Томас Мире (роден на 16 октомври 1973 година, во Сарпсборг) — поранешен норвешки фудбалер, голман.

Томас Мире
Лични податоци
Роден на 27 февруари 1973(1973-02-27)(51 г.)
Роден во Сарпсборг, Норвешка
Држава  Норвешка
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција голман
Повлекување 2011
Младинска кариера
Мос
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
0000-1992 Мос
1993-1997 Викинг Викинг 94 (0)
1997-2001 Евертон Евертон 70 (0)
1999Ренџерс Ренџерс 3 (0)
2000Бирмингем Сити Бирмингем Сити 7 (0)
2000Транмир Роверс Транмир Роверс 3 (0)
2001Копенхаген Копенхаген 14 (0)
2001-2002 Бешикташ Бешикташ 13 (0)
2002-2005 Сандерленд Сандерленд 37 (0)
2003-2004Кристал Палас Кристал Палас 15 (0)
2005 Фредрикштад 3 (0)
2005-2007 Чарлтон Чарлтон 21 (0)
2007-2010 Викинг Викинг 46 (0)
2010-2011 Конгсвингер 20 (3)
Репрезентација
1998-2007 Норвешка Норвешка 56 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Последниот клуб за кој бранел пред неговото пензионирање бил Конгсвингер, откако се вратил во норвешкиот фудбал во јули 2007 година. Мире го чувал голот и на норвешката репрезентација во 56 натпревари.

Клупска кариера

уреди

Репрезентативна кариера

уреди

Мире бил избран да ја претставува Норвешка на Светското првенство 1998, каде што тој бил неискористена замена во сите натпревари на Фроде Гродас.

На Европското првенство 2000, Мире бил на голот на Норвешка во сите три натпревари од групната фаза. Тој ја сочувал својата мрежа сува во натпреварите против Шпанија и Словенија, а единствениот гол на турнирот кој го примил бил дело на Саво Милошевиќ со кој против Југославија ја победила Норвешка со 1-0 и ја елиминирала од натамошните настапи на првенството.

Во квалификациите за Евро 2008 противТурција на 28 март 2007 година, Норвешка водела 2-0 на полувремето. Во второто полувреме, по еден слободен удар изведен од страна Хамит Алтинтоп, Мире не успеал да интервенира како треба и и помогнал на топката да заврши во неговата мрежа. Неколку минути пред истекот на регуларните 90, уште еднаш Алтинтоп шутирал а неговиот удар завршил меѓу нозете на Мире во неговата мрежа, по што натпреварот завршил 2-2. Иако неговите колеги од норвешката репрезентација се обидувале да го утешат, Мире изјавил дека ова за него бил "најлошиот ден на теренот во кариерата"[1]. Натпреварот против Турција бил воедно и неговиот последен за норвешката репрезентација.

Статистика

уреди

Репререзентативна статистика

уреди

[2]

Норвешка
Година Наст. Голови
1998 2 0
1999 4 0
2000 7 0
2001 10 0
2002 6 0
2003 0 0
2004 9 0
2005 9 0
2006 7 0
2007 2 0
Вкупно 56 0

Наводи

уреди
  1. „The Norway Post : фудбал: Турција - Норвешка 2-2“. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2013-02-12.
  2. „Thomas Myhre“. NFF. Архивирано од изворникот на 2013-02-23. Посетено на 22 December 2012.

Надворешни врски

уреди