Јитербог

град во Германија

Јитербог (германски: Jüterbog) — историски град во североисточна Германија, во округот Телтов-Флеминг, во сојузната покраина Бранденбург. Се наоѓа на реката Нуте на северните падини на ридскиот масив Флеминг, околу 65 километри југозападно од Берлин.

Јитербог
Поглед на градот од црквата Св. Никола
Поглед на градот од црквата Св. Никола
Поглед на градот од црквата Св. Никола
Грб на Јитербог
Јитербог во рамките на Германија
Јитербог
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Телтов-Флеминг
Градоначалник Бернд Ридигер (СлДП)
Основни податоци
Површина 175,68 км2
Надм. височина 71 м
Население 12.423 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 71 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. TF (старо JB)
Пошт. бр. 14913
Повик. бр. 03372
Портал www.jueterbog.eu
Местоположба на градот Јитербог во рамките на округот Телтов-Флеминг
Карта
Карта
Координати 51°59′36″N 13°04′22″E / 51.99333° СГШ; 13.07278° ИГД / 51.99333; 13.07278

Историја

уреди
 
Црква во манастирот Цина
 
Порта Дамтор

Словенската населба Јутрибок била првпат спомената во 1007 од Титмар од Мерзебург, хроничар на надбискупот Тагино од Магдебург. Сепак не била дел од надбискупијата Магдебург до 1157 кога надбискупот Вихман фон Зебург изградил бургвард. Во 1170 Вихман исто така ја основал соседната опатија Цина и му доделил на Јитербог градски права во 1174. Областа останала енклава на Магдебург помеѓу Војводството Саксо-Витенберг и Маркгрофовијата Бранденбург во текот на средниот век.

Во Јитербог бил направен неуспешниот обид за ставање крај на Војната за наследството на Јилих со договор потпишан во март 1611 помеѓу Изборното кнежевство Саксонија и Бранденбург. Во ноември 1644 во текот на Триесетгодишната војна, во близина на градот шведските трупи ја поразиле царската војска. Иако надбискупијата Магдебург преминала во посед на Бранденбург-Прусија со Вестфалскиот мир во 1648, градот Јитербог преминал во Саксонија.

Битката кај Деневиц се случила на три километри југозападно од Јитербог на 6 септември 1813 во текот на Наполеоновите војни. На Виенскиот конгрес во 1815 градот му бил доделен на Кралството Прусија, кој подоцна бил администриран во рамките на покраината Бранденбург и станал гарнизон на пруската армија. Во 1871 станал дел од Германското Царство како дел од обединувањето на Германија.

За време на нацизмот, воената база во Јитербог била проширена и три околни села биле раселени со цел искористување на поголем простор за тренирање. При поделбата на Германија од 1945 до 1990, Јитербог бил дел од Источна Германија и останал важен гарнизонски град, сега на Црвената армија. До 40.000 советски војници биле сместени во касарните од нацистичко време и во нови згради во околината. Огромниот гарнизон, околу четири пати поголем отколку населението на градот, силно влијаел на граѓанскиот живот и градот бил неколкупати гранатиран при тренирање на војниците. Откако Црвената армија ја напуштила обединетата Германија во 1990, воената зона од 20.000 хектари останала затворена за јавноста поради безбедносни причини.[2]

Знаменитости

уреди

Градот е опкружен со средновековни ѕидини на кои има три порти. Има две протестантски цркви, од кои готската Св. Никола (XIV век) — позната по нејзините брода и вклучува зачуван ковчег на Јохан Тецел.

Исто така има и римокатоличка црква, старото градско собрание со скулптура на Св. Маврикиј од XVI век и современо училиште.

Опатијата Цина, цистецијанскиот манастир основан во 1170, се наоѓа на 3 километри северно од градот.

Сообраќај

уреди

Во 1841 Јитербог добил пристап до железничката линија Берлин-Анхалт. Денес станицата е сместена на раскрсница на железничката линија од Берлин до Витенберг и огранок до Фалкенберг/Елстер. Постои и железничка линија до Белиц и Берлин-Ванзе.

Познати луѓе

уреди

Меѓународни односи

уреди

Јитербог е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)
  2. Hauser, Beat (27 септември 2010). „Nachbarschaft mit Sprengkraft“. Spiegel Online. Посетено на 9 октомври 2010.