Список на епизоди од Девојките Гилмор

список на статии на Викимедија

Ова е список на епизоди од американската серија Девојките Гилмор

Сезона 1: 2000-2001

уреди
# Наслов Дата на емитување (  Македонија) Код
1 „Pilot“ 
„Пилот“
1 јули, 2008226730
Рори е примена во елитно училиште, но мајка ѝ нема доволно пари да плати. Лорелај е приморана да побара помош од нејзините богати родители, кои прифаќаат под еден услов: секој петок да доаѓаат на вечера. 
2 „The Lorelais' First Day at Chilton“ 
„Првиот ден на девојките во Чилтон“
2 јули, 2008226701
Првиот ден на Рори во Чилтон е исполнет со стресови. Лорелај се успива за големиот ден, па мора да оди неприлагодно облечена во училиштето. 
3 „Kill Me Now“ 
„Убиј ме сега“
3 јули, 2008226702
Рори мора да оди на некој спорт. Емили го тера Ричард да ја однесе Рори во клубот, и таа ужива. 
4 „The Deer Hunters“ 
„Ловци на елени“
4 јули, 2008226703
Рори добива двојка на тестот по англиски јазик и мора да се спрема за тест за Шекспир. Но, на денот на тестот, таа се успива и не стигнува на време. 
5 „Cinnamon's Wake“ 
„Бреењето на Цинемон“
7 јули, 2008226704
Рори ја открива пријателската врска на Лорелај и Макс. Рори и Дин почнуваат да се забавуваат, а Лорелај дознава за тоа од друга страна. Мачката од соседството, Цинемон, починува. 
6 „Rory's Birthday Parties“ 
„Роденденските забави на Рори“
8 јули, 2008226705
Емили ѝ приредува роденденска забава во стилот на Чилтон на Рори. Следниот ден, и Лорелај ѝ приредува забава на која присуствуваат нејзините баба и дедо; Емили сфаќа дека пропуштила многу од животот на Лорелај. 
7 „Kiss and Tell“ 
„Бакни и кажи“
9 јули, 2008226706
Рори го доживува својот бакнеж во супермаркет; со Дин. Целиот град зборува за тоа, а Рори ѝ нема кажано на Лорелај, која дознава од г-ѓа Ким. 
8 „Love and War and Snow“ 
„Љубов, војна и снег“
10 јули, 2008226707
Почнува да снежи на првиот состанок на Лорелај и Макс. Лејн ѝ е лута на Рори бидејќи само мисли на Чилтон и на Дин. 
9 „Rory's Dance“ 
„Танцот на Рори“
11 јули, 2008226708
Во Чилтон се приредува танц на кој доаѓаат Рори и Дин, со што потврдуваат дека се момче и девојка. Емили преспива кај Лорелај таа вечер, бидејќи Лорелај има повреда на грбот. Рори и Дин не сакајќи се успиваат и Рори си доаѓа дома во пет наутро, што ја наведува Емили да помисли дека имале секс. 
10 „Forgiveness and Stuff“ 
„Простување и слично“
14 јули, 2008226709
Ричард доживува срцев удар на божикна забава на која Лорелај не била поканета, а Рори да. Итната помош ги наведува Лорелај и Емили да си простат, а ги зближува и Лук и Лорелај. 
11 „Paris Is Burning“ 
„Париз гори“
15 јули, 2008226710
Со намера да раскине со Макс, Лорелај оди на родителската средба, но сепак ќе се бакне со него и Париз ќе ги види. Суки почнува да се забавува со Џексон. 
12 „Double Date“ 
„Двоен состанок“
16 јули, 2008226712
Лејн е убедена дека најдобриот пријател на Дин е вистинскиот за неа, ја убедува Рори да излезат на двоен состанок. 
13 „Concert Interruptus“ 
„Прекини на концертот“
17 јули, 2008226711
Лорелај, Суки, Рори и Лејн планираат да одат на концерт на The Bangles, но мајка ѝ на Лејн дознава, и ѝ забранува да оди. Лорелај и Суки исто се откажуваат за Рори да може да ги поведе Медлин, Луиз и Париз, што тргнува наопаку кога Медлин и Луиз ќе отидат на друга забава со момчиња. 
14 „That Damn Donna Reed“ 
„Таа проклета Дона Рид“
18 јули, 2008226715
Дин и Рори се расправаат за тоа што тој ги оправдува 1950-тите. Лорелај ѝ признава на Емили дека е можно да чувствува нешто кон Лук. 
15 „Christopher Returns“ 
„Кристофер се враќа“
21 јули, 2008226713
Кристофер Хајден, таткото на Рори, доаѓа во кратка посета на Старс Холоу. По драматична вечера со Ричард, Емили и Строуб и Френсин (родителите на Кристофер), Лорелај и Кристофер водат љубов на балконот. Кристофер ја запросува, но таа одбива. 
16 „Star-Crossed Lovers and Other Strangers“ 
„Стари љубови и други странци“
22 јули, 2008226714
Рори и Дин слават три месеци врска, но тоа се уништува кога Рори нема да може да ги каже оние два збора. Лорелај сфаќа дека чувствата кон Макс сѐ уште ѝ се присутни. Старата љубов на Лук, Рејчел, се враќа. И покрај чувствата што ги има кон Макс, Лорелај е љубопитна да знае колку време Рејчел ќе остане, и дали Лук сака таа да остане. Се нервира кога Лук ѝ вели дека не знае. 
17 „The Breakup, Part 2“ 
„Раскинувањето, втор дел“
23 јули, 2008226716
Рори се обидува да го заборави Дин. Лорелај и Макс повторно спијат заедно и одлучуваат да почнат повторно да излегуваат. 
18 „The Third Lorelai“ 
„Третата Лорелај“
24 јули, 2008226717
На мајката на Ричард, првата Лорелај, не ѝ се допаѓа тоа што Емили и Лорелај не се согласуваат. 
19 „Emily in Wonderland“ 
„Емили во земјата на чудата“
25 јули, 2008226718
Рори ѝ го покажува Старс Холоу на Емили, која е запрепастена од претходното живеалиште на Рори и Лорелај. 
20 „P.S. I Lo...“ 
„П.С. Те са...“
28 јули, 2008226719
Рори и Лорелај се расправаат, и Рори со такси оди кај Ричард и Емили. Лорелај разговара со Дин за тоа зошто раскинале, и ја соочува Рори со прашањето зошто не може да каже „те сакам“. 
21 „Love, Daisies and Troubadours“ 
„Љубов, маргаритки и трубадури“
29 јули, 2008226720
Рејчел повторно си заминува бидејќи Лук ѝ признава дека чувствува нешто кон Лорелај. Тие се само пријатели, но тој сепак нешто чувствува. Рејчел му порачува да не чека многу време за да ѝ признае на Лорелај. Рори конечно му ги кажува зборовите на Дин што сака да ги слушне. Макс има 1000 маргаритки и прашање за Лорелај. 

Сезона 2: 2001-2002

уреди

Сезона 3: 2002-2003

уреди

Сезона 4: 2003-2004

уреди

Сезона 5: 2004-2005

уреди

Сезона 6: 2005-2006

уреди

Сезона 7: 2006-2007

уреди