Теодора Порфирогенита

Теодора (грчки: Θεοδώρα Πορφυρογέννητη, о. 980 г. - 31 август 1056 г.) била византиска царица од Македонската династија која владеела од 20 април 1042 г. до 31 август 1056 г. Таа била совладетелка-царица со сестра и Зоја два месеци во 1042 година и самостојна царица од 11 јануари до 31 август 1055 година. Таа била последна од Македонската лоза и по нејзината смрт царството влегло во период на опаѓање кое траело сè до преземањето на престолот од страна на Алексиј I Комнин во 1081 година.

Теодора Порфирогенита
Θεοδώρα Πορφυρογέννητη
Царица на Источното Римско Царство
Византиска монета покажувајќи ги Исус Христос (лево) и царицата Теодора (десно).
Византискa царица
На престол20 април 1042 - 31 август 1056
ПретходникЗоја Порфирогенита и Михаил V Калафат
НаследникМихаил VI Вринга
Совладетели20 април 1042 - 1050 (со Зоја Порфирогенита)
11 јуни 1042 – 1055 (со Константин IX)
Роден(а)околу 980
Цариград
Починал(а)почеток на септември 1056
Цариград
ДинастијаМакедонска династија
ТаткоКонстантин VIII
МајкаЕлена

Претходен живот уреди

Обезбедување на престолонаследник уреди

Прашањето за наследството на престолот се поставило мошне остро бидејќи стариот цар Константин VIII немал машки деца. Неговата најстара ќерка Евдокија, заболена и осакатена од сипаници, се закалуѓерила уште на млади години. На двете помлади ќерки Зоја и Теодора, иако веќе биле во повозрасно доба, им преостанала значителната улога во византиската историја на следните децении. За чудо, Константин VIII дури на смртниот одар се сетил да омажи една од нив и да и избере достоен епарх. Неговиот избор паднал на цариградскиот епарх Роман Аргир. Позицијата на цариградскиот епарх секогаш била сметана за особено почесна. Во XI век неговото значење се зголемувало. Уште во „Книгата за церемониите“ на Порфирогенит се вели дека епархот е татко на градот, но дури подоцна, Михаил Псел, писателот на XI век, ќе рече дека тоа е царска функција на која и недостатува само царски порфир. Како носител на ова високо удостоение и како претставник на едно од најугледните магнатски семејства, Роман Аргир бил најистакнатиот претставник на цариградското чиновничко благородништво. На 12 ноември 1028 година, тој се венчал со педесетгодишната Зоја, а три дена потоа, по смртта на Константин VIII, стапил на престолот.[1]

Во времето на Роман III Аргир и Михаил IV Пафлагонецот уреди

Поради неслогата со Роман III Аргир, царицата Зоја заедно со Михаил (брат на царскиот евнух) извршиле атентат врз него и така Михаил се зел со Зоја и бил крунисан.[2] По смртта на Михаил IV во 1041 година, него го наследил внукот Михаил кој во меѓувреме бил посвоен од царицата Зоја како престолонаследник.[3]

Краткото владеење на Михаил V уреди

Михаил V брзо го окочал владеењето на пафлагонскиот дом. Осилениот младич ја испратил в манастир и царицата Зоја, тоа било пресудно за да ја загуби круната. Против него сложно истапиле аристократијата и Црквата, потпирајќи се на династиските чувства на цариградското население. Приврзаноста но легитимноста на Македонската династија станала со времето толку силна што дури и Зоја и Теодора уживале наклонетост од Цариграѓаните. Михаил Калафат кој се осмелил да крене рака на царицата "родена во пурпур", бил симнат и ослепен на 20 април 1042 г.[3]

Владеење уреди

Заедничко владеење со Теодора уреди

По симнувањето на Михаил V Калафат од престолот, решено било Зоја и Теодора, како претставнички на македонскиот дом, да ја преземат власт и да владеат заеднички. Теодора, која на барање од Зоја се закалуѓерила, имала силна поддршка, особено во црковните кругови. Правото на жената за вршење царска власт веќе не било оспорувано како во времето на Ирина. Но двете царици биле толку неспособни, а нивната меѓусебна омраза толу непомирлива, што веќе по неколку недели се покажало дека мора да се побара друго решение и власта да му се довери на некој маж. Иако стара 64 години, Зоја подготвено стапила во трет брак. На 11 јули 1042 г. таа се омажила за угледниот сенатор Константин Мономах кој утредента ја примил царската круна.[4]

Владеењето на Константин IX Мономах уреди

Како и Роман III Аргир и Константин IX Мономах бил типичен претставник на византиската цивилна аристократија. Тој исто така бил слаб владетел, без енергија и државнички способности, без поголема сериозност го прифаќал и животот и својата владетелска должност и не му се противел на несреќниот развој на настаните кој бил во тек. Цариците Зоја и Теодора со кои го делел престолот сега за ништо не наидувале на ограничување. Непречено трошеле дршавни пари, заедно со безгрижниот цар.[4]

Кратко самостојно владеење и смрт уреди

Константин IX Мономах умрел на 11 јануари 1055 година. Власта уште еднаш ја презела Теодора. Таа била последна претставничка на македонскиот царски дом и со нејзината смрт, на почетокот на септември во 1056 г., исчезнала оваа славна династиј. За свој наследник Теодора, на смртниот одар го одредила Михаил кој бил чиновник веќе во години, кој се чини порано вршел должност на логотет стратиотик и поради тоа тој го носел прекарот Стратиотик.[5]

Наводи уреди

  1. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 386-387.
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 389.
  3. 3,0 3,1 Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 392.
  4. 4,0 4,1 Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 393.
  5. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.