Девојките Гилмор
Девојките Гилмор (Gilmore girls) е американска телевизиска серија создадена од Ејми Шерман – Паладино, со Лорен Грем и Алексис Бледел во главните улоги. Серијата оригинално се емитуваше на каналот Ворнер Брос од 5 октомври 2000 година до 15 мај 2007, комплетирајќи седум сезони.
Девојките Гилмор | |
---|---|
Создадена од | Ејми Шерман - Паладино |
Улоги | Лорен Грем Алексис Бледел Скот Патерсон Кели Бишоп Едвард Херман |
Воведна тема | "Where you lead" од Керол Кинг и Луис Гофин |
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик | Англиски |
Бр. на сезони | 7 |
Бр. на епизоди | 153 (список на епизоди) |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Ејми Шерман - Паладино (1-6 сезона) Дејвид С. Розентал (7-ма сезона) |
Времетраење | 41 min |
Прикажување | |
Првична мрежа | Канал Ворнер Брос (2000-2006) Канал CW (2006-2007) |
Сликов формат | 1080i (HDTV) |
Првично прикажување | 5 октомври 2000 – 15 мај 2007 |
Мрежна страница | www2.warnerbros.com/gilmoregirls/ |
Девојките Гилмор е приказна за самохраната мајка Лорелај Гилмор и нејзината ќерка Рори, кои живеат во фиктивниот град Старс Холоу во Конектикат. Во серијата се обработуваат семејни и пријателски теми, како и генерациски јаз и социјални класи. Дијалозите во серијата имаат многу брзо темпо. Во нив често се спомнуваат детали од поп-културата, политиката и високата класа, кои најдобро се манифестираат со тешкиот однос на Лорелај и нејзините родители, кои се од висока класа.
Надворешни врски
уреди- Official Официјална страна на Каналот Ворнер Брос
- Official Gilmore Girls Страна на каналот ЕјБиСи Фемили
Оваа статија за телевизија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |