Општина Лабуништа

Општина Лабуништапоранешна рурална општина во Западна Македонија, создадена во 1996 година,[2] а престанала да постои согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена со Општина Струга. Центар на општината било селото Лабуништа.[2]

Општина Лабуништа
денес дел од Општина Струга


Местоположба на поранешната општина Лабуништа.
Знаме на Општина Лабуништа Грб на Општина Лабуништа
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Лабуништа
Површина н.п. км2
Демографија
Население 8.935[1] жит.
Густина н.п. жит./км2
Населени места
Самоуправа
Градоначалник н.п.
Совет 9 члена
Контактни податоци

Населени места уреди

Во Општина Лабуништа спаѓале следниве села: Бороец, Лабуништа, Подгорци и Ташмаруништа.

Демографија уреди

Според пописот од 2002 година, општината имала 8.935 жители. Според пописот од 2002 година, најголема етничка група биле Албанците (Македонци-муслимани)[1]:

етничка група припадници
Македонци 1.149
Албанци* 4.935
Турци* 1.618
Роми 3
Власи 8
Срби 1
Бошњаци 72
останати 1.149
Забелешка: Населението е воглавно составено од Македонци-муслимани кои поради политичко-религиски причини се изјасниле како Албанци или Турци.

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[1]:

јазик говорници
македонски 7.696
албански 1.017
турски 102
српски 3
босански 1
останати 116

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[1]:

религија следбеници
православни 783
муслимани 8.061
католици 3
протестанти 1
останати 87

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Попис на населението: јазик и религија“ (PDF). Посетено на 2011-08-17.
  2. 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определувања на подрачјата на единиците на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано уреди