Гичо Еленов ( 1917 во Ваташа — ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија.[1]

Гичо Еленов
Роден 1917 година
Ваташа
Националност Македонец

Животопис

уреди

Завршил основно училиште во Ваташа, а прогимназија во Кавадарци. Во редовите на прогресивно ориентираната младина се вклучил уште во 1936 година заедно со Тодор Велков, Димката Ангелов, Милан Даскалов и други. Во 1941 година делувал во една келија на КПЈ во која членувале: Ристо Џунов, Димката Ангелов, Тефо В'чков и Гичо Еленов.[1]

Тој заедно со уште неколкумина Ваташани положиле заклетва на 28 септември 1941 година во месноста „Раштани”, но поради низа околности тој одред не извел борбени дејствија. Во текот на 1942 и почетокот на 1943 година активно бил вклучен во прифаќањето и сместувањето на групата борци од одредот „Димитар Влахов” во атарот на Ваташа.[1] Убиствата кои биле извршени во Ваташа, како и апсењата и теророт што го спровеле бугарските фашисти во Тиквешијата, а кои својата кулминација ја имале на 16 јуни со свирепото и ѕверско убиство на дванаесеттемина младинци од Ваташа, не само што не го поколебале населението од овој крај, туку напротив го сплотиле, револтирале и охрабриле. Наместо да се исплашат од крвавиот злочин, по убиството на младинците уште петмина ваташани стапиле во редовите на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“ и тоа: Ката Видикова-Ружа, Блажо Чекоров-Ѓуро, Методи Џунов-Џико, Блаже Џунов-Млаѓо, Гичо Еленов и други.[2][3] Во партизани излегол на 29 мај 1943 година во партизанскиот одред „Добри Даскалов”, со кој учествувал во многу борбени акции. Во 1948 година бил уапсен како Информбировец и одлежал неколку години робија на Голи Оток.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 415. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. „Годишнина од стрелањето на 12. ваташки младинци“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-06-20.
  3. „Изрешетани, избодени, на некои вадени очи и сечени раце -76 години од стрелањето на ваташките младинци“. Посетено на 2024-06-25.