Теодора Дукина Ватацина

Теодора Дукина Ватацина (грчки: Θεοδώρα Δούκαινα Βατάτζαινα, Theodora Doukaina Vatatzaina, 1240 - 4 март 1303) била византиска царица, сопруга на царот Михаил VIII Палеолог.

Теодора Дукина Ватацина
Теодора Дукина Ватацина
Роден(а)1240
Починал(а)Предлошка:Почиинал на
Благородно семејствоВатаци
Сопружник(ци)Михаил VIII Палеолог
ТаткоЈован Дука Ватаци
МајкаЕвдокија Ангелина

Семејство

уреди

Теодора била ќерка на Јован III Дука Ватаци (1215) и Евдокија Ангелина. Георги Акрополит соопштува дека родителите на Теодора починале порано (мајка ѝ последна умира во 1250 година) и малата Теодора била одгледана од Никејскиот цар Јован III Дука Ватаци, чичко на нејзиниот татко, кој ја сакал Теодора како сопствена ќерка.

Во 1253 Јован III ја омажил Теодора за Михаил Палеолог, кој бил внук на византискиот цар Алексиј III Ангел и Ефросина Дукина Каматерина. Благодарение на потеклото и квалитетите, сопругот на Теодора бргу се подигнал во империјалната хиерархија.

Теодора Ватацина и Михаил Палеолог имале седум деца:

По смртта на Јован III, власта во Никејската империја преминала во рацете на Теодор II Ласкарис. Новиот цар бил прв братучед на таткото на Теодора, поради што таа и сопругот ја уживале довербата на новиот цар.

Теодор II сепак ја остава администрацијата во рацете на бирократите од средната класа наместо во рацете на повисоките аристократи. Тоа е причина, против царот и неговиот прв министер - мегадоместика Георги Музалон, да се формира опозиција во лицето на благородниците. На чело на благородничките фракција застанува сопругот на Теодора. Во 1256 година Михаил Палеолог е фатен во заговор со султанот Кеикубад II и бил избркан од Никеја во Иконија. Не е познато дали Теодора го придружувала својот сопруг во егзил или останала во Никеја.

Во 1258 година Теодор II го отповикалМихаил назад во Никеја, давајќи гаранции за неговата безбедност. Михаил е рехабилитиран и е вратен на претходната позиција - командант на француските платеници.

Теодор II умира од епилепсија на 18 август 1258 и бил наследен од малолетниот Јован IV Ласкарис, втор братучед на Ирина. Царот управува преку регентството на Георги Музалон. Георги Музалон сепак е убиен и неговото место го окупира Михаил Палеолог, кој ја фокусира власта во свои раце. Така Теодора се мажи за новиот господар на Империјата.

Царица

уреди

На 1 јануари 1259 Михаил Палеолог бил прогласен за ко-цар на Јован IV. Михаил ја имал поддршката на старите сојузници од аристократската фракција и со онаа на Република Џенова.

На 25 јули 1261 година никејскиот војвода Алексиј Стратегопул успеал да го заземе Цариград, главен град на Латинското Царство по 1204 година. На 15 август 1261 Михаил Палеолог влегол триумфално во градот. Наскоро во Цариград пристигнале Теодора и децата нејзини. Во септември 1261 г. Михаил Палеолог бил крунисан за цар на Византија. Теодора била прогласена за царица и ја добила титулата августа.

На 25 декември 1261 година останатиот во Никеја Јован IV бил детронизиран и ослепен по наредба на Михаил VIII Палеолог.

Михаил VIII Палеолог починал на 11 декември 1282. Царицата Теодора го надживеала својот сопруг за речиси 21 години. Таа починала на 4 март 1303 година.

Надворешни врски

уреди
Теодора Дукина Ватацина
Роден(а): ок. 1240 Починал(а): 4 March 1303
Претходник
Елена Асенина
Византиска царица
1259–1282
со Ана Арпад (1273–1281)
Наследник
Ирина Монфератска