Лукенвалде
Лукенвалде (германски: Luckenwalde) — град и адмистративно седиште на округот Телтов-Флеминг во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Нуте северно од Флеминг, на источната граница со природниот парк Нуте-Ниплиц, околу 50 километри јужно од Берлин. Во градот влегуваат и селата Франкенфелде и Колценбург.
Лукенвалде | |
Градската црква Св. Јован | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Телтов-Флеминг |
Градски единици | 3 |
Градоначалник | Елизабет Херцог фон дер Хајде (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 46,75 км2 |
Надм. височина | 48 м |
Население | 20.839 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 446 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | TF |
Пошт. бр. | 14943 |
Повик. бр. | 03371 |
Портал | www.luckenwalde.de |
Местоположба на градот Лукенвалде во рамките на округот Телтов-Флеминг | |
Координати | 52°05′N 13°10′E / 52.083° СГШ; 13.167° ИГД |
Историја
уредиПоранешната словенска населба Лугкин (Lugkin) била освоена од маркгрофот Конрад Ветин во текот на Крстоносните походи против Словените во 1147. Замокот Лукенвалде бил првпат споменат во декрет од 1216 како бургвард на Бискупијата Бранденбург, бил стекнат од Опатијата Цина во 1285. Заедно со Цина останал под власта на Надбискупијата од Магдебург и неговиот наследник, пруското Војводство Магдебург пред да биде додаден на Маркгрофовијата Бранденбург во 1773.
Започнувајќи во 17 век, фабриките за облека и волна во Лукенвалде не добиле поттик до власта на кралот Фридрих II, кога се развиле како едни од најголемите во Германија. Други традиционални индустрии биле боење на памукот и правење бои, пиварници и металската индустрија. Во 1808, Лукенвалде официјално ги добил градските права.
Во 1923, архитектот Ерих Менделсон ја изградил фабриката за шапки Херман, пресвртница во експресионистичката архитектура. Во текот на Втората светска војна постоел камп за воените заробеници. Исто така имало и работен камп за цивили. Нацистите ги принудувале луѓето да работат за нив со закана за нивните семејства. Недостигот на храна и силната работа убила илјадници работници. Помеѓу нив имало Полјаци, Италијанци, Французи и многу други.
Родени во Лукенвалде
уреди- Ханс Фројдентал (1905-1990), математичар
- Катерина Рајхе (р. 1973), политичарка
- Илка Бесин (р. 1971), комедијант
- Руди Дучке (1940–1979), портпарол на германското движење во 1968, изразнат во Лукенвалде
Меѓународни односи
уредиЛукенвалде е збратимен со:
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)
„Лукенвалде“ на Ризницата ? |