Светски куп во алпско скијање

Светскиот куп во алпско скијање е натпреварување во повеќе дисциплини во алпско скијање организирани од Меѓународната скијачка федерација (ФИС). Купот за прв пат се одржал во 1966 година,[1] и пролетта 1967 година по Конгресот на ФИС во Бејрут станал официјален настан во рамките на ФИС. Првата скијачка трка од Светскиот куп се одржала на 5 јануари 1967 година во Берхтесгаден, Западна Германија. Жан-Клод Кили од Франција и Ненси Грин од Канада биле првите победници во генерален пласман.

ПравилаУреди

Натпреварувачите се обидуваат да постигнат најдобро време во четири дисциплини: слалом, велеслалом, супер Г и спуст. Петата дисциплина, алпска комбинација опфаќа две трки во спуст и слалом. На почетокот на Светскиот куп имало само трки во слалом, велеслалом и спуст. Комбинациите биле воведени во сезоната 1974-75, а супервелеслаломот во сезоната 1982-1983. Сегашниот систем на бодување бил воведен во сезоната 1991-92. На секоја трка, поени се доделуваат на 30-те најдобри: 100 поени за победникот, 80 за второ место, 60 за трето, до 1 поен за 30-то место. Скијачот со најмногу поени на крајот од сезоната го освојува Купот и трофеј Кристален глобус со тежина од 9 килограми.[2] Награди се доделуваат и за секоја поединечна дисциплина заедно со помал (3,5 кг) кристален глобус.

Светскиот куп се одржува секоја година и се смета за врвно натпреварување во алпско скијање. Многумина сметаат дека Светскиот куп е повредна титула од Олимписките игри (кои се одржуваат на секои 4 години) или Светското првенство (се одржува на две години), бидејќи од натпреварувачот се бара да скија на исклучително високо ниво во неколку дисциплини во текот на сезоната, а не да победи на само една трка.[3]

Трките најчесто се одржуваат во скијачките центри на Алпите, со редовни трки и во Скандинавија, Северна Америка и источна Азија. Исто така, неколку трки се одржани на јужната полутопка. Натпревари од Светскиот куп се одржани во 25 земји: Австралија, Австрија, Андора, Аргентина, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Русија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и САД.[4] (Сите трки од Светскиот куп на кои домаќин била Босна се одржале кога таа сè уште била дел од Југославија.)

Победници во генерален пласманУреди

Список на сите освојувачи на Големиот кристален глобус во генералниот пласман на Светскиот куп во машка и женска конкуренција од првата сезона 1967 година до денес.

