Ката Видева

(Пренасочено од Ружа Брајковска)

Ката Видева Брајковска - Ружа ( 1922 во Ваташа — ) — македонски партизан, активист, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Повоен учител и носител на Партизанска споменица 1941 година.[1]

Животопис

уреди

Основно образование завршила во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Уште од младешки години се вклучила во редовите на младинското револуционерно движење, а член на СКОЈ станала во 1941 година. Работела како монополски работник во Кавадарци и е еден од учесниците во штрајкот на работниците на Тутуновиот монопол, поради што била отпуштена од работа на 3 јуни 1941 година. Во текот на 1942 и 1943 година заедно со ваташките младинци е вклучена во собирање на оружје и воен материјал и учествува во подготовките за исфрлање на партизански одред. Нивната куќа е една од најактивните илегални куќи во Ваташа.[1]

Борец во НОБ

уреди
 
Ката Видева е носител на Партизанската споменица 1941.

Убиствата кои биле извршени во Ваташа, како и апсењата и теророт што го спровеле бугарските фашисти во Тиквешијата, а кои својата кулминација ја имале на 16 јуни со свирепото и ѕверско убиство на дванаесеттемина младинци од Ваташа, не само што не го поколебале населението од овој крај, туку напротив го сплотиле, револтирале и охрабриле. Наместо да се исплашат од крвавиот злочин, по убиството на младинците уште петмина ваташани стапиле во редовите на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“ и тоа: Ката Видикова-Ружа, Блажо Чекоров-Ѓуро, Методи Џунов-Џико, Блаже Џунов-Млаѓо, Гичо Еленов и други.[2]

Во јули 1943 година станала борец во одредот „Добри Даскалов” и го добива псевдонимот „Ружа”. Таа е борец во баталјонот „Страшо Пинџур” и во Втората македонска ударна бригада, каде е член на единицата за извршување на специјални задачи. Со формирањето на Деветата македонска бригада, била назначена за заменик политички комесар на оваа партизанска единица и со неа учествувала во ослободувањето на Ваташа и Кавадарци на 7 Септември 1944 година. По војната работела како учителка во Тетово и Скопје.[1] Во Скопје била учителка во училиштето „Вера Циривири”.[3] Исто така била член на Претседателството на Конференцијата за општествена активност на жените на Македонија.[4]

Ката Видикова за своите заслуги во НОВ е носител на Партизанска споменица 1941 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 407–408. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Годишнина од стрелањето на 12. ваташки младинци“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-06-20.
  3. „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА СРМ-Решение за разрешување и именување членови на советите на вишите школи и педагошките академии во СР Македонија“ (PDF). www.slvesnik.com.mk. 18 декември 1965.
  4. „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА СРМ - Одлука за разрешување и именување претставници на општествената заедница во советот на Радио-Телевизија Скопје“ (PDF). www.slvesnik.com.mk. 8 јули 1981.