Регетон ( Reggaeton) — вид латино-урбана музика. По огромната слушаност во 2004 година се прошири меѓу северноамериканската, европската и азиската публика. Регетон потекнува од Панама и дотогаш бил познат како реге на шпански. По постепеното појавување во јавноста и комерцијалното проширување во Порторико, на крај еволуираше во нов музички стил познат по името регетон. Регетон е мешавина од западно-индијанските музички видови какошто се реге, денсхол и сока, со оние од Латинска Америка, какошто се бомба, плена, салса, латино-поп и бачата, исто така и хип-хоп, современ РНБ и електронска музика. Но, составен дел на регетон е и рапување или пеење на шпански. Овој музички жанр се прошири во САД како резултат на големата латино-популација, како и во Латинска Америка. Иако се земаат елементи од хип-хоп и денсхол, регетон не е латино- верзија на овие жанрови, туку си има свој специфичен ритам, кадешто рапувањето го изведуваат артисти со латинско потекло. Специфичниот ритам што го карактеризира регетонот се нарекува “дем боу”. Името потекнува од насловот на денсхол песна од изведувачката Шаба Ранкс, којашто прва го прошири ритамот во раните 90-ти. Регетон претставува мешавина од многу различни музички жанрови и ритми кои потекнуваат од Карибите, Латинска Америка и САД. Меѓутоа овој жанр е тесно поврзан со Порторико, бидејќи тука се прошири и стана најслушан оригиналниот звук на регетон и од тука потекнуваат мнозинството изведувачи. Текстовите на песните се поблиски до хип-хоп и исто како хип-хопот, регетонот не помина без помалку контраверзии и критики, кои се должат на наводната експлоатација кон жените и до некоја мера на текстовите кои имплицираат насилство. Понатамошна контраверзија имаше и околу танцот “перео”, кој се изведува на регетон музиката и чии движења сугерираат на секс. Кога музиката и културата којашто ја претставуваше ниската општествена класа го достигнаа врвот на својата популарност, перео беше предмет на оваа национална контраверзија.

