т.е. Ново Чорлу, по местото од каде дошле колонистите.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 543 | 730 | 660 | 683 | 664 | 614 | 669 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 265–266. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 18 октомври 2019.