Список на канцелари на Германија

список на статии на Викимедија

Канцеларот на Германија е политички водач на Германија и претседател на сојузната влада. Функционерот е одговорен за изборот на другите членови на владата и претседава со состаноците на сојузната влада.

Должноста била создадена во Северногерманскиот Сојуз во 1867 година, кога Ото фон Бизмарк станал првиот канцелар. Со обединувањето на Германија во 1871 година, Сојузот прераснал во германска национална држава и должноста станала канцелар на Германија. Бизмарк, кој бил канцелар до 1890 година, е канцеларот со најдолг стаж на оваа функција до денес.

Првично, канцеларот бил единствено одговорен на царот. Ова се променило со уставната реформа во 1918 година, кога на парламентот му било дадено право да го разрешува канцеларот. Според Вајмарскиот устав од 1919 година, канцеларот требало да биде назначен од претседател, но бил одговорен на парламентот. Уставот бил надвор од функција во периодот 1933-1945, за време на нацистичкото диктаторство. Германскиот устав од 1949 година го направил канцеларот најмоќна личност во државата, истовремено намалувајќи ја улогата на претседателот.

Официјалниот назив на титулата гласела „сојузен канцелар“ (Bundeskanzler) во Северногерманскиот Сојуз и „царски канцелар“ (Reichskanzler) од обединувањето на Германија до повторното воведување на сојузен канцелар во 1949 година. Женската форма на титулата гласи сојузна канцеларка (Bundeskanzlerin). Титулата е често скратувана на канцелар (Kanzler) или женската форма канцеларка (Kanzlerin).

Од 22 ноември 2005 година, должноста ја врши Ангела Меркел, моментален водач на Христијанската демократска унија на Германија.

Северногермански Сојуз (1867–1871)

уреди

Политичка партија:       ниедна

Портрет Име
(роден-починал)
Мандат Политичка партија
Почнал Завршил Денови
  Гроф Ото фон Бизмарк
(1815–1898)
1 јули 1867 21 март 1871 1359 независен

Германско Царство (1871–1918)

уреди

Политичка партија:       Центар       SPD       ниедна

Портрет Име
(роден-починал)
Мандат Политичка партија
Почнал Завршил Денови
  Принц Ото фон Бизмарк
(1815–1898)
21 март 1871 20 март 1890 6939 независен
  Гроф Лео фон Каприви
(1831–1899)
20 март 1890 26 октомври 1894 1681 независен
  Принц Хлодвиг цу Хоенлое-Шилингсфирст
(1819–1901)
29 октомври 1894 17 октомври 1900 2179 независен
  Принц Бернхард фон Билов
(1849–1929)
17 октомври 1900 14 јули 1909 3192 независен
  Теобалд фон Бетман-Холвег
(1856–1921)
14 јули 1909 13 јули 1917 2921 независен
  Георг Михаелис
(1857–1936)
14 јули 1917 1 ноември 1917 110 независен
  Гроф Георг фон Хертлинг
(1843–1919)
1 ноември 1917 30 септември 1918 333 Центар
  Принц Максимилијан Баденски
(1867–1929)
3 октомври 1918 9 ноември 1918 37 независен
  Фридрих Еберт
(1871–1925)
9 ноември 1918 13 февруари 1919 96 Социјалдемократи

Револуционерен период (1918–1919)

уреди

На 9 ноември 1918 година, канцеларот Максимилијан Баденски ја предал власта на Фридрих Еберт. Еберт продолжил да дејствува како претседател на владата во текот на три месеци помеѓу крајот на Германското Царство во ноември 1918 година и првиот собир на Народното собрание во февруари 1919 година, но не ја користел титулата на канцелар.

Во овој период, Еберт исто така служел како претседавач на Советот на народни делегати, заедно со Хуго Хазе, независен социјалдемократ, до 29 декември 1918 година.

Вајмарска Република (1919–1933)

уреди

Политичка партија:       SPD       Центар       DVP       ниедна

Портрет Име
(роден-починал)
Мандат Политичка партија Влада Рајхстаг
Почнал Завршил Денови
  Филип Шајдеман
(1865–1939)

како царски министер-претседател (Reichsministerpräsident)

13 февруари 1919 20 јуни 1919 127 Социјалдемократи Шајдеман
SPDDDPZ
(Вајмарска коалиција)
Нац.Соб.
(1919)
  Густав Бауер
(1870–1944)

како царски министер-претседател (Reichsministerpräsident) до 14 август 1919 г.
(извршување на Вајмарскиот устав);
потоа како царски канцелар (Reichskanzler)

