Тони Парсонс
Тони Парсонс (англиски Toni Parsons, роден во ноември 1953 во Рамфорд - Лондон) е британски писател и новинар.
Животопис
уредиТони Парсонс е роден во чиновничко семејство во лондонскиот Рамфорд но пораснал во Есекс. Кога имал дваесет години се вработил во фабрика за производство на џин и таму работел сѐ до 1976 година. Потоа станал музички новинар и ја прател експлозијата на панкот и новиот бран. Парсонс се оженил со своја колешка, а кога се развеле му било доделено старателството над нивниот четиригодишен син Боби.
Тони Парсонс е син на бивш маринец кому му бил доделен Орден за исклучителна служба во текот на Втората светска војна, што е второ по важност одликување во британската војска. Тие два односи - со синот кого што сам го одгледувал и со покојниот татко кого го обожавал - ја чинат основата и сржта на неговиот роман Човек и момче (Man and Boy).
Тони Парсонс е еден од најпознатите писатели во Англија. Во текот на 70-те години од XX век бил музички критичар во НМЕ (англиски NME - New Musical Express), едно од највлијателните музички списанија во Британија. Неговите интервјуа со групите како што се Клеш (англ. The Clash), Секс Пистолс (англ. Sex Pistols), Блонди (англ. Blondie), Токинг Хедс (англ. Talking Heads) и Рамонс (англ. Ramones) го направиле култна фигура меѓу младите во Англија. Парсонс добивал награди за својата новинарска работа во списанијата GQ и Elle во текот на 80-те години. Во 90-те години станал еден од најпознатите телевизиски коментатори на емисијата Late Review на телевизискиот канал ББС.
Неговиот прв роман Човек и момче доживеал огромен успех во Англија и само во првите два месеци продаден е во тираж од 750.000 примероци[1]. По него објавил и други успешни романи.
Библиографија
уредиЗанимливости
уреди- Хрватската глумица и сценаристка Јелена Велјача била обвинета дека нејзиното сценарио за хрватската тв серија Обични луѓе всушност е плагијат на романот Вистинско семејство на Тони Парсонс чии права за екранизација веќе ги откупила американската глумица Џулија Робертс[2].
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-04-22. Посетено на 2008-09-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-08-22. Посетено на 2008-09-30.
Надворешни врски
уреди- Биографија и презентација на романите на Тони Парсонс (англиски)
- Колумни на Тони Парсонс во Mirror.co.uk (англиски)
- Статија за Тони Парсонс во The Indipendent (англиски)
- Статија на Тони Парсонс за Брус Спрингстин во 1984 година Архивирано на 10 ноември 2014 г. (англиски)
- Интервју со Тони Парсонс во Telegraph.co.uk (англиски)