Подолски мост
Оваа статија или поднаслов содржи информации кои се однесуваат на очекувани или планирани настани. Содржи информации од шпекулативна природа, чија содржина може да значително да се измени како што ќе наближува моментот на случување на настанот. |
Подолскиот мост (украински: Подільський міст) е мост кој е во изградба и кој по неговата изградба ќе минува низ реката Днепар во престолнината на Украина, Киев.
Подолски мост Подільський міст | |
---|---|
Носи | Автомобилски |
Преминува | Днепар |
Место | Киев, Украина |
Особености | |
Најдолг распон | 344 м[1] |
Историја | |
Инженер | Григориј Фукс |
Почнат | 1993 |
Завршен | 2013(?) |
Отворен | во изградба |
Местоположба | |
Главен архитект е Георгиј Фукс. Самиот мост е вклучен во генералниот проект на Киев 2020 кој вклучува развој односно изградба на голем број урбанистички центри, посебно од областа на инфраструктурата. Во тој проект е вклучен и самиот мост.
Првите обиди за изградба на мостот датираат уште од 1987 година. Според одлуката за изградба на урбанистичкиот совет на 25 јули 1990 година, на 19 април 1993 година истиот проект бил одобрен и од страна на Киевскиот градски совет. Така, изградбата на мостот започнала во 1993 година, но главно поради недостатокот на финансиски средства конструкцијата била стопирена. Од 2003 година започнал нова иницијатива за негово градење.
Според проектот, мостот треба да биде долг 7,5 милји.
„Подолски мост“ на Ризницата ? |