Историја уреди

Регетон за првпат се појави во Панама како реге на шпански. Панама беше првата земја која го промовираше раперот “Ел Генерал”, којшто изведуваше реге на шпански. Музиката продолжи да се развива и еволуира во Порторико, кадешто постана регетон. Регетон започна како адаптација на регето на шпански јазик, бидејќи во првата половина на 20 век работниците од Јамајка работеле на изградбата на Панамскиот Канал. Афро-Панамците снимале и изведувале реге на шпански јазик уште од 70-тите. Изведувачи какошто се Ел Генерал, Чикоман, Нандо Бум, Ренато и Блек Апаше се сметаат за првите регетон Ди-Џеи од Панама. Ел Генерал, којшто направи латино верзија од регето многу често го нарекуваат “татко на регетонот”. Воообичаена работа беше да се преведуваат текстовите на песните на шпански и да се препеваат на оригиналната мелодија, уште познато како “шпанско реге” или “реге на шпански”. Во меѓувреме,во родното Порторико раперот Вико Ц издаде хип-хоп хитови на шпански. Издавањето на касети во 80-тите, на кои се миксаше реге и хип-хоп, помогна при проширувањето на раниот звук на регетон и поради ова достигнување, тој е доста ценет и пошироко. Движењето на “шпанското реге” во латиноамериканските општества на Карибите и во урбаните центри на САД, помогна да се зголеми популарноста на овој музички жанр. Истовремено, хип-хопот и регето во Порторико земаа голем замав, како резултат на “увозот” на реге од Јамајка. До средината на 80-тите, порториканците создаваа сопствени ритми со ефекти од хип-хоп и други жанрови. Овие ритми се сметаат за првите оригинални регетон-траки, коишто најпрвин биле наречени “андер” (или “подземни”) , кратенка од “андерграунд “. Додека за ова карипската и афроамериканската музика ги добиваше своите заслуги во Порторико, реге- рапот на шпански ги обележа почетоците на “бориква” андерграунд рапот , кој стана начин на изразување на милиони млади луѓе. Ова создаде невидлива, но истовремено и доста значајна андерграунд култура на младите, која тежнееше кон изразување преку реге-рап на шпански. Како младинска култура, којашто беше на дното на општеството и на врвот на криминалните активности, многу често беше критикувана од јавноста. Порториканската полиција вршеше рации против андерграунд рапот со тоа што конфискуваше касети од музичките продавници во согласност со казнените кодови за непристојност, и со изречување на казни и деморализација на раперите преку медиумите. Терминот “андерграунд” доаѓа од хип-хоп дискурсот и ги поврзува андерграунд артистите со тоа што внесува самоидентификација, која одбива комерцијализација на музиката. Но, во Сан Хуан не се однесуваше на автентичност или идеологија, туку буквално се работеше за подобар пласман на пазарот. “Андерграунд” музиката циркулираше преку неформални извори, копирана од касета на касета, сè до средината на 90-тите. Во тоа време Ди-Џеј Плејеро беше еден од најпознатите андерграунд продуценти, кој издаде неколку касети, што вклучуваа изведби на артисти, кои подоцна стануваа славни, како што е на пример Деди Јенки. Со комбинирањето на панамското реге со елементи од денсхол, хип-хоп и многу други латиноамерикански музички жанрови, се поставија основите на регетон во Порторико. Жанрот се развиваше со текот на годините и во одредени периоди беше нарекуван “мелаза”, “андерграунд музика” и “дем боу”. Последното име потекнува од специфичната мелодија на регетон: “Дем Боу” (се пишува “Dem bow”), ритам кој во главно се состои од удирање барабан и денес се користи скоро во сите регетон песни. Овој ритам го произведе продуцентот од Јамајка, Боби “Дигитал” Диксон, а го изведоа Стили & Клеви. Првенствено, ритамот стана познат во 1991 преку песната “Dem Bow” од денсхол пејачката од Јамајка- Шаба Ранкс. Песната и ритамот постигнаа постигнаа поголема популарност кај латиноамериканците , кога панамскиот артист Ел Генерал ја издаде песната “Son Bow” во 1991, шпанската верзија на “Dem Bow”, при тоа користејќи ја истата мелодија. Важно е да се спомне дека ниту Шаба, ниту пак Ел Генерал пееја регетон, бидејќи жанрот и неговиот назив сè уште не беа создадени. “Dem Bow” беше само една од песните од албумот на Шаба, со тоа што Ранкс не испеа друга значајна песна во која беше застапен “дем боу” ритамот. Меѓутоа, влијанието на оригиналниот ритам на Боби Дигитал не може да се порекне и сè уште многу често се одразува на модерниот регетон, како и на оригиналната ритмична структура.

Скок кон популарноста уреди

Регетонот се прошири и стана познат кога другите продуценти, какошто се Ди Џеј Нелсон и Ди Џеј Ерик, започнаа да ги следат стапките на Ди-Џеј Плејеро. Во раните 90-ти, албумите какошто се“ Pleyero 37“, (со кој Деди Јенки стана познат) и The Noise: Underground, The Noise 5 и The Noise 6, станаа доста популарни во Порторико и Домениканската Република. пејачи како Дон Чезина, Темпо, Мастер Џо & О. Г. Блек, Бејби Раста & Гринго и Лито & Полако и многу други беа доста популарни. Името регетон се здоби со значајност во средината на 90-тите (од 1994 до 1995), со ритамот “дем боу” како главна одлика на жанрот; што е во спротивност на претходните траки, кои потекнуваа од реге, денсхол и хип-хоп. Името доаѓа од Порторико и го означува живиот звук и го издвојува од дотогашното шпанско реге, создадено во годините кога се миксаа различни музички жанрови. Денес, музиката зема замав низ цела Латинска Америка. Популарноста на регетон се зголеми со латино-младината во САД и со соработката на Ди-Џеј Блас, План Б и Спиди во албумот Reggeaton Sex.

