Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред
Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.
Кичевско-мавровски партизански одред | |
---|---|
Активна | 21 мај 1943 - 23 септември 1943 |
Битки | НОБ |
Одредот е оформен на 21 мај 1943 година, од 46 борци од Мавровско-гостиварскиот народноослободителен партизански одред „Кораб“, Кичевскиот народноослободителен партизански одред „Козјак“ и Крушевскиот народноослободителен партизански одред „Питу Гули“. Партизаните на одредот влегуваат во судири кај селото Сливово на 23 мај, Невестински гроб на 30 мај, Пресека на 14 јуни, Карбуница на 20 јуни, и други. Откако одредот брои 70 борци, во текот на јули 1943 година разделен е на Мавровско-гостиварски народноослободителен партизански одред (Прв кичевски народноослободителен одред) и Кичевски народноослободителен одред (Втор кичевски народноослободителен одред). На 23 септември 1943 година одредот влегува во рамките на Кичевскиот народноослободителен баталјон.[1]
Првата жртва на одредот бил Драге Ристески од кичевското село Карбуница.[2]
Знамето на одредот е сошиено од група младинки, меќу кои е ѝ Љубица Богеска од Кичево.[3]
Команданти
уреди- Иван Дојчинов - командир
- Мино Богданов - политички комесар
- Златко Билјановски - заменик-политички комесар
- Мирко Милески
- Ели Аргировска
- Димитар Берберовски
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 697.
- ↑ Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 106.
- ↑ Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 44.