Ролф Сиверт

шведски физичар, радиобиолог и професор

Ролф Максимилијан Сиверт (шведски: Rolf Maximilian Sievert; 6 мај 18963 октомври 1966) — шведски физичар и радиобиолог чиј најголем придонес е проучувањето на биолошките последици од јонизирачкото зрачење. Во негова чест е наречена единицата сиверт.

Ролф Сиверт
Rolf Sievert
Роден(а)6 мај 1896(1896-05-06)
Стокхолм, Шведска
Починал(а)3 октомври 1966(1966-10-03) (возр. 70)
Стокхолм, Шведска
НационалностШвеѓанец
Алма матер
Занимањемедицински физичар

Роден е во Стокхолм, во семејството на Макс и Софија Каролина Сиверт.[1]

Ја возглавувал физичката лабораторија во радиотерапевтска клиника „Радиумски дом“ (Radiumhemmet) од 1924 до 1937 г., а потоа ја држел катедрата по радиофизика во Каролинскиот институт. Одиграл основоположничка улога во мерењето на дозите на зрачење, особено во за цели на дијагноза и лечење на ракот. Во подноцнежните години се задржал на изучувањето на последиците од изложеноста на ниски дози на зрачење.

Во 1928 г. го основал Меѓународниот комитет за заштита од рендгенско и радиумско зрачење, и бил негов прв претседател; оваа установа подоцна прераснала во Меѓународната комисија за радиолошка заштита. Бил на чело на Научниот комитет за последиците од атомоско зрачење при ООН.[2]

Осмислил низа инструменти за мерење на дози на зрачење, од кои најпозната е Сивертовата комора.

Во 1979 г. SI-единицата за дозен еквивалент на јонизирачко зрачење го добила името сиверт (Sv) во негова чест, со одлука на Генералната конференција за тегови и мерки.

Поседувал голема збирка на инсекти, која денес е сместена во Ентомолошкиот музеј при Лундскиот универзитет.

Сиверт на работа во Радиумскиот дом, 1925 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Sekiya, M., Yamasaki, M., "Rolf Maximilian Sievert (1896–1966): father of radiation protection", Radiological Physics and Technology, 9, 1–5 (2016). Retrieved 2 July 2021.
  2. Clarke, R.H.; J. Valentin (2009). „The History of ICRP and the Evolution of its Policies“ (PDF). Annals of the ICRP. ICRP Publication 109. 39 (1): 75–110. doi:10.1016/j.icrp.2009.07.009. S2CID 71278114. Посетено на 12 мај 2012.

Надворешни врски

уреди