2004: Година на светска слава уреди

2004 е годината кога регетонот се здоби со поширока популарност во САД и Европа. Тего Калдерон веќе доминираше на етерот во САД и стана доста популарен кај младината. Оваа година албумот на Деди Јенки “El Cangri.com” беше доста слушан и во САД; Луни Тунс со “ Noriega’s Mas Flow” беше добро прифатен и Kilates, La Mision, Јага и Маки со “Sonado Diferente”, Тего Калдерон со “ El Abayarde” , Los Homerunes- Деди Јенки, Desafio, Motivando a la Yal од Зион и Ленокс, La Conspiracion и многу други беа исто така прилично популарни. Малку подоцна, во 2004 раперот Н.О.Р.Е го издаде својот хит “Oye Mi Canto” со Нина Скај и Деди Јенки, кој ги скрши сите културолошки и јазични бариери. Потоа, откако Деди Јенки го издаде својот албум Barrio Fino, неговиот мега хит “Gasolina”, се прошири и го претстави регетонот на светот. Тего Калдерон ја зголеми популарноста на регетон со неговите хитови “Pa Que Retozen” и “Guasa Guasa”. Друг важен изведувач е и Дон Омар кој придонесе за растечката популарност на регетонот, неговите хитови “Pobre Diabla” и “Dale Don Dale” беа особено популарни во Европа. Други познати артисти се: Алексис & Фидо, Ангел & Криц, Нина Скај, Ники Џем, Зион, РКМ & Кен-Уај, Волтио, Каје 13, Хектор “Ел Фатер”, Ајви Квин, Висин & Јандел и Тито “Ел Бамбино”. При крајот на 2004 и почетокот на 2005, Шакира ја сними “ La Tortura” и “La Tortura – Shaketon Remix” од нејзиниот албум “ Fijacion Oral vol. 1” ( Oral Fixation vol. 1) што придонесе за уште поголема слава на регетон во Северна Америка, Европа и Азија.

2006 – До денес: На врвот на топ-листите уреди

Во Мај 2006 албумот на Дон Омар “ King of Kings” влезе во историјата на највисоко рангирани регетон-албуми, меѓу првите 10 на топ листите во САД, со дебито беше бр. 1 на топ-листите за латино-албуми и бр.7 на листата за албуми Bilboards 200. Исто така се здоби со првото место на Bilboard Latin Rhythm Radio Chart со песната “Angelito”. Дон Омар успеа и да го собори рекордот за најпродавани хитови во музичката продавница на поп- ѕвездата Бритни Спирс, “Downtown Disney’s Virgin Music“, што понатаму придонесе за уште поголема популарност во САД. Во 2007та се промовираа нови хитови на Деди Јенки од албумот “El Cartel III: The Big Boss“, обајвен во јуни, кој оствари нов рекорд за најпродаван регетон-албум на неделата, со 80, 000 продадени копии. Беше број 1 на топ-листите за латино и рап албуми, со тоа што беше првиот регетон албум кој го достигнал првото место на рап топ-листите. Исто така го достигна 9тото место на топ листата Billboard 200, со достигнување на втор највисоко рангиран регетон албум на главните чартови. Албумот кој беше на трето место истата година, беше “Wisin vs. Yandel: Los Extraterrestres“ на Висин & Јандел, кој дебитираше на 14то место на Billboard 200 и бр.1 на топ латино –албуми. Во 2008 регетонот ја докажа својата моќ со ново трето место на најпродаван деби-албум, со издавањето на саундтракот Talento de Barrio на истоимениот филм на Деди Јенки, кој дебитираше на 13то место на Billboard 200, со што го помести Wisin vs. Yandel: Los Extraterrestres за едно место подолу. Достигна и прво место на топ листите за латино-албуми, бр. 3 на Billboard’s Top Soundtracks и бр.6 на топ рап-албуми. Во 2009 Висин & Јандел го издадоа албумот La Revolution, кој дебитираше како број 7 на Billboard Hot 100, што го поистовети со највисоко рангираниот регетон-албум King of Kings.

Музички одлики уреди

Дем Боу уреди

Дем Боу ритамот беше откриен и произведен од ди-џеите во Јамајка во доцните 80-ти и раните 90-ти. Идејата за формата на “удирање” во дем боу не можеме да ја бараме кај еден продуцент, затоа што самиот ритам беше делумно под влијание на реге и други видови на западно-индијанска музика, какошто е сока, кои од една страна, му даваат на дем боу малку од карипската природа. Стили & Клеви, создавачите на поко-ритамот, најчесто ја добиваат заслугата за создавање на дем-боу ритамот. Дем боу ритамот за првпат беше истакнат во песната “Dem Bow” од изведувачката Шаба Ранкс. Мелодијата на Дем Боу, т.е. удирањето на тапанот се изведува со електронски тапани. Откривањето на електронските тапани во доцните 70-ти предизвика револуција во денсхол музиката и многу продуценти ги користеа за создавање на различни денсхол ритми. Главната одлика на регетонот е дем боу. Кога се вметнува во регетонот, исто така вклучува и други ритми какошто се Бам Бам, Поко, Фивер Пич и Биг Ап. Како резултат на ова, многу често се користат различни видови на ритми за создавање на дем боу. Какошто се развиваше регетонот, истото се случи и со ритамот и многу од поновите регетон-хитови вклучуваа полесна и електронска мелодија, различна од онаа на дем-боу. Примери за ова може да се слушнат во песните “Permitame” и “Pa’ que la pases bien”.

