Столбот на чумата
Столбот на чумата (чешки: Morový sloup) - збирка песни на чешкиот поет Јарослав Сајферт. Првобитно, збирката била објавена во 1968-1970 година, но дефинитивната верзија излегла од печат во 1977 година.
Содржина
уредиЗбирката ги содржи следниве песни:[1]
- На едно од своите дамнешни предавања
- Крикот на плашилото
- Местото на поклонението
- Каналската градина
- Столбот на чумата
- Вртелешката со бел лебед
- Венче од жалфија
- Модел
- Ноќен мрак
- Часовникот бие од камбаната
- Птичјите гласови во круните на стеблата
- Во празната соба
- Песната на славејот
- Чадот на марихуаната
- И збогум
Посебно обележје на книгата е нејзиниот предговор, со наслов „Беа петмина“, напишан од Милан Кундера.[2]