Џезаир Реџепи
Џезаир Реџепи (албански: Xhezair Rexhepi; Тануше, Гостиварско, 2 септември 1983) — македонски сликар, вајар и конзерватор.
Џезаир Реџепи | |
---|---|
Роден/а | 2 септември 1983 Тануше, Гостиварско |
Занимање | сликар, вајар, конзерватор |
Животопис
уредиРеџепи е роден во село Тануше, Горна Река на 2 септември 1983 година. Акaдемската наобразба ја добил на Факултетот за ликовни уметности во Тетово, a по завршувањето на Факултетот за ликовни уметности, својата работа од 2011 година ја посветил во Конзерваторскиот центар во Гостивар, но паралелно со конзерваторската активност забележително е и негово авторско творештво. Првата негова самостојна изложба била во Скопје во Културно Информативниот Центар во 2016 година, но изложувал и во Чифте амамот во 2017 година.[1] Живее и твори во Гостивар.
Наводи
уреди- ↑ „Изложба на скулптури од Џезаир Реџепи во Чифте амам“. Архивирано од изворникот на 2017-11-18. Посетено на 2017-11-17.
Надворешни врски
уреди- Еден ден со: Џезаир Реџепи - конзерватор, уметник — интервју на Gostivarpress