Роман Слаткопевец

(Пренасочено од Роман Мелод)

Свети Роман Слаткопевец, исто така, Романос Мелодос или Роман Мелод (околу 490, Емеса - по 555, Константинопол) — византиски химнограф, композитор и ѓакон.

Роман Слаткопевец
Икона на Роман Слаткопевецот (1649)
Слаткопевец
Роден(а) Доцен 5-ти век[1], Емеса
(денес Хомс, Сирија)
Починал(а) По 555[1], Константинопол
(денес Истанбул, Турција)
Почитуван(а) во
Слава 1 октомври (14 октомври според јулијанскиот календар)[2]
Обележја Млад човек облечен како ѓакон, стои на подигната платформа среде црква, држејќи свиток на кој е испишан неговиот кондак за Рождеството Христово. Околу него се патријархот, царот и членовите на конгрегацијата. Неговата икона често се комбинира со иконата на Покровот на Пресвета Богородица, чиј празник е во ист ден.

Понекогаш е претставен како ѓакон кој во десната рака држи кадилница, а во левата мала макета на црква.

Заштитништво Музика

Животопис

уреди

Главен извор за неговиот живот е минеј за октомври. Покрај тоа, само два други древни извори го спомнуваат неговото име, патријархот Свети Герман Константинополски во 8 век и речникот Суда, каде што е идентификуван како „Романос Мелодос“. Од овие извори дознаваме дека тој бил роден во еврејско семејство во Емес (денешен град Хомс) или во Дамаск, Сирија. Бил крстен на рана возраст, но не се знае дали и неговите родители го прифатиле христијанството. Отишол во Берит (денешен Бејрут), каде што бил ракоположен за ѓакон во црквата „Воскресение“.

За време на царот Анастасиј I, отишол во Константинопол. Овде почнал да служи како сакристан во црквата Света Софија. До крајот на животот престојувал во манастирот Кирос, каде што бил и погребан.

Предание

уреди

Според преданието, Роман првично не се сметал за надарен чтец или певец. Меѓутоа, цариградскиот патријарх го сакал поради неговата голема понизност.

Еднаш, околу 518 година, кога служел во храмот на Пресвета Богородица Блахерна за време на целоноќното бдение на празникот Рождество Христово, добил задача да чита стихови од псалтирот. Читал толку лошо што друг чтец морал да го замени. Некои од пониските свештеници му се потсмевале на Роман поради тоа, а тој понижен седнал во хорот. Обземен од замор и тага, набрзо заспал. Додека спиел, му се јавила Богородица со свиток во раката. Таа му рекла да го изеде свитокот. Откако го изел свитокот во сонот, се разбудил. Откако се разбудил, патријархот го испратил на амвон и Роман почнал да го пее својот познат кондак за Рождеството Христово. Царот, патријархот, свештенството и целата конгрегација биле под силен впечаток од длабоката теологија на химната и од чистиот и звучен глас на Роман. Според традицијата, тоа бил првиот кондак што некогаш бил испеан. На иконите Покров на Пресвета Богородица честопати е прикажана сцената на првото претставување на Роман.

Дело

уреди

Роман пишувал на наречјето коине на старогрчки.

Се кажува дека составил повеќе од илјада химни или кондаци со кои се прославувале различните празници во литургиската година и житијата на светителите. Зачувани се околу 60-80 химни, но можеби, не сите од оние што му се припишуваат се изворни.

Најраните ракописи од неговите дела се датирани со векови по неговиот живот, и се слични на оние на неговите наследници Андреј Критски и Касија. Најстарите изданија на целокупните текстови се датирани до 11 век.

Денес, за време на богослужбите се пее само една строфа од секој кондак, а целата химна е заменета со канон.

Неговите познати дела вклучуваат кондаци:

Неговиот кондак Рождество Христово се смета за негово ремек-дело, а до 12 век се пеело на празникот на царските банкети од хоровите од Света Софија и Храмот на Светите апостоли.

Тој е еден од многуте личности заслужни за компонирањето на познатиот акатист во чест на Богородица, кој и денес се пее за време на Великиот пост.

Германскиот научник Карл Крумбахер објавил во Минхен неколку досега необјавени дела на Роман кои биле откриени во манастирот Свети Јован Богослов на островот Патмос.

Почит

уреди

Како светец тој е почитуван од Православната, Римокатоличката и Ерменската апостолска црква.

Неговиот празник се слави на 1 октомври (14 октомври, според јулијанскиот календар).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Engberg 2001.
  2. (на грчки) Great Synaxaristes: Ὁ Ὅσιος Ῥωμανὸς ὁ Μελῳδός. 1 Οκτωβρίου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.

Надворешни врски

уреди