Отвори го главното мени

Слезината или слезена (лат. lien) е орган на лимфниот систем. Таа претставува депо - орган и складира крв, а исто така ги отстранува изумрените црвени крвни зрнца. Сместена е на левата, горна страна од абдоменот, зад желудникот и под дијафрагмата. Има две страни од кои едната кон дијафрагмата, а другата кон стомачните органи на која се наоѓа влезен отвор. Од тука влегува слезенска артерија, а излегува слезенска вена.

Слезина
Visceral surface of Human Spleen.png
Човечка слезина
Illu spleen.jpg
Spleen
Податоци
Назнаки
ЛатинскиLien
Старогрчкиsplḗn–σπλήν[1]
MeSHA10.549.700
TAA13.2.01.001
FMAFMA:7196

Градба и функцијаУреди

Слезината е изградена од две различни ткива: бела и црвена пулпа.

  • Црвената пулпа - е местото каде што старите и оштетени црвени крвни клетки се отстранети од циркулација
  • Белата пулпа - е секундарно лимфоидно ткиво во кое лимфоцитите реагираат на патогените донесени со крвта.


НаводиУреди

  1. σπλήν, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, on Perseus Digital Library