Раул Алехандро Окасио Руиз (роден на 10 јануари 1993 година), професионално познат како Рау Алехандро, е пејач и текстописец од Порторико. Наведен како „ Крал на модерниот регетон (латино-урбана музика)“,[2] тој припаѓа на „новата генерација“ на урбани музичари од Порторико.[3] Неговиот деби (прв) студиски албум, Afrodisíaco, бил објавен во ноември 2020 година. Неговиот втор студиски албум, Vice Versa, објавен во јуни 2021 година, го содржи водечкиот сингл „Todo de Ti“. Добитник е на две Латински Греми награди од дванаесет номинации.

Рав Алехандро
Рав Алехандро 2021
Рав Алехандро 2021
Основни податоци
Родено имеРав Алехандро
Роден(а)10 јануари 1993
Сан Јуан, Порторико
Жанр(ови)поп
регатон
латинска Р&Б
балади
Занимање/њапејач, текстописец
ИнструментиВокали
Години на активност2014-денеска
Продукциска куќа/ќи

Животот и кариерата

уреди

Раул Алехандро Окасио Руиз е роден на 10 јануари 1993 година во Сан Хуан, Порторико и израснал во Канованас и Каролина.[3][4] Неговиот татко, гитаристот Раул Окасио и неговата мајка, придружен вокал Марија Нели Руиз, го запознале со некои од неговите музички влијанија како Елвис Присли, Мајкл Џексон и Крис Браун.[5] Долги години, Алехандро и неговиот татко живееле во Соединетите Држави, главно во Мајами и Њујорк Сити, каде што добивал инспирација од жанровите R&B и денсхол.[6][7] Алехандро и неговиот колега Порториканскиот рапер Ануел АА , се пријатели од детството. Двајцата завршиле во исто училиште и заедно имале часови.[8][9] Како дете, Алехандро се натпреварувал во училишни талент натпревари бидејќи имал страст за танцување.[10] По завршувањето на средното училиште, тој се запишал на Универзитетот во Порторико. Од шестата година па сè до дваесеттата играл фудбал, но подоцна се откажал бидејќи не бил задоволен од својот перформанс и се повредил на 20-годишна возраст. Тој се преселил во Орландо, Флорида за да се обиде да биде скаутиран за да игра во Премиер Лигата за развој (ПДЛ), но на крајот не успеал.[9][11][12]

Откако го напуштил фудбалот, тој останал со низок степен на депресија, па за да го подобри своето расположение решил да се префрли на музичка кариера и почнал да објавува песни преку SoundCloud во 2014 година.[13] Во ноември 2016 година, тој го објавил својот деби (прв) микс со наслов Punto de Equilibrio .[13] Во јануари 2017 година, тој потпишал музички договор со Duars Entertainment.[14] Додека во 2018 година, тој бил избран од Sony Music Latin да биде дел од „Los Próximos“, музички проект каде се обидувале да привлечат нови музички таленти.[15] Музичкиот проект му помогнал да стане попознат. Како резултат на тоа други значајни уметници го забележале и станал дел во повеќе соработки како што се Кевин Ролдан и Кеа „Pa' Tu Casa“,[16] и „Luz Apaga“ од Ozuna, Lunay. и Лијано таа година.[17] Во декември 2017 година, тој го издал својот прв сингл како главен изведувач, насловен „Toda“ со Алекс Роуз. Се искачил на 29-то место на топ листите на Billboard најдобри латински песни во ноември 2018 година. Ремиксот на „Toda“ со Казу, Лени Таварез и Лајано бил објавен во мај 2018 година. Песната се покажала успешна, со спотот кој има над 1 милијарди прегледи на YouTube од ноември 2020 година. Во јануари 2019 година, тој го издал својот сингл „Que le dé“ со Ники Џем.[18] Во декември 2019 година, неговата песна „Fantasias“ со Фаруко се искачила на 12-то место на американската латино-табела, што е воедно и највисоката позиција што неговите песни ја достигнале на топ-листата, заедно со „Tattoo“. Двете песни останале на топ-листите во период од 20 недели, што е највисоко времетраење за една од песните на Алехандро досег.Ја освоиле наградата Латино Греми за најдобра урбана фузија/изведба во 2021 година.[19]

Деби албумот на Алехандро, Afrodisíaco, бил објавен на 13 ноември 2020 година. Му претходеле објавувањето на песните и музичките спотови, „Enchule“, ремиксот „Elegí“ и „Reloj“, со Ануел А.А.[20]

На 20 мај 2021 година, тој го издал „Todo de Ti“, кој се искачил на второто место на глобалната топ листа на Топ песни на Spotify. На 25 јуни 2021 година, тој го издал својот албум, Vice Versa , преку Sony Music Latin. Афродиако му придонел за номинација за најдобар музички албум Урбана на 64-тото доделување на Греми наградите.[21]

Уметност

уреди

Во музичкиот стил на Рав Алехандро спаѓаат латинско Р&Б, регатон, поп-музика и балади. Billboard вели дека ова му помогнало "го издвои од растечкиот број на музичари кои се занимаваат со поп-музика".[22] Тој на почетокот бил инспириран од Присли и Јаксон, а подоцна од Рики Мартин, Деди Јенки и Крис Браун.[23] Тој исто така ја спомнува Ciara како негова инспирација за музика.[24]

Личен живот

уреди

Од 2020 година е во врска со шпанската пејачка Росалија.[25][26] Двајцата работеле заедно на неговиот деби студиски албум, Afrodisíaco, кој бил објавен на 13 ноември 2020 година.[25]

