Славејче или славеј (науч. Luscinia megarhynchos) — мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата. Таа е континентална птица позната по својата убава песна. Славејчето го има во Македонија.

Опис

уреди
 
Славејче
 
Luscinia megarhynchos

Славејчето е малку поголемо од црвеногушката, долго 15-16,5 см. Светлокафено е одозгора, освен црвеникавата опашка. Одоздола е кремастобело. Половите се слични. Источните подвидови L. m. hafizi и L. m. africana се посветли одозгора со поизразена украсеност на лицето. Песната на славејчето[2] е опишана како еден од најпрекрасните звуци во природата, и служи како инспирација на создавање музика, приказни, опери, поезија.[3]

Распространетост и живеалиште

уреди

Славјчето е птица преселничка која се храни со инсекти и се размножува и е природен жител на шумовитите предели и грмушките во Европа и југозападна Азија, и не е природна неговата распространетост во Америка. Гнезди на земја во близина, или на самите грмушки. Зимува во јужна Африка. За географските параметри на живеалиштето, од рајнската област во Германија, се согласуваат со неколку параметри:.[4]

  • живее на помалку од 400 м надморска височина;
  • кога растат, температурата на воздухот не може да биде под 14 °C;
  • повеќе од 20 дена годишно температурите да бидат над 25 °C;
  • годишните врнежи да бидат помалку од 750 мм;
  • индексот на влажност да е помал од 0.35;
  • да нема затворена крошна на дрвјата.

Поведение

уреди

Англискиот назив на птицата Nightingales (ноќна песнопојка), потекнува од тоа што птицата пее и ноќе исто како и дење. Тоа име се користи повеќе од 1000 години. Порано писателите мислеле дека женките пејат, а тоа се всушност мажјаците. Песната е гласна, со импресивна палета на свиркање, треперење и црцорење. Таа е особено забележлива во текот на ноќта, затоа што и неколку други птици пеат. Само неспарените мажјаци пеат редовно во текот на ноќта, и ноќната песна веројатно служи за да се привлече партнер. Пеењето, пак, во раните утрински часови, точно пред изгрејсонце, се претпоставува дека е важно за одбраната на територијата на птиците. Славејчињата уште погласно пеат во урбаните или во места близу до урбаните за да ја надминат градската бучава.

Размножување

уреди

Славејот пристигнува на местото за размножување во почетокот на април. Прво доаѓаат мажјаците околу 28 март, а женките пристигнуваат околу 12 април. Тие се територијални птици. Гнездото го поставуваат на ниско на дното на гранките или во грмушките, и го гради главно од стари листови,а внатрешниот дел е послан со тенки тревички. Обично, годишно имаат по две легла. Женката несе 4-5 темнозелени јајца кои се изведуваат по 14 дена. По изведувањето пилињата брзо добиваат пердуви, а на дванаесеттиот ден почнуваат да го напуштаат гнездото.

Славејот во уметноста и во популарната култура

уреди

Славејот е важен симбол на поетите од различни времиња, со различни симболички значења. Хомер, на пример го прикажува славејот во „Одисејата“, во делот што укажува на митот за Филомела и Прокне, каде Зевс ги казнува претворајќи ги едната во славеј, другата во ластовичка.[5][6] Истиот мит е во фокусот на Софоклевата трагедија „Тереј“. Овидиј, исто така, во своите „Преобразби“, ја вклучува најпопуларната верзија од овој мит.[7] Поради насилствата поврзани со митот, песната на славејот долго време била толкувана како жална. Во ренесансата, еден од расказите во „Декамерон“ од Бокачо се вика „Славејчето“[8][9]
Славејот, исто така, е инспирација за поетите.[10] Поетите го избраат славејот како симбол, зарди неговата креативна и навидум спонтана песна. Вергилиј ја споредува тагата на Орфеј со „жалната песна на славејот“.[11] Шекспир во Сонет 102, ја споредува својата љубовна поезија со песната на славејот, спомнувајќи го митот за Филомела. За време на романтизмот симболиката на птицата се смени уште еднаш: поетите го гледале славејот не само како поет, сам за себе, туку како „господар на вишата уметност, кој му дава вдахновение на човечкиот поет“. Во Македонија, најстариот и најпопуларниот фестивал за детски песни се вика „Златно славејче“, јасно симболизирајќи и поврзувајќи го пеењето на децата со песната на славејот.

Славејот како тема во книжевноста

уреди

Славејот како тема во музиката

уреди
  • „Славеј“ (Nightingale) - песна на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1975 година.[30]
  • Пијан славеј“ - песна од истоимениот албум на македонската група „Фолтин“ од 2015 година.[31]
  • „Билбил“ - песна на македонските музичари [[Елена Христова и Горан Трајкоски од 2011 година.[32]
  • „Биљбило пее по росата“ - македонска народна песна.[33]
  • „Саноќ ми билбил пропеа“ - македонска народна песна.[34]

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Luscinia megarhynchos. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.
  2. British Library Sound Archive. British wildlife recordings: Nightingale, пров. на 29 мај 2013
  3. Maxwell, Catherine. "The Female Sublime from Milton to Swinburne: Bearing Blindness", Manchester University Press, 2001, pp. 26–29 ISBN 0719057523
  4. (германски) Wink, Michael (1973): " Die Verbreitung der Nachtigall (Luscinia megarhynchos) im Rheinland". Charadrius 9(2/3): 65-80. (PDF)
  5. Salisbury, Joyce E. (2001), Women in the ancient world, ABC-CLIO, стр. 276, ISBN 978-1-57607-092-5
  6. Chandler, Albert R. (1934), „The Nightingale in Greek and Latin Poetry“, The Classic Journal, The Classical Association of the Middle West and South, Inc., XXX (2): 78–84
  7. Eliot, T.S. (1964), The Waste Land and Other Poems (Signet Classic. изд.), New York, NY: Penguin Group, стр. 32–59, ISBN 978-0-451-52684-7
  8. http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2009/10/blog-post_09.html
  9. „Славејчето“, во: Џовани Бокачо, Декамерон. Скопје: Македонска книга и Мисла, 1988, стр. 119-124.
  10. Shippey, Thomas (1970), „Listening to the Nightingale“, Comparative Literature, Duke University Press, XXII (1): 46–60
  11. Doggett, Frank (1974), „Romanticism's Singing Bird“, Studies in English Literature 1500-1900, Rice University, XIV (4): 568
  12. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 54.
  13. Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 36-37.
  14. Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987, стр. 20.
  15. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 78.
  16. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 44-45.
  17. Doggett, Frank (1974), „Romanticism's Singing Bird“, Studies in English Literature 1500-1900, Rice University, XIV (4): 570
  18. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 61.
  19. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 205.
  20. Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 90.
  21. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 22.
  22. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 54-55.
  23. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 268.
  24. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 148.
  25. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 35.
  26. „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
  27. Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
  28. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 56.
  29. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 43.
  30. Roxy Music ‎– Siren (пристапено на 27.12.2017)
  31. YouTube, FOLTIN - Pijan Slavej (пристапено на 27.12.2017)
  32. Elena Hristova, Goran Trajkoski, Bioscopia, SJF Records 131, 2011.
  33. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 117.
  34. Macedonian Folklore Classics, Aleksandar Sarievski. Macedonian Radio and Television.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: