Блажо Чекоров
Блажо Чекоров - Ѓуро (2 март 1902 во Ваташа — 1990) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Носител на Партизанска споменица 1941 година.[1]
Блажо Чекоров | ||
Роден | 2 март 1902 година Ваташа | |
---|---|---|
Починал | 1990 година | |
Националност | Македонец | |
Познат | Македонски партизан, носител на Партизанска споменица 1941 и Орден заслуги за народ. | |
Мајка | Зара Аризанова | |
Маќеа | Ташка Аризанова | |
Син | Диме Чекоров | |
Ќерка | Ташка Чекорова-Манева |
Животопис
уредиСемејство и обрзование
уредиБлажо Чекоров, бил одгледан од неговата тетка Ташка Аризанова како посинок, но роден од мајката по име Зара (сестра на Ташка Аризанова), кој заради 15-те изгубени живородени деца ѝ е даден од Зара на Ташка на одраснување заради продолжување на родот. Ташка поради немањето среќа со сопствениот род, го оженила посинокот Блажо Чекоров уште на 17-годишна возраст за да дочека што побрзо внуци. Од 12 деца што му се раѓаат на Блажо Чекоров, шест умреле како мали. Меѓу шесте живи деца бил и Диме Чекоров, еден од настраданите ваташки младинци.[2]
Од образованието завршил 4 оделенија основно училиште во Ваташа и Кавадарци. За прв пат со револуционерните идеи се запознал во 1936 година кога на еден состанок со Страшо Пинџур во Ваташа било говорено за опасноста од фашизмот во светот. Во 1938 година активно пропагира за листата на Здружената опозиција заедно со Страшо Пинџур, Тодор Велков, Васил Димитров и други. Во партиската организација во Ваташа е вклучен во 1940 година заедно со Ристо Џунов. Поради неговиот бунтовен карактер и немирен дух, бил честопати затворан од властите на Кралството Југославија. Во 1942 година Блажо станал член на МК на КПЈ во Ваташа заедно со Ангел Ралев, Ѓошо Бојаџиев, Блажо Паракеов и Боро Ангелов.[1] Во 1942 година тој со поголема група ваташани се основачи на Задругата „Напредок” во Ваташа.[3] Во времето на престојот на велешките партизани како илегалци во атарот на село Ваташа, тој бил еден од најактивните во нивното сместување и снабдување со храна.[1] По стрелањето на неговиот син Диме, наместо да биде скршен, што и му било целта на бугарскиот окупатор, излегол во партизани, прво во одредот „Добри Даскалов“, потоа во баталјонот „Страшо Пинџур“ и на крајот станал дел од Втората македонска ударна бригада.[1][2]
По ослободувањето на Кавадарци бил распореден во доброволната милиција. За своето учество во НОВ и револуцијата 1941-1945 година бил награден со Орден заслуги за народ и Партизанска споменица 1941 година.[1] Доживувајќи длабока старост, починал во 1990 година.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 436. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Јорданоски, м-р Александар (16 јуни 2023). „За ваташкиот непребол…“. novamakedonija.com.mk.
- ↑ „По трагите на старите фотографии“. rtk.mk. Архивирано од изворникот на 2024-07-10. Посетено на 2024-07-10.