Тахитски јазик

(Пренасочено од Тахитиски јазик)

Тахитскиот (Reo Mā`ohi или Reo Tahiti) е полинезиски јазик, дел од групата на тахитски јазици. Тахитскиот воглавно се зборува на Друштвените Острови во Француска Полинезија. Јазикот е еден од поголемите и позначајни полинезиски јазици и лингва франка за Француска Полинезија.

Тахитски јазик
Reo Tahiti
Reo Mā'ohi
Застапен воФранцуска Полинезија
НародТахиќани
Говорници(124,000 во 1977 г.)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-1ty
ISO 639-2tah
ISO 639-3tah

Азбука

уреди

Главна одлика за тахитскиот е малиот број фонеми. Јазикот има пет самогласки и девет согласки несметајќи ги долгите самогласки и дифтонзи.

буква име изговор белешка
МФА македонски екв.
a ’ā /a/, /ɑː/ авион, таа
e ’ē /e/, /eː/ се, сее
f /f/ фрла станува билабијалан [ɸ] по o и u
h /h/ храна станува [ʃ] (ш) по i и пред o или u
i ’ī /i/, /iː/ инка може да се претвори во дифтонг ai во некои зборови
m /m/ мој
n /n/ нос
o ’ō /ɔ/, /oː/ освен, координација
p /p/ песна
r риба -
t /t/ тиква
u ’ū /u/, /uː/ уво, долга у
v /v/ век станува билабијална ([β]) по o и u
’eta /ʔ/ нема грлен глас

Зборовен фонд

уреди

Во прилог следува табела со одредени тахитски зборови и нивните македонски значења:

тахитски англиски
ʻIa ora na здраво
Haere mai, maeva, manava добредојде
parahi довидување
nana чао, пријатно
ʻE да
ʻAita не
mauruuru roa благодарам многу
mauruuru благодарам, фала
ʻE aha te huru? Како си?
matai'i добро
matai'i roa многу добро
tane маж
vahine жена
fenua земја
ra'i небо
vai вода
āuahi оган
ʻamu јаде
inu пие
po ноќ
mahana ден, сонце
moana океан, море

Наводи

уреди
  • Y. Lemaître, Lexique du tahitien contemporain, 1973. ISBN 2-7099-0228-1
  • same; 2nd, reviewed edition, 1995. ISBN 2-7099-1247-3
  • T. Henry, Ancient Tahiti – Tahiti aux temps anciens
  • D.T. Tryon, Conversational Tahitian; ANU 1970

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди