Тисово

поранешно село во Драмско, Егејска Македонија

Тисово (грчки: Μαυροχώρι, Маврохори; до 1927 г. Τίσοβα, Тисова[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[2]

Тисово
Μαυροχώρι
Урнатини во Тисово, веројатно од џамијата
Урнатини во Тисово, веројатно од џамијата
Тисово is located in Грција
Тисово
Тисово
Местоположба во областа
Тисово во рамките на Неврокоп (Егејска Македонија)
Тисово
Местоположба на Тисово во Неврокоп и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°30.13′N 24°7.23′E / 41.50217° СГШ; 24.12050° ИГД / 41.50217; 24.12050
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски
ОпштинаНеврокоп
Надм. вис.&100000000000012200000001.220 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Урнатини од градба изградена од грчките доселеници, веројатно црква.
Остатоци од куќа во Тисово.

Географија

уреди

Селото е се наоѓа во областа Чеч, на југозападните планини на Родопите. Лежи на околу 1,5 км од левиот брег на Почанска Река (Тисовска Река, Мождјан Дере), близу границата со Бугарија спроти неврокопските села Брштен и Туховишта. На другата страна на реката на помалку од 1 км се наоѓа селото Почан. Тисово се состоело од две маала — Парпелско (поново) и Циропско (постаро), каде според едно предание живеел ајдутинот Мехмед Синап. Циропското Маало е сместено на главниот римски пат од Тракија за Драма и Солун и крај него има стар римски мост. Во месноста Сливено има урнатини од стара тврдина.[3] Парпелското Маало се наоѓа на околу 300 м на североисток од Циропското, на едно восвишение крај реката. Од западната и от источната страна на селото има два врва, високи 1.282 и 1.343 метри.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Селото за првпат се спомнува во османлиски подробен регистар од 1464-65 г. како Тисина заедно со Папелова (Горно и Долно Пепелово се исчезнати села јужно од Тисово). Заведени се 1 муслиманско и 31 немуслиманско домаќинства, како и 6 ергени немуслимани и 4 вдовици.[4] Во подробен регистар од 1478-1479 г. по име се набројани главите на домаќинства во Тисово (Тисова) и Папил, вака: 85 немуслимани, 6 ергени и 4 вдовици - вкупно 95 домаќинства.[5] Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. селото Тисово (Тисова) е запишано вака - немуслимани: 46 домаќинства, ергени - 9, вдовици - 5.[6] Во скратен регистар од 1530 г. Тисово (Тишова) се води со муслимани: 2 домаќинства, ергени - 1; немуслимани: 37 домаќинства, ергени - 6; вдовици - 4.[7] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население на Тисово е претставено вака: муслимани - 3 семејства; немуслимани - 141 семејство, 92 ергени и 5 вдовици. Забележано е дека во селото имало леарниица за железо.[8] Во список од 13 март 1660 г. селото Тисово (Тисова) имало 15 даночно обврзани домаќинства.[9] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. Тисово (Тисова) имало 16 муслимански домаќинства.[10]

Во XIX век Тисово било македонско муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тисово (Tissovo) било село со 50 домаќинства на 140 жители Македонци-муслимани.[11][12] Според Васил К’нчов Тисово имало 200 куќи, е најголемо село во Чеч, и во него има неделен пазар. Населението се занимавало со лозарство во плодната долина на Тисовска Река и абаџиство.[13] Во 1900 г. населението на Тисово се состоело од 400 жители Македонци-муслимани.[14][15] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Тисово имало машко население од 162 Македонци-муслимани кои живееле во 50 куќи.[11][16]

Во Грција

уреди

По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По податоци на БПЦ, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Тисово живееле 148 семејства со вкупно 791 жител. Според грчка статистика, во 1913 г. во Тисово (Τίσοβα, Тисова) живееле 682 лица.[17]. Во 1920 г. населението се намалило на 405 лица.[2]

Во 1923 г. жителите на Тисово како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор и сместени во гратчето Мал Самоков (Демирќој). Во 1924 г. во селото се доведени грчки колонисти од Турција. До 1928 г. во Тисово се доселиле 47 лица (15 семејства) грчки дојденци.[18] На 1 април 1927 г. селото е преименувано во Маврохорион, во превод црно село.[19] Во 1928 г. селото имало 187 жители (од кои 40 војници од пограничниот гарнизон).

Во 1940 г. во Тисово живееле 87 лица (вклучувајќи околу 20 војници). Селото е иселено за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и не било обновено.[2]

Остатоци од селото

уреди

Край селото има сточарска фарма и мала база за сеча на дрта. Се забележуваат темелите на десетици куќи, а поновите градби подигнати од грчките доселеници по 1923 г. (црква, училиште и касарна) се распознаваат по повисоките ѕидови, бетонските одливки и специфичната декоративна ѕидарија на темелите. Од грчките дојденци остаал и еден христијански гроб од 1934 г. Муслиманските гробишта се познаваат по по сплеснатите плочи од двете страни на влдабнатините кај селото. Селската чешма е срушена, а од нејзиниот извор се снабдува сточарската фарма.

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 195. ISBN 9989-9819-5-7.
  3. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 15.
  4. Бошков, Ванчо (1978). Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија 2, том 4. Скопjе: Архива на Македониjа. стр. 90. OCLC 165435293.
  5. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 51–52. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  6. Радушев, стр. 58
  7. Радушев, стр. 127
  8. Стојановски, Александар (2007). Турски документи за историјата на Македонија. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Серез и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 418–421. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
  9. Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 294. ISBN 954-9800-14-8.
  10. Радушев, стр. 240
  11. 11,0 11,1 Нарекувајќи ги „Помаци“.
  12. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 132–133. ISBN 954-8187-21-3.
  13. Васил Кънчов. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“, Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство“, София 1970, стр.268
  14. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  15. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 196. ISBN 954430424X.
  16. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 112. ISBN 954-9308-51-0.
  17. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот на 31 юли 2012. Посетено на 3 май 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archivedate= (help)
  18. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  19. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012

Надворешни врски

уреди