Дискографија

уреди
  • Afrodisíaco (2020)
  • Vice Versa (2021)
  • Saturno (2022)

Филмографија

уреди
  • Sky Rojo (2023) [27]

Тури

уреди
  • Фантазијас турнеја (2020)
  • Светска турнеја Рау Алехандро (2021)
  • Турнеја Vice Versa (2022)
  • Светска турнеја Saturno(2023)

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Rauw Alejandro“. Sony Music Latin. Архивирано од изворникот July 6, 2020. Посетено на July 5, 2020.
  2. „Rauw Alejandro“. Euphoria (шпански). June 25, 2021. Архивирано од изворникот на December 14, 2021. Посетено на December 14, 2021.
  3. 3,0 3,1 Празен навод (help)
  4. Coca, Laura (April 14, 2020). „40 cosas sobre Rauw Alejandro, por Rauw Alejandro“. Los 40 (шпански). Архивирано од изворникот на November 28, 2020. Посетено на December 4, 2020.
  5. Del Toro, Jackeline (January 19, 2017). „Rauw Alejandro se lanza a la conquista "de las nenas" con su música“. Primera Hora (шпански). Архивирано од изворникот на February 9, 2019. Посетено на February 7, 2019.
  6. „Rauw Alejandro junto a Nicky Jam son la nueva sensación del verano“. Pronto (шпански). January 25, 2019. Архивирано од изворникот на February 9, 2019. Посетено на February 7, 2019.
  7. Rivera, Jose (January 25, 2019). „Entrevista Rauw Alejandro: "Siempre trato de mantener mi esencia en lo que hago". UMOMAG™ (шпански). Архивирано од изворникот на January 19, 2021. Посетено на December 4, 2020.
  8. „Interview: Rauw Alejandro Talks Debut Album 'Afrodisíaco'. idolator. November 18, 2020. Архивирано од изворникот на December 22, 2021. Посетено на December 4, 2020.
  9. 9,0 9,1 Празен навод (help)
  10. Villa, Lucas (November 19, 2020). „How Rauw Alejandro Blends R&B And Reggaetón As An Afrodisíaco“. MTV News (англиски). Архивирано од изворникот на November 30, 2020. Посетено на December 4, 2020.
  11. Lopez, Julyssa (March 12, 2019). „Rauw Alejandro is the Rising Artist Bringing Dance Showmanship to Urbano“. Remezcla. Архивирано од изворникот на August 11, 2020. Посетено на December 3, 2020.
  12. Alarcon, Jesus Triviño (April 19, 2019). „Rauw Alejandro Brings Dance to Latin Urban“. Tidal Magazine. Архивирано од изворникот на June 24, 2021. Посетено на December 4, 2020.
  13. 13,0 13,1 Rodríguez, Yomaris (July 6, 2018). „Rauw se abre paso“. El Vocero (шпански). Архивирано од изворникот на May 3, 2020. Посетено на February 7, 2019.
  14. „Rauw Alejandro lanza vídeo de su nuevo sencillo“. Primera Hora (шпански). November 21, 2018. Архивирано од изворникот на February 9, 2019. Посетено на February 7, 2019.
  15. Escribano Carrasquillo, Rosa (August 21, 2018). „Cepa de exponentes urbanos que promete“. Primera Hora (шпански). Архивирано од изворникот на February 9, 2019. Посетено на February 7, 2019.
  16. „Colaboración de Khea con Kevin Roldán“. CMTV Argentina (шпански). October 17, 2018. Архивирано од изворникот на February 10, 2019. Посетено на February 10, 2019.
  17. „Ozuna se une a nuevos exponentes del género en sencillo musical“. Diario Metro de Puerto Rico (шпански). November 19, 2018. Архивирано од изворникот на February 10, 2019. Посетено на February 10, 2019.
  18. „Rauw Alejandro lanza "Que le dé" con la bendición de Nicky Jam“. Billboard Argentina (шпански). January 30, 2019. Архивирано од изворникот на February 14, 2019. Посетено на February 14, 2019.
  19. Празен навод (help)
  20. C. Mahadevan, Tara (October 23, 2020). „Rauw Alejandro Enlists Anuel AA for New Video "Reloj". Complex. Архивирано од изворникот на December 22, 2021. Посетено на February 6, 2021.
  21. „2022 GRAMMYs Awards Show: Complete Nominations List“. Grammys.com. November 23, 2021. Архивирано од изворникот на November 25, 2021. Посетено на November 23, 2021.
  22. Празен навод (help)
  23. Jurek, Thom. „Artist Biography by Thom Jurek“. AllMusic. Архивирано од изворникот на December 16, 2021. Посетено на December 16, 2021.
  24. „Rauw Alejandro on #LevelUpRadio“. Facebook. Посетено на February 10, 2022. 'It's a pleasure to be talking with you. I'm a big fan. Thankyou for inspiring, y'know, males & females cuz' .... you've been killing the game for awhile & you're a superstar so it's an honor to be talking with you'
  25. 25,0 25,1 Празен навод (help)
  26. „Rosalía and Rauw Alejandro's relationship, in their own words“. Today. November 17, 2022. Посетено на January 24, 2023. Together since 2021
  27. Martínez, Kiko (February 11, 2022). „Rauw Alejandro To Star in Final Season of Netflix's 'Sky Rojo'. Remezcla. Посетено на February 13, 2022.