21 јуни 1919 26 март 1920 279 Социјалдемократи Бауер
SPDDDPZ
(Вајмарска коалиција)
  Херман Милер (1. мандат)
(1876–1931)
27 март 1920 8 јуни 1920 73 Социјалдемократи Милер I
SPDDDPZ
(Вајмарска коалиција)
  Константин Ференбах
(1852–1926)
25 јуни 1920 4 мај 1921 313 Центар Ференбах
ZDDPDVP
1
(1920)
  Јозеф Вирт
(1879–1956)
10 мај 1921 14 ноември 1922 553 Центар Вирт I
ZSPDDDP
(Вајмарска коалиција)
Вирт II
ZSPDDDP
(Вајмарска коалиција)
  Вилхелм Куно
(1876–1933)
22 ноември 1922 12 август 1923 263 независен Куно
нез.–DVPDDPZBVP
  Gustav Stresemann
(1878–1929)
13 август 1923 30 ноември 1923 109 Германска народна партија Штреземан I
DVPSPDZDDP
Штреземан II
DVPSPD[1]ZDDP
  Вилхелм Маркс (1. мандат)
(1863–1946)
30 ноември 1923 15 јануари 1925 412 Центар Маркс I
ZDVPBVPDDP
Маркс II
ZDVPDDP
2
(мај 1924)
  Ханс Лутер
(1879–1962)
15 јануари 1925 12 мај 1926 482 Германска народна партија Лутер I
DVPDNVP[2]ZDDPBVP
3
(дек. 1924)
Лутер II
DVPZDDPBVP
  Вилхелм Маркс (2. мандат)
(1863–1946)
17 мај 1926 12 јуни 1928 757 Центар Маркс III
ZDVPDDPBVP
Маркс IV
ZDNVPDVPBVP
  Херман Милер (2. мандат)
(1876–1931)
28 јуни 1928 27 март 1930 637 Социјалдемократи Милер II
SPDDVPDDPZBVP
4
(1928)
  Хајнрих Брининг
(1885–1970)
30 март 1930 30 мај 1932 792 Центар Брининг I
ZDDPDVPWFBVPKVP
5
(1930)
Брининг II
ZDSPBVPKVP–CLV
  Франц фон Папен
(1879–1969)
1 јуни 1932 17 ноември 1932 169 Центар
до 3 јуни 1932 г.
независен
Фон Папен
нез.–DNVP
6
(јули 1932)
  Курт фон Шлајхер
(1882–1934)
3 декември 1932 28 јануари 1933 57 независен Фон Шлајхер
нез.–DNVP
7
(ное. 1932)

1 SPD се повлекла од владата на Штреземан II на 3 ноември 1923 г. 2 DNVP се повлекла од владата на Лутер I на 26 октомври 1925 г.

Трет Рајх (1933–1945)

уреди

Политичка партија:       NSDAP       ниедна

Портрет Име
(роден-починал)
Мандат Политичка партија Влада Рајхстаг
Почнал Завршил Денови
  Адолф Хитлер
(1889–1945)
30 јануари 1933 30 април 1945 4473 Националсоцијалистичка германска работничка партија Хитлер
NSDAPDNVP
8(март 1933)
9 (ное. 1933)
10 (1936)
11 (1938)
Фирер и царски канцелар (претседател на државата и владата) од 2 август 1934 г.
Германската национална народна партија (DNVP) била распуштена во 1933 г., нејзините министри се приклучиле на Нацистичката партија.
Сакал да постигне нов поредок, што довело до Втората светска војна. Извршил самоубиство во канцеларијата.
  Јозеф Гебелс
(1897–1945)
30 април 1945 1 мај 1945 1 Националсоцијалистичка германска работничка партија (Предложена влада во
тестаментот на Хитлер
но никогаш не заседавала)
Предложен канцелар во тестаментот на Хитлер; извршил самоубиство следниот ден.
  Лудвиг Шверин фон Крозиг
(1887–1977)
(водечки министер во Фленсбуршката влада)
2 мај 1945 23 мај 1945 21 ниедна
(независен конзервативец)
Шверин фон Крозиг
нез.–NSDAP
Водечки министер во Фленсбуршката влада; барал доверба кај западните сојузници. Уапсен; владата распуштена.

Сојузна Република (од 1949)

уреди

Во 1949 година постоеле три посебни германски држави: Сојузна Република Германија (позната како Западна Германија), Сар, кој се приклучил на Сојузната Република во 1956 г. и Германска Демократска Република (позната како Источна Германија). Списокот подолу ги дава канцеларите на Сојузната Република; владата на Источна Германија била предводена од претседавач на Советот на министри. Во 1990 година, Источна Германија била распуштена, а нејзините покраини припоени кон Сојузната Република.

Политичка партија:       CDU       SPD       FDP

# Портрет Име
(роден-починал)
Мандат Политичка партија Влада Бундестаг
Почнал Завршил Денови
1   Конрад Аденауер
(1876–1967)
20 септември 1949 20 октомври 1953 5144 Христијанска демократска унија
(CDU)
I CDU/CSUFDPDP 1(1949)
20 октомври 1953 29 октомври 1957 II CDU/CSUFDP/FVP[3]
DPGB/BHE[3]
2(1953)
29 октомври 1957 14 ноември 1961 III CDU/CSUDP[4] 3 (1957)
14 ноември 1961 13 декември 1962 IV CDU/CSUFDP 4 (1961)
14 декември 1962 11 октомври 1963 V
Основачот на Сојузната Република, Аденауер тежнеел кон конзервативни и прозападни политики.
2   Лудвиг Ерхард
(1897–1977)
17 октомври 1963 26 октомври 1965 1142 Без партиско членство;[1]
поврзуван со

Христијанската демократска унија
(CDU)
I CDU/CSUFDP[5] 4 ( ···· )
26 октомври 1965 30 ноември 1966 II 5 (1965)
Како министер за економија, Ерхард го надгледувал економското чудо, пред неговиот тригодишен мандат како канцелар.
3   Курт Георг Кизингер
(1904–1988)
1 декември 1966 21 октомври 1969 1055 Христијанска демократска унија
(CDU)
I CDU/CSUSPD
Голема коалиција)
5 ( ···· )
Кизингер ја предводел првата голема коалиција во Сојузната Република.
4   Вили Брант
(1913–1992)
22 октомври 1969 15 декември 1972 1659 Социјалдемократска партија на Германија
(SPD)
I SPDFDP 6 (1969)
15 декември 1972 7 May 1974 II 7 (1972)
Прв канцелар на SPD од 1930 година, Брант ја предводел социјал-либералната коалиција. Водел нова источна политика.
  Валтер Шел
(р. 1919)
(вршител на должноста)
7 мај 1974 16 мај 1974 9 Слободна демократска партија
(FDP)
FDPSPD 7 ( ···· )
Како заменик канцелар на Брант, Шел служел како вршител на должноста по оставката на Брант.
5   Хелмут Шмит
(р. 1918)
16 мај 1974 14 декември 1976 3060 Социјалдемократска партија на Германија
(SPD)
I SPDFDP[6] 7 ( ···· )
16 декември 1976 4 ноември 1980 II 8 (1976)
6 ноември 1980 1 октомври 1982 III 9 (1980)
Шмит го наследил Брант на чело на социјал-либералната коалиција, додека FDP не излегла од неа.
6   Хелмут Кол
(р. 1930)
1 октомври 1982 29 март 1983 5870 Христијанска демократска унија
(CDU)
I CDU/CSUFDP 9 ( ···· )
30 март 1983 11 март 1987 II 10 (1983)
12 март 1987 18 јануари 1991 III CDU/CSUFDPDSU[7] 11 (1987)
18 јануари 1991 17 ноември 1994 IV CDU/CSUFDP 12 (1990)
17 ноември 1994 27 октомври 1998 V 13 (1994)
Кол го имал вториот најдолг мандат по Бизмарк; ја надгледувал повторното обединување на Германија во 1990 година.
7   Герхард Шредер
(р. 1944)
27 октомври 1998 22 октомври 2002 2583 Социјалдемократска партија на Германија
(SPD)
I SPDЗелени 14 (1998)
22 октомври 2002 22 ноември 2005 II 15 (2002)
Шредер го одбележал доаѓањето на власт на генерацијата од ’68; ја предводел црвено-зелената коалиција.
8   Ангела Меркел
(р. 1954)
22 ноември 2005 28 октомври 2009 6944 Христијанска демократска унија
(CDU)
I CDU/CSUSPD
Голема коалиција)
16 (2005)
28 октомври 2009 17 декември 2013 II CDU/CSUFDP 17 (2009)
17 декември 2013 14 март 2018 III CDU/CSUSPD
Голема коалиција)
19 (2017)
14 март 2018 8 декември 2021 IV CDU/CSUSPD
Голема коалиција)
18 (2013)
Првата жена канцелар и прв канцелар од поранешната Источна Германија, ја предводела големата коалиција во повеќе мандати.
9   Олаф Шолц
(р. 1958)
8 декеври
2021
на должноста Предлошка:Age in years and days nts Социјалдемократска партија
(SPD)
Шолц
SPD–Зелени–FDP
20 (2021)

3 FDP се повлекла од владата на Аденауер II на 23 февруари 1956 година, но нејзините министри ја основале FVP и останале во владата. Нејзините министри пребегнале во CDU во 1956 година. 4 DP се повлекла од владата на Аденауер III во јули 1960 година. 5 FDP се повлекла од владата на Ерхард II на 28 октомври 1966 година. 6 FDP се повлекла од владата на Шмит III на 17 септември 1982 година. 7 По повторното обединување на Германија, Ханс Јоахим Валтер на источногерманската DSU се приклучил на владата на Кол III на 3 октомври 1990 година.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди