Лукау
Лукау (германски: Luckau, долнолужички: Łuków) — град во округот Даме-Шпревалд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Поради неговата убавина бил наречен „Бисер на Долна Лужица“.
Лукау | |
Градското собрание во Лукау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Даме-Шпревалд |
Градоначалник | Хари Милер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 206,38 км2 |
Надм. височина | 65 м |
Население | 9.501 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 46 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LDS |
Пошт. бр. | 15926 |
Повик. бр. | 03544 |
Портал | www.luckau.de |
Местоположба на градот Лукау во рамките на округот Даме-Шпревалд | |
Координати | 51°51′0″N 13°43′0″E / 51.85000° СГШ; 13.71667° ИГД |
Потекло на името
уредиИмето има лужички корени со значење на мочуриште или плавна ливада, кои соодвествуваат на околината.
Историја
уредиНајстариот зачуван документ во кој се спомнува градот Лукау (користејќи го словенското име Луков) потекнува од годината 1276. Градот во подем станал еден од главните градови на Долна Лужица во 1492.
Со одредбите на Прашкиот мир во 1635 во текот на Триесетгодишната војна, Маркгрофовијата Долна Лужица била припоено кон Изборното кнежевство Саксонија, чија територија дотогаш припаѓала на Бохемија.
Во текот на Триесетгодишната војна, Швеѓаните го утврдиле градот како главна база. Претрпел огромни штети како последица на постојаните борби.
На 4 јуни 1813 во текот на Наполеоновите војни, предноста на француската армија била запрена со победата на руско-пруските сили и било склучено примирје во Плесвиц. Ова било кратко нарушено на 6 јуни со престрелката во борбата кај Лукау.
Додека наредил преглед на неговите трупи, Наполеон преноќил во Лукау во 1813.
Како последица на Виенскиот конгрес во 1815, Долна Лужица била предадена на Прусија, маркгрофовијата било распуштена, а самата област и градот Лукау биле припоени кон покраината Бранденбург.
Од 1816 до 1993 Лукау имал статус на окружен град. Сега е дел од руралниот округ Даме-Шпревалд, чиј главен град е Либен. Лукау е добро познат по својата бања (Moorbad), уште од почетокот на 20 век.
Знаменитости
уреди- Лутеранска црква Св. Никола
Готската двојна соборна црква била изградена во текот на периодот од 1375 до 1437. При пожарот на црквата во 1644 голем дел од средновековниот мебел бил уништен. Обновата на внатрешноста била предводена од архитектите Печ и Бергт во богат барокен стил. Органата, која е особено убава, била поставена од компанијата за органи во Лајпциг, Донат, во текот на 1672 - 1674. Околу 2002 биле преземени одредени реконструктивни зафати.
- Кула Хаусман со капелата Св. Ѓорѓи
Капелата и нејзиниот двор биле изградени во текот на 14 век, користени само за секуларни цели од реформацијата.
- Градски ѕидини
Голем дел од старите градски ѕидини од 13 и 14 век биле зачувани. Особено прекрасна е Црвената кула (Roter Turm).
- Барокни куќи
Убавиот плоштад е опкружен со бројни барокни градби. Некои од овие куќи се богати украсени од италијанските градители.
- Градско собрание
Градското собрание (Rathaus) било изградена во 17 век и подоцна изменето во неокласичен стил.
Сообраќај
уредиЛукау се наоѓа на сојузниот автопат A87 (Торгау-Франкфурт на Одра), A96 (Берлин-Цитау) и A102 (од Бранденбург на Хафел преку Јитербог).
Постои железничка станица на линијата Берлин-Дрезден.
Сместен околу 10 километри на исток од Лукау е излезот „Дубен“ на автопат А13.
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Лукау“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Црква Св. Никола Архивирано на 6 март 2006 г. (германски)
- Историја на Евреите во Лукау (германски)