Текстови и теми уреди

Текстовите на регетон се слични на хип-хоп текстовите. Исто како хип-хоп артистите, повеќето регетон изведувачи ги рецитираат нивните текстови, иако претходните регетон-песни се изменети во оние што се денес. За разлика од хип-хопот, голем процент од изведувачите кои се исто така и пејачи, се случува да вметнат рапување и пеење и да имаат “уличен” имиџ како Ејкон. Како и хип-хоп музиката, регетон песните имаат мелодичност која се повторува. Регетонот започна како музички жанр, кој се состоеше претежно од машки изведувачи, а многу малку женски, кои дебитираа низ годините. Највидни женски изведувачки се Ајви Квин, Меј Видал, Адаса, Ла Систа и Глори. Текстовите на песните можат да бидат многустрани. Најчестите теми зборуваат за секс, танцување, љубовни приказни, забави, кратки анегдоти од животот на раперите и за проблеми во животот. Песните се игриви, ритмични, забавни и наменети за млади луѓе. Регетонот може да е и да не е секогаш објективен, во зависност од изведувачите и од толкувањето на слушателот, бидејќи значењето на песната не секогаш е толку јасно и директно; многу од песните се метафорични. На пример, песната “Gasolina“ се смета дека е соодветна и за деца, но поради различните конатации и толкувања, е критикувана дека има несоодветна сексуална содржина. Вообичаена тема во регетонот е латино-идентитетот, којшто музички е изразен преку текстовите и визуелно. Обично, регетон це –деата не се со експлицитна содржина, за разлика од хип-хоп албумите. Исклучок е албумот на Деди Јенки “Barrio Fino en Directo“ (Barrio Fino Live), кој беше оценет како експлицитен заради содржината ( и за несоодветниот јазик на Снуп Дог во песната “Gangsta Zone”), иако вистинската верзија на “Barrio Fino“ не беше именувана како експлицитана. Изведувачите Алексис & Фидо успеаа да ги одбегнат цензурите на радио и телевизија со тоа што користеа сексуални инсинуации и текстови со двосмислено значење во нивната музика. Некои песни предизвикаа загриженост во врска со описот на жените во нивните текстови.

Регетонот низ светот уреди

Латинска Америка уреди

Регетон е многу популарен во земјите во Латинска Америка, какошто се Хондурас, Панама, Колумбија, Домениканската Република, Куба и Венецуела. Регетон постана составна музика на многу забави и настани, надополнувајќи се со микс од меренге, салса и електронска музика и се здоби со огромна маса на обожаватели. Некои земји какошто се Перу со Ем Си Франсиа, Лос Ти Ен Ти и Мистер Фреш, Венецуела со Дабл Импакто, Хондурас со Ди Џеј Сај и Ел Салвадор со Хеви Клан и Гватемала со Дуал Ц, се прославија со тоа што го проширија латинскиот дух во жанрот. Во некои латински земји какошто е на пример Куба, каде вредностите и јазикот се битен дел од музиката, има критични реакции за растечката популарност на регетонот. Наводно, овој јаз постои меѓу членовите на кубанската хип-хоп заедница. Според британскиот музички лектор Геоф Бејкер, многу критичари тврдат дека текстовите не опишуваат секс, играње и самиот пејач во вакви слични комбинации. Бејкер верува дека, бидејќи регетон има привразаност со многу карипски и јужноамерикански земји, видно ја засенува кубанската форма и варијација на музика, какошто е кубанскиот хип-хоп, иако хип-хопот е музички жанр од Северна Америка.

Куба уреди

Откако регетонот стана и светски познат во 2004, музиката стана популарна и во Куба. Неочекуваната слава ги изненади кубанските офицери во 2009, кога “Reggeaton a lo Cubano“ стана главен избор на музика меѓу урбаната кубанска младина, особено во Хавана.

