Стара Гечерлија
Стара Гечерлија (или само Гечерлија) — историско село на територијата на Општина Босилово, Струмичко, денес во атарот на поновото село Гечерлија.
Стара Гечерлија | |
Координати 41°30′44″N 22°44′34″E / 41.51222° СГШ; 22.74278° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Босилово |
Област | Огражден |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Географија
уредиСелото се наоѓало во подножјето на Огражден, меѓу Чанаклија и Хамзали, на 3 км северно од денешното село Гечерлија (Нова Гечерлија).[2]
Историја
уредиВо Османлиското Царство
уредиСпоред Манол Пандевски и Ѓорѓи Стоев, кои се повикуваат на името на селото и неговото историско муслиманско население, селото Гечерлија настанало во османлиско време.[3]
Во XIX век селото било чисто турско. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гучерља (Gutcherlya) е село со 15 домаќинства сочинети од 34 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Гечерли има 450 жители, сите Турци.[5]
Во предвечерието на Балканските војни (1912 – 1913) селото имало околу 80 куќи и една џамија.[2]
По избувнувањето на Првата балканска војна на 21 октомври 1912 г. селото е преземено од ВМОРО.[6] За време на Балканските војни муслиманското население е иселено.[7]
Во Бугарија и Југославија
уредиВо иселеното село се населиле Македонци христијани пребегани од Кукушко.[8][9]
Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 г. селото станало дел од Царството Бугарија.
Новите жители на селото биле поделени на православни и католици унијати и имаат посебни свештеници.[10] Православните биле побројни. Џамијата во селото е претворена во црква.[2]
Со Нејскиот мировен договор од 27 ноември 1919 г. е решено селото да влезе во Кралството СХС, што се случило во 1920 г.
Според пописот од 1921 г. селото имало 43 домаќинства сочинети од 219 жители.[2]
На почетокот на јануари 1924 г. во месноста Куковица (или Кукавица) на Огражден се одиграле битки помеѓу четници на ВМРО и српски сили. Според Јован Трифуноски од редовите на четниците загинале двајца селани. Според Димитар Галев од редовите на контрачетниците загинал Турчин од Нова Маала. По оваа борба селото е нападнато од властите. Разни жители на селото се убиени и тепани. Власта го пали селото и жителите останале без имот. Тогаш селото е иселено. Селаните се иселиле во градот или во други струмички села, а еден дел се преселиле во Бугарија.[2][11]
Во 1935 г. во Струмичкото Поле е основано денешното истоимено село Гечерлија како населба на српски колонисти.[12]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Трифуноски, Јован Ф (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник српског географског друштва (српски). LVI (2): 73.
- ↑ Пандевски, Манол; Стоев - Трнката, Ѓорѓи (1969). Струмица и Струмичко низ историјата. Струмица: Општински одбор на Соjузот на здружението на борците од НОБ - Струмица. стр. 106.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 188–189. ISBN 954-8187-21-3. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 161. ISBN 954430424X.
- ↑ Галев, Димитар (1991). Белиот терор во Југоисточна Македонија. I. Штип: Друштво за наука и уметност. стр. 207.
- ↑ Галев, Димитар (1991). Белиот терор во Југоисточна Македонија. I. Штип: Друштво за наука и уметност. стр. 212.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
- ↑ Пандевски, Манол; Стоев - Трнката, Ѓорѓи (1969). Струмица и Струмичко низ историјата. Струмица: Општински одбор на Соjузот на здружението на борците од НОБ - Струмица. стр. 297.
- ↑ Елдъров, Светлозар (2002). Католиците в България (1878-1989). Историческо изследване. София. стр. 227.
- ↑ Галев, Димитар (1991). Белиот терор во Југоисточна Македонија. II. Штип: Друштво за наука и уметност. стр. 268.
- ↑ Трифуноски, Јован Ф (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник српског географског друштва (српски). LVI (2): 74.