Перо Видев ( 1928 во Ваташа16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]

Перо Видев
Роден 1928 година
Ваташа
Починал 16 јуни 1943 година
Моклиште, Ваташа.
Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор
Националност Македонец

Животопис

уреди

Бил речиси дете со само 15 години, кога под влијание на своите другари со голема жар и ентузијазам се вклучил во редовите на напредното движење во своето село. Перо Видев членувал во скоевската група која ја раководел Пане Џунов, а во која членувале уште Пане Мешков, Ристо Ѓондев, Ванчо Гурев, Ката Видева, Станка Коцева и Трајанка Андова. Иако бил најмлад по возраст без приговор ги извршувал сите поставени задачи од страна на скоевската организација.[1]

Масакрот на ваташките деца

уреди
 
Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските сили.

На 16 јуни 1943 година (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) во раните утрински часови Перо Видев бил уапсен од страна на Бугарската полиција, која по ѕверското иследување во селската кафана на Васил Хаџи Јорданов, го застрелала него и неговите другари во месноста "Моклиште".[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 407. ISBN 978-608-4621-04-1.