Панама уреди

Шпанското реге се разви како резултат на емиграцијата од Јамајка во Панама, поради градбата на Панамскиот Канал. Многу од емигрантите од Јамајка имале намера да се вратат, но добар дел од нив останале, се асимилирале и станале дел од културата. Во меѓувреме, во 70-тите, панамците какошто е на пр. Ел Генерал, започнаа да преземаат реге песни и ритми и да ги препеваат на шпански јазик. Ги забрзаа реге-ритмите и додадоа хиспаник и латино елементи. Музиката продолжи да се развива во 80-тите со многу ѕвезди во Панама. За Ел Генерал се вели дека е “татко на регетонот” поради неговиот уникатен звук со латино ритми. Тој се повлече од музичката индустрија во 2004 и оттогаш е посветен на помагање на запоставените панамски деца. Денес, регетон-индустријата напредува во Панама; артисти какошто се Џои Монтана, Ла Факториа, Еди Лавер, Флекс, Фито Бланко и Макано се здобија почит и популарност.

Порторико уреди

Регетонот потекнува од пост-салса музиката на младата генерација на 80-тите и 90-тите во Порторико. Пред да го достигне врвот на популарноста во средината на 90-тите, младите улични артисти, кои биле под силно влијание на хип-хопот од источниот брег и Ди Џејството, рапуваа на касети. Од овој реге-рап, создаден под влијание на хип-хопот, се разви панамското реге, коешто на крај се претвори во регетон. Овој нов жанр беше наречен “андерграунд”. Се состоеше од многу експлицитни текстови за дрога, насилство, сиромаштија, хомофобија, пријателство и секс. Овие вообичаени теми, кои во повеќето случаи ги отсликуваат проблемите на урбаниот живот, денес сè уште можат да се сретнат во регетонот. “Андерграунд” музиката се снимаше во “ marquesinas” (отворени порторикански гаражи) и касетите се дистрибуираа на улиците. Овие гаражи беа клучен дел за развојот на “андерграунд” музиката и се должеше на стравот на владата дека ќе ја изгуби “способноста за манипулирање на вкусовите”. Местава се наоѓале во комплекси на живеалишта, како што се Виља Кенеди и Хурутунго. И покрај тоа што биле снимани на вакви места во Порторико, поголемиот дел од снимките беа со висок квалтет, што помогна за зголемување на популарноста кај младината, не само кај оние од ваквите населби, туку и кај младите од средната и повисоката класа. Достапноста и квалитетот на овие касети доведоа до голема популарност на жанрот, рушејќи ги сите социјално-економски бариери на музичката сцена во Порторико. Најпознатите касети во раните 90-ти беа на Ди Џеј Негро – The Noise I и “The Noise II“ и Ди Џеј Плејеро со “#37“ и“ #38“. Овие касети, кои го проширија жанрот од гетата во останатите делови на општеството, особено во приватните училишта ги сними Герардо Крует . До средината на 90-тите “андерграунд“ касетите се продаваа во музичките продавници. Регетонот ја придоби средната класа и се проби низ медиумите. До тогаш во Порторико веќе беа отворени клубови во кои се пушташе андерграунд. Најпознати се клубовите “Rappers”во Каролина и клуб “Playmakers” Пуерто Нуево . Дем Боу -траката на Боби “Дигитал“ Диксон беше пуштана во клубовите, иако тоа не беше првичната намера за регетонот. Андерграунд- рапот во Порторико се соочи со строги критики. Во Февруари 1995, се покрена кампања спонзорирана од владата против андреграунд музиката и нејзините културолошки влијанија. Полицијата на Порторико пушти 6 рации во музичките продавници во Сан Хуан, од кадешто беа конфискувани стотици касети и беа изречени казни (во согласност со законите 112 и 117 против непристојност). Министерството за образование го забрани “вреќестото“ облекување и андерграунд рапот во училиштата. Во наредните неколку месеци, после рациите, локалните медиуми ги тероризираа раперите, тврдејќи дека се “нарушувачи на јавниот ред“. Департманот за морал во медиумите побара од локалните власти да интервенираат и да ја забранат продажбата на андерграунд музиката, што доведе до барање да сите локални продукции ја носат етикетата за“ родителски надзор“. Во 1995 год Ди Џеј Негро го издаде албумот“ The Noise 3“, со етикета која гласеше“ не-експлицитни текстови“. Во албумот немаше пцуење. Беше хит и музиката и понатаму продолжи да се движи кон мејнстримот. Сенаторката Велда Гонсалес од Демократската партија и медиумите продолжија да гледат на движењето како пречка во општеството. Во средината на 1990 г. порториканската полиција и националната гарда ги конфискуваа касетите и це деата , со обид да дојдат до “непристојните“ текстови и да ги оттргнат од рацете на потрошувачите. Училиштата исто така забранија хип-хоп стил на облекување, со цел да го оттргнат влијанието на регетонот од образованието. Во 2002 сенаторката Велда Гонсалес воведе јавни сослушувања со обид да ја регулира вулгарноста во текстовите и переро танцот, кој е тесно поврзан со жанрот. Иако се покажа дека ова не се одразува негативно на мислењето на јавноста, сепак предизвика загриженост кај владата и кај повисоките општествени класи за се што музиката претставува. Поради тоашто многу често беше критикуван заради сексуалната содржина и бидејќи е создаден во сиромашни урбани заедници, средната и високата општествена класа, гладаа на регетон како закана за општествениот ред, неартистична, аполитичка и женомразечка. И покрај сите контроверзии, регетонот беше прифатен како дел од културата на Порторико, па дури и сенаторката Велда Гонсалес го користеше на изборните кампањи во 2003 да се обрати кон младината. Денес, популарноста на регетон е уште поголема поради учеството во поп културата, вклучувајќи ја и рекламата за Пепси од 2006 со Деди Јенки. Други примери за промена на музичкиот пристап кон населението во Порторико, можат да се забележат во некои текстови што се напишани под влијание на религија и образование. На пр. “Reggae School” е рап-албум, издаден со цел да ги подучува децата математика, нешто слично како “School House Rock“. И покрај тешката економска ситуација во Порторико, регетон-ѕвездите успеаа да достигнат огромна слава, не само како светски ѕвезди, туку и како локални стопанственици; за ова сведочат продукциските куќи на истоимените пејачи: Flow Music на Ди Џеј Нелсон, El Cartel Records на Деди Јенки и WY Records на Висин и Јандел. Преку продукција инспирирана од хип-хопот во САД и заснована на политички движења, музиката постана уметничко “возило“, кое патуваше низ светската популарност, што е сосем спротивно од претходната репутација на срамен андерграунд производ на урбаната младина.

