Сиверт (симбол: Sv) — специјално име за изведената SI-единица (J/kg) во која се изразуваат одредени изведени величини во дозиметријата и заштитата од зрачење .

Именувана е по Ролф Сиверт, шведски медицински физичар познат по неговата работа во подрачјето на радијационата дозиметрија, радијационата заштита и истражување на биолошките ефекти на јонизирачкото зрачење.

Специјалното име сиверт кое ќе се користи за именување на изведената SI-единица (J/kg), е предложено од ICRU (Меѓународната комисија за радијациони единици) во 1977, а предлогот е усвоен од 16-та Генерална конференција на CIPM во октомври 1979 со резолуција бр: 5. Сивертот ја заменува старата единица rem

100 rem = 1 Sv.

Појаснување

уреди

Со цел да се избегне конфузијата околу употребата на сиверт, во 1984 година CIPM (Comité International des Poids et Mesures) го изгласа следното појаснување:

Величината дозен еквивалент претставува производ на впиената доза D на јонизирачко зрачење, бездимензионалниот фактор Q (фактор на квалитет) и факторот N (резултат на останати придружни фактори):

H = Q · N · D

Така за одреден тип на зрачење Н и D се разликуваат по вредност, иако и двете величини се изразуваат во J/kg.

Затоа за да се избегне ризикот од конфузија, D (впиената доза) се изразува со единица со специјално име греј (Gy), додека дозниот еквивалент се изразува со единица со специјално име сиверт ( Sv).

Изведени величини во радијационата дозиметрија и заштита

уреди

Изведените величини за потреби на радијационата дозиметрија и заштита се воведени од страна на ICRP (Meѓународна комисија за радијациона заштита) и прифатени од Меѓународното биро за мерки (BIPM) за да се измерат биолошките ефекти на јонизирачкото зрачење резултат на одредена впиена доза, измерена во грејови.

1. Дозен еквивалент

  • Амбиентален дозен еквивалент
  • Дирекционен дозен еквивалент
  • Персонален дозен еквивалент

2. Впиена доза од ткиво или орган

3. Еквивалентна доза

  • Очекувана еквивалентна доза

4. Делотворна доза

  • Очекувана делотворна доза
  • Колективна делотворна доза за население

Q вредности

уреди

Еве некои вредности за квалитативниот фактор:

N вредности

уреди

Еве некои N вредности за органи и ткиво:

И за други организми, поврзани со луѓето:

Извори

уреди
 
Оваа SI-единица е именувана по Ролф Сиверт. За сите SI-единици чии што имиња се изведени од правилното име на некоја личност, првата буква на нејзиниот симбол е голема буква (Sv). Но кога се пишува некоја SI единица со букви, треба секогаш да биде напишана со мала буква (сиверт), освен ако со неа започнува некоја реченица или пак претставува име, на пример „степен Целзиусов“.
- засновано на Меѓународниот систем на единици, Став 5.2.