Сашко Соколов (Козле, Скопје, 25 февруари 1974Тетово, 16 август 2001) бил македонски бранител, припадник на Посебната единица на МВР и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 16 август 2001 година на пунктот кај стадионот во Тетово од терористички истрел од снајпер.[1]

Сашко Соколов
25.02.1974 – 16.08.2001 (27 г.)

Роден во:Скопје, Козле СР Македонија СР Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полицаец во редовен состав
Единици: ЕСЗ Тигар
ПЕП
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Животопис

уреди

Живот, војната 2001 и сведоштва

уреди
 
Сашо Соколов за време на војната во 2001 година

Сашко Соколов е роден на 25 февруари 1974 година во скопската населба Козле. Фамилијата на Сашо потекнува од село Покрајчево во Радовишко. Со љубов се определи и стапи во безбедносните сили на министерството за внатрешни работи. Завршува полициско училиште во Идризово. Имаше скоро единаесец години стаж, од што најмногу како специјалец. Кога започна војната во Македонија 2001 година, веднаш беше изспратен на терен. Најпрво во Куманово, а потоа секаде каде што беше најлошо и најопасно. Еден месец, токму кога беа борбите во Арачиново, покрај Саше, и помалиот брат беше во војската, како резервен резервист. Но, бидејќи двајца браќа не можат заедно да бидат на фронтот, помалиот син подоцна не го повикуваа во резервниот состав. Саше му забрануваше на брат му да се пријави одново како доброволец.

Често и збореше на мајката дека македонските безбедносни сили ќе победат, дека, како што кажал, ќе ги истераме терористите да се вратат на Косово и Албанија.[2] Колегите на Сашо го опишуваат како врвен специјалец. Ги имаше поминато сите обуки за врвен професионалец и еден од најдобрите снајперисти во единицата. Бил исто така многу храбар и цврст човек. Тој и во најтешките денови бил насмеан, па дури и кога бил ранет од шрапнели во Битката за Арачиново. Саше веќе имаше решение повторно да се врати во „Тигрите“ и многу се радуваше што ќе биде со своите пријатели и колеги во единицата за специјални задачи. Чекаше само да му дојде смена во Тетово и од следниот ден веќе да биде со „Тигрите“. Последниот ден кога беше дома, една недела пред да биде убиен, мајка му Лилјана му велеше да чека да биде префрлен во „Тигрите“. Саше и одговорил дека сега не е врем за да се седи дома, треба да се брани Македонија, при што се разделија малце налутени.

Смрт

уреди

Полицаецот Сашо Соколов (27) од Скопје, припадник на Посебната единица на МВР, загина во терористички напад на пунктот на силите за безбедност кај стадионот во Тетово. Во 16:30 часот двајца Албанци со трактор минале крај пунктот и не застанале и покрај наредбата на припадниците на силите за безбедност. Кога полицајците се обиделе да ги сопрат, Албанците извадиле пиштоли. Во истиот момент снајперист од објект во населбата Дреновец 1 го погодил полицаецот Соколов. Албанските терористи отвориле оган од рачни фрлачи и од стрелачко оружје врз пунктот. Борбата траела повеќе од половина час, а во престрелките загинале најмалку двајца терористи. Се пролеа неговата крв прекинувајќи ја младоста на Сашко во 27 година од животот на кој му се радуваше и очекуваше дека ќе му биде исполнет со многу убавини и среќни доживувања. Остана неженет. Сашко Соколов посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Наводи

уреди
  1. „Пушките стивнаа, терористите убиваат со снајпери!“. Дневник. август 2001. Посетено на 2015-08-30.[мртва врска]
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 192 – 195.
  3. „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-30.