САД уреди

Со помош на Н.О.Р.Е, рапер од Њујорк и неговиот хит “Oye Mi Canto” од 2004 со Нина Скај, Деди Јенки и Тего Калдерон, регетонот брзо се здоби со популарност во САД. Деди Јенки го задржа вниманието на големите хип-хоп имиња со неговата песна “Gasolina”, што му помогна да го раздвижи стилот ширум државата. Во 2004, радиото XM го лансираше каналот Fuego (XM), на кој се пушташе исклучиво регетон. Меѓутоа, XM радиото го отстрани каналот во декември 2007 од ресиверите, но сè уште може да се отвори на мрежното место XM Satelite Radio. Музиката ја потпомагаше фондацијата за модерен латиноамерикански радио-феномен, позната под името “Хурбан“, комбинација од зборовите “хиспаник“ и “урбан“, којашто беше користена за да ги врати влијанијата на хип-хоп и латиноамериканската музика. Регетонот, којшто е формиран од хип-хоп и реге, им помогна на латиноамериканците да придонесат за урбаната американска култура, но при тоа, во секој поглед да си го зачуваат шпанското наследство. Музиката се поврзува со многу социо-економски проблеми кои се случувале во Америка, какошто е дискриминацијата на раса и и пол, што е цврсто поврзано со хип-хопот и до денес. Андерграунд клубовите, младината во гетата и великаните во хип-хопот, учествуваа во пробивањето на музиката до врвот на топ листите.

Европа уреди

Регетонот стана исто толку познат во Европа како што беше и во Латинска Америка. Меѓутоа, има големо влијание на латиноамериканските емигранти и на населението во Шпанија. Шпанскиот концепт “La Cancion del Verano” (Песна на Летото), кој се состои од одредена песна или пак две, кои го одредуваат расположението на сезоната, според шпанските медиуми е причина за зголемување на популарноста на регетонот. Такви песни се “Papi Chulo (Te Traigo el Mmm)” од панамскиот рапер Лорна во 2003, “Baila Morena” од Хектор & Тито и “Gasolina”од Деди Јенки во 2005. Порториканските и панамските регетон-изведувачи често прават турнеи и држат концерти низ Шпанија .