Тахитски јазици: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова статија
(нема разлика)

Преработка од 14:53, 12 декември 2008

Тахитски јазици е група на источни полинезиски јазици во рамките на централната источна гранка. (другите два члена на централната источна гранка се рапанскиот јазик, зборуван на островот Рапа Ити, и маркеските јазици).

Тахитски
Географска
распространетост:
Полинезиски острови
Класификација:австронезиски
Гранки:
Мориорски (веројатно мртов)

Двата најважни јазика од оваа група по бројот на говорници се тахитискиот и новозеландскиот маорски јазик. Тахитскиот е главен јазик на Општествените Острови, а се користи и како лингва франка ширум сета Француска Полинезија, додека пак маорскиот се зборува од многубројното маорско малцинство во Нов Зеланд, каде ужива подеднаков статус на официјален јазик заедно со англискиот.

Еве ги другите јазици од оваа група:

Австралски (или тубуиански), зборуван на Австралските Острови
Мориорски, на Четемските Острови на Нов Зеланд
пенрински (или тонгаревански), зборуван на Пенрин (Тонгарева) во рамките на северните Кукови Острови
Раротонгански, кој се зборува на јужните Кукови Острови
Ракаханганско-манихикиски, зборуван на Ракаханга и Манихики во рамките на северните Кукови Острови
Туамотуански, кој се зборува ширум архипелагот [Туамоту]] во Француска Полинезија, со исклучок на Пука-Пука и Островите на Разочарувањето.
Главни подгрупи на источните полинезиски јазици
Главни подгрупи на источните полинезиски јазици


Надворешни врски