Година Мажи Жени
Име Држава Име Држава
1967. Жан-Клод Кили   Франција Ненси Грин   Канада
1968. Жан-Клод Кили (2)   Франција Ненси Грин (2)   Канада
1968/69. Карл Шранц   Австрија Гертруде Габл   Австрија
1969/70. Карл Шранц (2)   Австрија Мишел Жако   Франција
1970/71. Густав Тени   Италија Анемари Мозер-Прел   Австрија
1971/72. Густав Тени (2)   Италија Анемари Мозер-Прел (2)   Австрија
1972/73. Густав Тени (3)   Италија Анемари Мозер-Прел (3)   Австрија
1973/74. Пјеро Грос   Италија Анемари Мозер-Прел (4)   Австрија
1974/75. Густав Тени (4)   Италија Анемари Мозер-Прел (5)   Австрија
1975/76. Ингемар Стенмарк   Шведска Рози Митермајер   Германија
1976/77. Ингемар Стенмарк (2)   Шведска Лиз-Мари Мореро   Швајцарија
1977/78. Ингемар Стенмарк (3)   Шведска Хани Венцел   Лихтенштајн
1978/79. Петер Лишер   Швајцарија Анемари Мозер-Прел (6)   Австрија
1979/80. Андреас Венцел   Лихтенштајн Хани Венцел (2)   Лихтенштајн
1980/81. Фил Мер   САД Мари-Терез Надиг   Швајцарија
1981/82. Фил Мер (2)   САД Ерика Хес   Швајцарија
1982/83. Фил Мер (3)   САД Тамара Макини   САД
1983/84. Пирмин Цурбриген   Швајцарија Ерика Хес (2)   Швајцарија
1984/85. Марк Џирардели   Луксембург Микела Фиџини   Швајцарија
1985/86. Марк Џирардели (2)   Луксембург Марија Вализер   Швајцарија
1986/87. Пирмин Цурбриген (2)   Швајцарија Марија Вализер (2)   Швајцарија
1987/88. Пирмин Цурбриген (3)   Швајцарија Микела Фиђини (2)   Швајцарија
1988/89. Марк Џирардели (3)   Луксембург Френи Шнајдер   Швајцарија
1989/90. Пирмин Цурбриген (4)   Швајцарија Петра Кронбергер   Австрија
1990/91. Марк Џирардели (4)   Луксембург Петра Кронбергер (2)   Австрија
1991/92. Паул Акола   Швајцарија Петра Кронбергер (3)   Австрија
1992/93. Марк Џирардели (5)   Луксембург Анита Вахтер   Австрија
1993/94. Кјетил Андре Омот   Норвешка Френи Шнајдер (2)   Швајцарија
1994/95. Алберто Томба   Италија Френи Шнајдер (3)   Швајцарија
1995/96. Ласе Ќус   Норвешка Катја Зајцингер   Германија
1996/97. Лик Алфан   Франција Пернила Виберг   Шведска
1997/98. Херман Мајер   Австрија Катја Зајцингер (2)   Германија
1998/99. Ласе Ќус (2)   Норвешка Александра Мајсницер   Австрија
1999/2000. Херман Мајер (2)   Австрија Ренате Гечл   Австрија
2000/01. Херман Мајер (3)   Австрија Јаница Костелиќ   Хрватска
2001/02. Штефан Еберхартер   Австрија Михаела Дорфмајстер   Австрија
2002/03. Штефан Еберхартер (2)   Австрија Јаница Костелиќ (2)   Хрватска
2003/04. Херман Мајер (4)   Австрија Ања Персон   Шведска
2004/05. Боди Милер   САД Ања Персон (2)   Шведска
2005/06. Бенјамин Рајх   Австрија Јаница Костелиќ (3)   Хрватска
2006/07. Аксел Лунд Свиндал   Норвешка Никол Хосп   Австрија
2007/08. Боди Милер (2)   САД Линдзи Вон   САД
2008/09. Аксел Лунд Свиндал (2)   Норвешка Линдзи Вон (2)   САД
2009/10. Карло Јанка   Швајцарија Линдзи Вон (3)   САД
2010/11. Ивица Костелиќ   Хрватска Марија Риш   Германија
2011/12. Марсел Хиршер   Австрија Линдзи Вон (4)   САД
2012/13. Марсел Хиршер (2)   Австрија Тина Мазе   Словенија
2013/14. Марсел Хиршер (3)   Австрија Ана Фенингер   Австрија
2014/15. Марсел Хиршер (4)   Австрија Ана Фенингер (2)   Австрија
2015/16. Марсел Хиршер (5)   Австрија Лара Гут   Швајцарија
2016/17. Марсел Хиршер (6)   Австрија Микаела Шифрин   САД
2017/18. Марсел Хиршер (7)   Австрија Микаела Шифрин (2)   САД
2018/19. Марсел Хиршер   Австрија (8) Микаела Шифрин (3)   САД
2019/20 Александер Амод Килд   Норвешка Федерика Брињоне   Италија
2020/21 Алексис Пентиро   Франција Петра Влахова   Словачка
2021/22 Марко Одермат   Швајцарија Микаела Шифрин (4)   САД

НаводиУреди

  1. Lang, Serge (1986). 21 Years of World Cup Ski Racing. Johnson Books / James Wotton. ISBN 1-55566-009-6. Also available under ISBN 0-246-13116-0.
  2. „FIS NewsFlash, Edition 72, April 26th, 2006“. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2019-08-15.
  3. Lang, Patrick. „World Cup History: The FIS Alpine Skiing World Cup“. Посетено на 14 December 2008.
  4. „FIS: Complete Calendar of Alpine Ski World Cup Races“. Архивирано од изворникот на 30 July 2012. Посетено на 12 February 2012.